Откријте што ве карактеризира според хороскопот на древните Маи

Сподели

rn

Реклама

PAX (22.05 – 10.06)

rnСимбол: музика, пареа, време за садење, пума, стрела

Изворен превод: Свирење на музиката на иднината

Опис: PAX се иновативни луѓе кои уживаат во секој момент од животот. Подготвени се да ја преземат контролата над секоја ситуација и предодредени се да бидат лидери. Лицата родени во овој знак ја имаат пумата како заштитно животно. Таа е многу важен дел од културата на Маите и претставува знак за лидерство, во што лежи најголемата сила на овој знак. Стрелата ја претставува нивната сила, и како што таа се движи напред, така и овие лица имаат моќ да одат напред во животот.

Главен елемент на овие лица е пареата, која во себе ги соединува водата, огнот и земјата.

По карактер се праведни и стабилни, темпераментни и склони на самодисциплина. Сакаат друштво, но немаат многу пријатели. Поседуваат изразен талент за уметност, посебно за музика, пеење и сликарство. Секогаш имаат некоја цел.

PAX-луѓето се строги и дисциплинирани господари. Не се брзоплети. Во бракот се тешки, а децата строго ги воспитуваат.

Најзначајни години им се 18–32. Ако дотогаш не го постигнат тоа што го сакаат постануваат бунтовници и незадоволни. Во староста се осамени.

Совет: Брзо стигнувате до врвот, но за да имате пријатен живот, не би требало да тежнеете кон невозможното.

Содржина /затвори

Популарно

Може ќе ве интересира