Невеново и бадемово масло за мека кожа, комбинација од мед и млеко за домашна маска, камилица за отечени очи и многу други познати, домашни и природни состојки, ни помагаат во одржувањето на младоста и убавината. Понекогаш овие рецепти дејствуваат многу подобро од која било крема или лосион и затоа толку многу ги сакаме. Овој пат ви нудиме неколку нови, необични трикови кои навистина дејствуваат и нудат брзо решение, за оние мали проблемчиња што нè мачат секојдневно.rnrn
rn
1. Нашминкајте се, а потоа – право под пареа!
rnЗвучи нелогично и неефективно, но сепак многу славни ѕвезди тврдат дека ова е трикот кој им овозможува да изгледаат толку добро пред камерите. Наполнете ја кадата со топла вода или пуштете го тушот неколку минути на топла вода, а потоа застанете во близина и почекајте 5-10 минути. Пареата всушност овозможува да се избегне ефектот на маска при шминкањето, а ја прави кожата свежа, блескава и што е најдобро, изгледа многу поприродно!rn
2. Подбрадок? Никогаш повеќе
rnСигурно по дома имате добра колекција од антицелулитни креми на кои сега можете да им дадете сосема поинаква намена. Изберете некоја која содржи кофеин и нанесете по линијата на брадата. Кофеинот делува на тој начин што го намалува вишокот на течности, па на тој начин значително се намалува и надуеноста. Поради останатите состојки во кремата, ефектот е многу брз и би требало да трае неколку часа.rnrn
rn
3. Избришете ги акните
rnСлоевите пудра и коректор не можат да ги избришат акните, всушност понекогаш имаат и спротивен ефект. Токму затоа ова трикче ќе ви биде меѓу омилените. Нареден пат кога некоја досадна, црвена акна ќе ви го расипе расположението набавете капки за очи и нанесете малку на проблематичното место. Состојките во капките за очи ги стеснуваат крвните садови, и на тој начин се намалува отеченоста и црвенилото.rn
4. Против надуеност со јаболков оцет
rnСе чувствувате надуено и ништо не ви е точно? Измешајте една супена лажица јаболков оцет со половина шолја вода и испијте го. Во рок од 30 минути телото ќе почне да ги исфрла вишокот течности, подуеноста, ќе се намали, а вие ќе се чувствувате многу полесно.rnrn
rn
5. Ленено масло за прекрасни трепки
rnЛененовото масло е богато со Омега 3, 6 и 9 како и со Б витамини кои ги надградуваат и разубавуват трепките. Навечер нанесете малку масло по линијата на трепките и гледајте како од ден на ден стануваат сè поубави.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
