КАФЕ ПАУЗА

Tag: надуеност

  • 10 намирници што визуелно го намалуваат стомакот

    10 намирници што визуелно го намалуваат стомакот

    Не е лесно да се контролира желбата за нездрави грицки кога се обидувате да ја одржите вашата тежина под контрола. Но, не се сите видови храна лоши за вашата линија. Избегнувајте некои вообичаени замки за да ја спречите надуеноста и да го намалите обемот на струкот.rnrn10 намирници што визуелно го намалуваат стомакотrnrn1. Бадемите се богати со витамин Е, кој е одличен за младешки изглед на кожата и се богати со протеини и омега-3 масни киселини. Избегнувајте индустриски посолени бадеми бидејќи солта предизвикува надуеност и ограничете го внесот на максимум 20 парчиња.rnrn2. Чаша чај од нане, ѓумбир или камилица е одличен „отстранувач“ на гасовите, кои може да се насоберат во телото и визуелно да го зголемат обемот на стомакот.rnrn3. Слаткото овошје како јаболката и грозјето предизвикуваат надуеност, па затоа е подобро да го замените со јагоди, малини и грејпфрут. Ова овошје содржи вредни хранливи материи и антиоксиданти кои го штитат организмот од разни болести, а содржат и многу вода.rnrn4. Аспарагусот има ефект на пробиотик што го стимулира варењето на храната и ги чисти цревата. Во 100 грама аспарагус има само 35 калории, па можете да уживате во овој специјалитет без двоумење.rnrn5. Шолја грчки јогурт со малку маснотии и со малку бобинки е добра комбинација за ужинка, но и одличен извор на пробиотици кои го штитат здравјето на дигестивниот тракт.rnrn6. „Измамете“ го гладот со дршка целер што ќе ја потопите во две лажици намаз од наут (хумус). Богатството на диетални влакна гарантира ситост и го стимулира варењето на храната.rnrn7. Диеталните протеини како што се бело пилешко месо, мисирка или риби, подготвени со малку масло на скара, се одлични забрзувачи на метаболизмот. Тие му помагаат на телото поефикасно да согорува калории.rnrn8. Папајата содржи ензим за варење кој го забрзува „преминот“ на храната низ телото. Ограничете го внесувањето на ова егзотично овошје на 200 грама на оброк.rnrn9. Кога сте гладни, посегнете по половина авокадо. Ова овошје е преполно со здрави масти кои заситуваат.rnrn10. Кога ќе бидете гладни, испијте една чаша вода. Понекогаш јадете затоа што всушност сте жедни. Водата е неопходен елемент во човечкото тело бидејќи го стимулира исфрлањето на токсините од телото и ги забрзува метаболизмот и варењето на храната.rnrnПогледнете ги овие едноставни вежби што ќе ве спасат од непријатната надуеност.

  • Едноставни вежби што ќе ве спасат од непријатната надуеност

    Едноставни вежби што ќе ве спасат од непријатната надуеност

    Последната работа за која сакате да бидете загрижени за време на празниците е надуеноста затоа што таа е непријатна, па дури и стресна. Но, наместо да се грижите, оваа година преземете нешто во врска со тоа. Иако постојат многу работи што можете да ги направите за да ја избегнете надуеноста, како земање пробиотици и јадење побавно, понекогаш е потребно брзо и ефикасно решение за надуеноста. Движењето е една одлична стратегија, а јогата и пилатесот се идеални ако ви треба брза и прифатлива рутина.rn

    1. Четириножна поза

    rnЕдноставни вежби што ќе ве спасат од непријатната надуеностrn

      rn 011

    • Ставете ги рацете и колената на подлога со свиткани колена точно под колковите.
    • rn 011

    • Заокружете го грбот во форма на буквата С, гледајќи кон стомакот. За време на вежбата рамномерно држете ги рамената и колковите, а ’рбетот во неутрална положба.
    • rn 011

