КАФЕ ПАУЗА

Tag: филмови

  • 5 филмови што ќе ви го подобрат расположението

    5 филмови што ќе ви го подобрат расположението

    Овие 5 филмски класици, во форма на романтични комедии и драми, ќе ве излечат од досадата и од лошото расположение.rn

    1. „Слободниот ден на Ферис Булер“ („Ferris Bueller’d Day Off“)

    rnhttps://youtu.be/K-X2XzKqBiErnrnВо овој филм се зборува за тоа како да се каже едно големо „не, благодарам“ на рутината на секојдневниот живот. Тројца богати тинејџери од Чикаго го прескокнуваат училиштето во име на борбата против системот, досадата и покорноста, а неверојатната мода од 80-тите е причина плус да го гледате овој филм.rn

    2. „Гранд хотел Будимпешта“ („The Grand Budapest Hotel“)

    rnhttps://youtu.be/1Fg5iWmQjwkrnrnКога животот забавува, најдобриот начин за стимулирање на умот е приказна што ги буди сите сетила. Ако приказната за Густав Х, портир кој по грешка бил фатен за убиство, не е доволна да ве размрда, тогаш ќе бидете инспирирани од незаборавните ентериери и фасадите на далечните места.rn

    3. „Нотинг Хил“ („Notting Hill“)

    rnhttps://youtu.be/4RI0QvaGoiIrnrnДали има подобро бегство од секојдневниот живот од брилијантна љубовна приказна? Одговорот е не, а Нотинг Хил носи порака дека љубовта може да победи сè.rn

    4. „Потрага по среќа“ („The Pursuit of Happyness“)

    rnhttps://youtu.be/DMOBlEcRuw8rnrnАко веќе долго време не сте плачеле и сакате да се исчистите од насобраните негативни емоции, овој филм ќе ви помогне во тоа. Оваа срцепарателна приказна со Вил Смит во главната улога носи триумф со тотален пресврт во тешкотија што изгледа безнадежна.rn

    5. „Свадбата на мојот најдобар пријател“ („My Best Friend’s Wedding“)

    rnhttps://youtu.be/P2segbP94SErnrnОвој филм е мелем за душата, срцето, но и за очите. Џулија Робертс и Камерон Дијаз ја демонстрираат извонредната мода од деведесеттите додека ве водат низ оваа романтична комедија што ќе ве опушти и ќе ги протера сите лоши мисли од вашата глава.rnrnПогледнете ги и овие 4 филмови што го слават животот и сите негови убавини.

  • За пролетно попладне: 4 филмови што го слават животот и сите негови убавини

    За пролетно попладне: 4 филмови што го слават животот и сите негови убавини

    Пролетта секогаш носи со себе ентузијазам и желба за големи животни промени. Периодот на будење на природата ја буди и енергијата во вас што ја имате акумулирано во текот на зимата. Затоа, не треба да бидете изненадени што во тој период сте поактивни, повеќе се дружите и гледате филмови и серии кои ќе ве инспирираат и ќе ве потсетуваат колку е прекрасен и убав животот. Овие 4 филмови ќе ве инспирираат и ќе ве натераат да станете повесели и поведри.rn

    „Почетници“ („Beginners“)

    rnhttps://youtu.be/e1zZYMKGw2MrnrnФилмот „Почетници“ е прекрасна приказна која докажува дека никогаш не е доцна да тргнете по патот по којшто отсекогаш сте сакале да одите. Оливер, 38-годишен графички дизајнер, ќе ве однесе на петгодишно патување составено од низа меѓусебно поврзани моменти што се случиле во период од пет години. Пред пет години, прво умира неговата мајка, а потоа неговиот татко признава дека е хомосексуалец и започнува заеднички живот и отворена врска со многу помлад маж. Кога дознава дека неговиот татко има рак, Оливер решава да му се приближи и да открие сè за неговиот нов живот. Сето ова го наведува да се сретне со една убава француска актерка со која решава да започне врска. Оваа прекрасна приказна е полна со сцени кои го слават животот и ќе ве потсети дека преку сопствената животна авантура треба да ги правите оние работи што го забрзуваат чукањето на срцето.rn

    „Чарли Бартлет“ („Charlie Bartlett“)

    rnhttps://youtu.be/b_DVwLq0wn0rnrnСветската кинематографија е полна со млади тинејџерски ликови кои многупати нè научија на многу повеќе работи за животот отколку возрасните околу нас. Чарли Бартлет е еден таков лик. Чарли живее во огромна куќа со мајка што е во депресија и се бори со сопствените демони. Неговиот татко е во затвор поради затајување данок, што дополнително ја комплицира целата негова приказна. Откако го исфрлиле од неколку приватни училишта, Чарли е принуден да оди во државно училиште, каде што започнува вистинска авантура продавајќи лекови за нерви и советувајќи ги своите соученици на сесиите што ги одржува во училишниот тоалет. Преку својата и приказната за ликовите што ги среќава, Чарли ќе ве научи дека животот започнува само кога ќе ги ослободите сопирачките и ќе престанете да живеете во вашата удобна зона.rn

