КАФЕ ПАУЗА

Витамин што го израмнува стомакот и го решава проблемот со надуеноста

Надуеноста, поради која стомакот изгледа поголем отколку што навистина е, е честа појава. Најчестите причини за појавата на надуеноста се одредените прехранбени производи кои ја задржуваат водата во телото и го забавуваат варењето на храната и слабото движење. Но, дали знаете дека постои витамин кој го решава проблемот за само неколку секунди? Станува збор за витаминот Б, поконкретно витамините од оваа група (Б комплекс) кои нашето тело одлично ги поднесува, а се наоѓаат насекаде околу нас во својот природен облик.rnrnВитаминот што го израмнува стомакот и го решава проблемот со надуеностаrn

Витамин Б6

rnВитаминот Б6 има улога на разредувач на водата во организмот. Истражувањата покажале дека скоро 90% од постарите лица патат од недостаток на овој витамин, што се должи на модерниот начин на живот и лошата исхрана. Освен што помага во изградбата на подобар одбранбен механизам на нашето тело (имунитет), овој витамин е повеќе од потребен за оние кои страдаат од срцеви заболувања и за бремени жени.rnrnНајдобри извори на витаминот Б6: Живина, риба, цели житарици, спанаќ и мешунки.rn

Витамин Б1

rnОвој витамин е познат и под името тијамин и е потребен за разградувањето на јаглехидратите и самата храна која ја внесуваме во организмот, бидејќи ги претвора во „гориво“ односно во енергија. Освен што може да ја подобри работата на срцето и добро делува на нервите, тијаминот ќе го подобри и забрза варењето на храната и ќе ви помогне да се решите од гасовите кои ја предизвикуваат надуеноста, но и ќе го регулира чувството за глад.rnrnНајдобри извори на витаминот Б1: Цели житарици, зелен зеленчук, пивски квасец, мешунки.rn

Витамин Б12

rnНедостатокот од овој витамин во телото се поврзува со процесите што водат до воспаленија во абдоминалниот регион. Тие можат да ја нарушат рамнотежата на добрите бактерии во тенкото црево, што може да предизвика проблеми во правилното функционирање на метаболизмот и варењето на храната.rnrnНајдобри извори на витаминот Б12: Морска храна, млеко, сирење, јајца, живина, говедско месо, кисел зеленчук.