    • Свиткајте го грбот додека го спуштате стомакот. Потоа подигнете ги главата и градите напред и нагоре. Направете 5-8 повторувања.
    • rn

    rnЗа подобри резултати од оваа вежба, истегнете ја десната нога наназад и останете во позиција на четири нозе. Додека го заокружувате грбот во форма на буквата С, повлечете го десното колено кон градите; додека го виткате грбот, испружете ја спротивната нога зад вас. По 5-8 повторувања, направете го ова на другата страна.rn

    2. Свиткување нанапред

    rnЕдноставни вежби што ќе ве спасат од непријатната надуеностrnrnОдамна е познато дека наведнувањето нанапред ја подобрува циркулацијата низ абдоминалните органи и може да го стимулира варењето на храната.rn

      rn 011

    • Земете перница или засукајте крпа за да ја поставите на горниот дел од бутовите. Колку е поцврста перницата, толку ќе биде подобра стомачната масажа.
    • rn 011

    • Истегнете ги нозете и свиткајте ги прстите кон лицето. Превиткајте го торзото над перницата и започнете да вдишувате длабоко.
    • rn

    rnЗадржете онолку здив колку што ви треба за да почувствувате олеснување.rn

    3. Планк со топка за пилатес

    rnЕдноставни вежби што ќе ве спасат од непријатната надуеностrnrnОваа вежба може да биде корисна за вашите црева бидејќи топката се става во карличниот регион и го масира дигестивниот тракт. Движејќи се напред и назад, топката се тркала до вашиот стомак и назад кон дното на карлицата, насочувајќи се кон цревата.rnrnЗапочнете во планк позиција на подлактиците, со рамената на ниво паралелно на лактите. Ставете топка за пилатес под стомакот. Наместете го желудникот да се одмори на топката. Останете во оваа позиција или движете го телото напред-назад за да ја движите топката по стомакот.rn

    4. Поза на камила

    rnЕдноставни вежби што ќе ве спасат од непријатната надуеностrnrnОваа поза ја зголемува циркулацијата на крвта низ целото тело и го подобрува варењето на храната.rnrnЗастанете на колена и свиткајте се наназад. Рацете треба да достигнат до петиците.rnrnПокрај овие пози, постои уште една клучна компонента за спречување на надуеноста, а тоа е пиењето вода. Прескокнете ги газираните пијалаци, барем на краток рок. Можеби звучи нелогично, но хидратацијата спречува задржување на водата во телото затоа што вашето тело не се труди да ја задржува водата ако е хидрирано.rnrnПогледнете кои 7 грешки во хидратацијата ги правите најчесто.

  • Задоцнивте со вежбање? Овие 7 трикови ќе ви помогнат да добиете рамен стомак

    Задоцнивте со вежбање? Овие 7 трикови ќе ви помогнат да добиете рамен стомак

    Без разлика дали редовно се препотуваат во салата за вежбање или имаат строг режим на исхрана со недели пред да го облечат костимот за капење, многу голем број жени имаат проблеми со науденост на стомакот. Ослободувањето од надуеноста се крие во неколку експресни решенија кои како игли ќе го дупнат балонот и ќе ви го израмнат стомакот. Во продолжение прочитајте кои се тие…rnrnЗадоцнивте со вежбање? Овие 7 трикови ќе ви помогнат да добиете рамен стомакrn

    1. Купка од горка сол

    rnНајпопуларната примена на горката сол е како состојка во солените купки. Додајте две шолји со околу 400 грама горка сол во бањата полна со топла вода и веднаш ќе се опуштите, а оваа купка го поттикнува и потењето, што е одличен начин за ослободување од вишокот течности, токсини и целулит од телото.rn

    2. Намалете ги порциите зеленчук

    rnПознато е дека солената храна и газираните пијалаци предизвикуваат надуеност, но причините за надуен стомак се кријат и помеѓу здравите прехранбени производи. Брокулите, карфиолот и кељот изобилуваат со влакна и поради тоа го дујат стомакот, што секако не значи дека треба целосно да се откажете од нив, туку само да ја намалите порцијата.rn

    3. Омлет од белки

    rnПред да отидете на плажа изедете омлет од белки кој делува како диуретик. На тој начин ќе ја добиете потребната количина на протеини, која ќе ве засити и нема да почувствувате глад во текот на целиот ден поминат на плажа.rn

