Откријте што ве карактеризира според хороскопот на древните Маи

Сподели

rn

Реклама

SOTZ (24.09 – 13.10)

rnСимбол: лилјак, риба, почеток на зимата

Изворен превод: Знаење и свест

Опис: Луѓето родени во овој знак се несебични и грижливи кон луѓето во својата околина. Вредни се и емотивни. Тие имаат две заштитни животни чии карактеристики ги поседуваат. Лесно се движат низ животот како што рибата се движи низ водата, а лилјакот низ воздухот. Токму водата и воздухот се нивните главни елементи. Како лилјаците, овие луѓе се одликуваат со интуиција, чувствителност и способност да гледаат низ измамата. Рибата ја претставува потсвеста и длабочината на умот. Комбинацијата на особините од овие две животни им дава неверојатно развиена интуиција, дарба која повеќето луѓе ја немаат.

Карактерно се склони кон претерување. Романтични се и имаат бујна фантазија. Тие се уметнички души, но неретко и егоистични. Ситничари се, а совети, дури и од најблиските, примаат со недоверба. Поради тоа никогаш не се опуштени. Тврдоглавоста не им носи добро, но упорни се.

Карактерот им го одредува животот. Во младоста се упорни и спремни да се жртвуваат за да постигнат некоја цел. Во староста може да бидат осамени.

Во бракот сакаат да бидат во прв план.

Критични години им се 45–52 и баш тој период ќе им одреди колку ќе живеат, а и материјалната состојба.

Совет: Подобро би било да размислите како да заработите пари отколку како да ги заштедите. Бидете внимателни, вложувањата понекогаш може да ви донесат големи загуби.

Содржина /затвори

Популарно

Може ќе ве интересира