    4. Одбегнувајте газирани пијалаци

    rnОдбегнувајте сѐ што содржи јаглерод диоксид, како што се газираните пијалаци, бидејќи тие се најголемите виновници за појавата на гасови. Во текот на летните денови можете да се освежите и на многу други начини со поздрави пијалаци како што се ледениот чај и витаминските води.rnrnЗадоцнивте со вежбање? Овие 7 трикови ќе ви помогнат да добиете рамен стомакrn

    5. Побавно голтајте ја храната и пијалаците

    rnБрзото консумирање на храната и пијалаците предизвикува внесување на преголема количина на воздух што доведува до надуеност. За да го спречите тоа, јадете го оброкот во мирно опкружување и придржувајте се кон малите залаци и бавното жвакање. Се препорачува по оброкот да поминете барем 5 минути во движење, кое ќе ја поттикне разработката на храната.rn

    6. Одбегнувајте го овошјето како десерт

    rnОвошјето наместо парчето чоколадо е дефинитивно поздрав избор за телото, но ефектот кој овошјето може да го предизвика по главниот оброк не е ни малку привлечен. Имено, овошјето со молскавична брзина поминува низ дигестивниот систем поради тоа што содржи вода и едноставни шеќери, па доколку го изедете по некоја потешка храна, потребни ќе бидат со часови за да се преработи. Овошјето останува заглавено во стомакот и по некое време започнува процесот на ферментација, што доведува до надуеност. Овошјето консумирајте го на празен желудник или како прв дневен оброк веднаш штом се разбудите, за да помине брзо низ дигестивниот систем и да ви ја даде максималната количина на витамини.rn

    7. Житарки омекнати во вода

    rnЖитарките како киноа, ленено семе и јаткастите плодови се извор на протеини, влакна и голем број витамини. Но, неправилната подготовка на овие прехранбени производи може да доведе до непријатна надуеност. Имено, телото тешко ги преработува поради фитинската киселина со која се обложени, а која ја блокира работата на ензимите значајни за варењето на храната. Здравите производи ќе ги прилагодите за потребите на телото доколку ги потопите во вода преку ноќ со малку лимунов сок или јаболков оцет. На тој начин ќе ја отстраните фитинската киселина и ензимите ќе станат подостапни, а во телото ќе се испуштат повеќе хранливи состојки и храната ќе стане лесно сварлива.

  • Витамин што го израмнува стомакот и го решава проблемот со надуеноста

    Витамин што го израмнува стомакот и го решава проблемот со надуеноста

    Надуеноста, поради која стомакот изгледа поголем отколку што навистина е, е честа појава. Најчестите причини за појавата на надуеноста се одредените прехранбени производи кои ја задржуваат водата во телото и го забавуваат варењето на храната и слабото движење. Но, дали знаете дека постои витамин кој го решава проблемот за само неколку секунди? Станува збор за витаминот Б, поконкретно витамините од оваа група (Б комплекс) кои нашето тело одлично ги поднесува, а се наоѓаат насекаде околу нас во својот природен облик.rnrnВитаминот што го израмнува стомакот и го решава проблемот со надуеностаrn

    Витамин Б6

    rnВитаминот Б6 има улога на разредувач на водата во организмот. Истражувањата покажале дека скоро 90% од постарите лица патат од недостаток на овој витамин, што се должи на модерниот начин на живот и лошата исхрана. Освен што помага во изградбата на подобар одбранбен механизам на нашето тело (имунитет), овој витамин е повеќе од потребен за оние кои страдаат од срцеви заболувања и за бремени жени.rnrnНајдобри извори на витаминот Б6: Живина, риба, цели житарици, спанаќ и мешунки.rn

    Витамин Б1

    rnОвој витамин е познат и под името тијамин и е потребен за разградувањето на јаглехидратите и самата храна која ја внесуваме во организмот, бидејќи ги претвора во „гориво“ односно во енергија. Освен што може да ја подобри работата на срцето и добро делува на нервите, тијаминот ќе го подобри и забрза варењето на храната и ќе ви помогне да се решите од гасовите кои ја предизвикуваат надуеноста, но и ќе го регулира чувството за глад.rnrnНајдобри извори на витаминот Б1: Цели житарици, зелен зеленчук, пивски квасец, мешунки.rn

    Витамин Б12

    rnНедостатокот од овој витамин во телото се поврзува со процесите што водат до воспаленија во абдоминалниот регион. Тие можат да ја нарушат рамнотежата на добрите бактерии во тенкото црево, што може да предизвика проблеми во правилното функционирање на метаболизмот и варењето на храната.rnrnНајдобри извори на витаминот Б12: Морска храна, млеко, сирење, јајца, живина, говедско месо, кисел зеленчук.

  • Важно: 3 работи кои мора да ги знаете за глутенот

    Важно: 3 работи кои мора да ги знаете за глутенот

    Иако во последно време многу се зборува за глутенот и голем број луѓе веќе го имаат исфрлено од исхраната, всушност малубројни се оние кои знаат што тој претставува. Глутенот на човечкиот организам може да му наштети на два начина: може да предизвика алергиска реакција или нетолеранција, која во најсериозниот облик се нарекува целијакија. Еве кои три работи треба да ги знаете за глутенот.rnrnvazhno-3-raboti-koi-mora-da-gi-znaete-za-glutenot-kafepauza.mkrn

    Глутенот е протеин

    rnГлутенот е вид протеин кој природно се наоѓа во пченичните и други житарици, како што се јачменот и ржта. Но, тој може да се најде и во многу други производи како преливи за салати, мешани зачини, па дури и во балзами за усни. Многу луѓе мислат дека не внесуваат глутен ако не конзумираат житарици, леб и тестенини, но вистината е сосема поинаква.rn

    Го нема во сите житарици

    rnОдредени житарици не содржат глутен, како оризот, пченката, квинојата, хелдата, просото, сиракот и овесот, освен ако не се контаминирани со пченица при процесот на обработка. Житариците кои не содржат глутен се преполни со витамини, минерали и влакна и сѐ додека не претерувате конзумирајќи ги, можат да ви помогнат во ослободувањето од вишокот килограми и подобрувањето на здравјето на срцето.rn

    Подобро ќе се чувствувате без глутен

    rnЛицата кои имаат целијакија мораат во целост да ги исфрлат намирниците кои содржат глутен, бидејќи дури и најмалите количини можат да предизвикаат појава на симптоми како болка во стомакот и подуеност. Но, и оние кои не патат од оваа болест може да имаат корист ако го елиминираат глутенот од исхраната доколку се нетолерантни на овој протеин. Тој може да предизвика надуеност, замор, па и симптоми слични на грип.

  • Необични трикови за убавина кои прават чуда

    Необични трикови за убавина кои прават чуда

    Невеново и бадемово масло за мека кожа, комбинација од мед и млеко за домашна маска, камилица за отечени очи и многу други познати,  домашни и природни состојки, ни помагаат во одржувањето на младоста и убавината. Понекогаш овие рецепти дејствуваат многу подобро од која било крема или лосион и затоа толку многу ги сакаме. Овој пат ви нудиме неколку нови, необични трикови кои навистина дејствуваат и нудат брзо решение, за оние мали проблемчиња што нè мачат секојдневно.rnrnНеобични трикови за убавина кои прават чудаrn

    1. Нашминкајте се, а потоа – право под пареа!

    rnЗвучи нелогично и неефективно, но сепак многу славни ѕвезди тврдат дека ова е трикот кој им овозможува да изгледаат толку добро пред камерите. Наполнете ја кадата со топла вода или пуштете го тушот неколку минути на топла вода, а потоа застанете во близина и почекајте 5-10 минути. Пареата всушност овозможува да се избегне ефектот на маска при шминкањето, а ја прави кожата свежа, блескава и што е најдобро, изгледа многу поприродно!rn

    2. Подбрадок? Никогаш повеќе

    rnСигурно по дома имате добра колекција од антицелулитни креми на кои сега можете да им дадете сосема поинаква намена. Изберете некоја која содржи кофеин и нанесете по линијата на брадата. Кофеинот делува на тој начин што го намалува вишокот на течности, па на тој начин значително се намалува и надуеноста. Поради останатите состојки во кремата, ефектот е многу брз и би требало да трае неколку часа.rnrnНеобични трикови за убавина кои прават чудаrn

    3. Избришете ги акните

    rnСлоевите пудра и коректор не можат да ги избришат акните, всушност понекогаш имаат и спротивен ефект. Токму затоа ова трикче ќе ви биде меѓу омилените. Нареден пат кога некоја досадна, црвена акна ќе ви го расипе расположението набавете капки за очи и нанесете малку на проблематичното место. Состојките во капките за очи ги стеснуваат крвните садови, и на тој начин се намалува отеченоста и црвенилото.rn

    4. Против надуеност со јаболков оцет

    rnСе чувствувате надуено и ништо не ви е точно? Измешајте една супена лажица јаболков оцет со половина шолја вода и испијте го. Во рок од 30 минути телото ќе почне да ги исфрла вишокот течности, подуеноста, ќе се намали, а вие ќе се чувствувате многу полесно.rnrnНеобични трикови за убавина кои прават чудаrn

    5. Ленено масло за прекрасни трепки

    rnЛененовото масло е богато со Омега 3, 6 и 9 како и со Б витамини кои ги надградуваат и разубавуват трепките. Навечер нанесете малку масло по линијата на трепките и гледајте како од ден на ден стануваат сè поубави.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како до рамен стомак за само 5 дена?

    Како до рамен стомак за само 5 дена?

    Искусните британски фитнес-тренери Аманда Урсел и Ники Ватермен направиле одличен план како за само 5 дена да добиете рамен стомак. Темел на оваа рутина се неколку совети, а за сите оние кои ќе се придржуваат до нив, резултатите се загарантирани.rnrnКако до рамен стомак за само 5 дена?rnrnДоколку се чувствувате тешко и надуено, а се грижите како ќе изгледате во новата облека специјално купена за некој настан, вистинско време е да се посветите на создавање здрави прехранбени навики.rn

    Положба и џвакање

    rnГлавен фактор е да сте седнати додека јадете и да џвакате пополека со затворена уста. Што подолго трае џвакањето на еден залак, толку помалку ќе јадете.rn

    Избегнувајте сокови и пијалаци

    rnЗасладените овошни сокови, засладените минерални води и газираните пијалаци се богати со калории и го дујат стомакот. Затоа практикувајте да пиете само вода кога сте жедни.rnrnКако до рамен стомак за само 5 дена? rn

    Избегнувајте вештачки засладувачи

    rnВештачките засладувачи кои содржат сорбитол, манитол и лактитол, се варат во цревата на стомакот каде што голем број бактерии се хранат со нив. Поради тоа абдоменот и цревата создаваат дополнителни гасови кои го отежнуваат варењето на храната. Најдобро е да се користи кафеав шеќер, но во мали количини.rn

    Внимавајте на отпорниот скроб

    rnПо правило скробот е лесен за варење, но постои и скроб кој е отпорен на ензимите за варење на храната. Тој не успева да се апсорбира во тенкото црево, па така несварен поминува во дебелото црево. Поради ваквиот скроб, цревата често се дујат. Овој скроб го има во гравот, бананите, оризот, компирот и печурките.rn

    Избегнувајте зеленчук кој дуе

    rnГравот, кромидот и зелката се дел од намирниците кои најмногу го дујат стомакот. Во деновите кога сакате да изгледате совршено, гледајте да ги избегнете.rnrnКако до рамен стомак за само 5 дена?rn

    Пијте пробиотици

    rnДобрите бактерии од јогуртот, помагаат при варењето на храната да се намали количеството на воздух во цревата, а научниците од универзитетот во Манчестер докажале дека пробиотиците ја намалуваат и надуеноста на стомакот.rn

    Намалете со солта

    rnСтручњаците тврдат дека ограничувањето на количината на сол која ја внесувате во организмот на само 3 грама дневно, може значително да ја намали подуеноста на стомакот. Солта се врзува со водата и со тоа предизвикува подуеност. Најголемиот дел од количеството на сол, луѓето ја внесуваат преку закуски, чипсови, грицки и слично.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.