    „Животот како дом“ („Life as a House“)

    rnhttps://youtu.be/wWBQ5ra0jP0rnrnКога Џорџ дознава дека умира од рак, тој одлучува да ги помине последните денови покрај море и да изгради куќа на остатоците од куќата што му ја оставил неговиот покоен татко. Неговата единствена желба е да ја изгради таа куќа со неговиот син Сем, кој одбива да му се придружи. Но, Џорџ не се откажува од својот план и заедно со својата поранешна сопруга му даваат до знаење на Сем дека тој мора да оди. Сем првично одбива да соработува, а кога ќе останат без пари, единствениот извор на приход лежи во помагањето во изградбата на куќата. Сем и Џорџ наскоро почнуваат да се зближуваат, а во нивното дружење и работење заедно има голем број животни лекции од кои ќе научите многу.rn

    „Низ универзумот“ („Across the Universe “)

    rnhttps://youtu.be/spf7RULGNOUrnrnЕдноставно е невозможно да се опишат некои филмови, а таков е мјузиклот „Низ универзумот“. Наречен по истоимената песна од Битлси, филмот е придружуван од песни од група која совршено се вклопува во приказната за љубовта, револуцијата и борбата против војната во Виетнам. Џуд и Луси, главните ликови на овој живописен филм, ќе ве одведат низ неверојатна приказна и ќе ве потсетат дека за љубовта и слободата во животот секогаш мора и треба да се борите.rnrnПрочитајте кои неверојатни шпански филмови и серии вреди да ги изгледате.

  • 7 филмови со женски ликови кои ќе ве потсетат на сопствената сила и моќ

    7 филмови со женски ликови кои ќе ве потсетат на сопствената сила и моќ

    Иако големината и силата на жената треба да се слават секој ден, Меѓународниот ден на жената е прекрасен потсетник за филмските приказни за жените кои се вечна инспирација. Но, жените честопати не се свесни за сопствената сила, а светот ретко ги потсетува на тоа. За да се потсетите на сопствената сила и моќ, погледнете ги овие филмови чии хероини ќе ве мотивираат и ќе ве инспирираат.rn

    „Ерин Брокович“ („Erin Brockovich“)

    rnhttps://youtu.be/BGX4nMrnxg0rnrnЕрин Брокович е синоним за сила, упорност и мотивација, а нејзината приказна сигурно ќе ве инспирира да преземете нешто. Откако сама открила афера поврзана со екологијата, таа започнува борба што денес му е позната на целиот свет.rn

    „Мали жени“ („Little Women“)

    rnhttps://youtu.be/AST2-4db4icrnrnОткако излезе уште една филмска адаптација на романот „Мали жени“, почна многу да се дискутира дали е ова приказна за феминизмот или не. Без оглед на сè, оваа приказна навистина ги покажува женската сила и нејзината борбеност во светот кој пред 150 години беше скроен само за мажи.rn

    „Фрида“ („Frida“)

    rnhttps://youtu.be/uOUzQYqba4YrnrnФрида Кало и сите тешкотии што ги надминала низ целиот живот засекогаш ќе бидат инспирација за многу жени од целиот свет. Во својата младост, Фрида доживеала сериозна сообраќајна несреќа што оставила трајни ефекти врз нејзиното тело, но и врз нејзиниот ум. Но, Фрида нема да се предаде во ниту еден момент, а нејзината сила е извор од кој можете да научите многу работи.rn

    „Скриени фигури“ („Hidden Figures“)

    rnhttps://youtu.be/5wfrDhgUMGIrnrnОва е филм за математичари кои се одговорни за заминувањето на Америка во вселената. Но, оваа приказна не е само приказна за победите во вселената, тоа е приказна за борбата на луѓето кои биле одбиени само поради бојата на кожата. Ова е приказна за жените кои се бореле за сите оние кои немале право на глас, за оние кои морале да одат во посебен тоалет, да седат на посебни места во автобусот и да бидат одделени од другите колеги на работа. Нивната приказна и нивната борба ќе ве инспирираат и ќе ви дадат сила за сопствените битки.rn

    „Франсис Ха“ („Frances Ha“)

    rnhttps://youtu.be/YBn5dgXFMisrnrnФрансис е прилично изгубена девојка во средината на 20-тите години, обидувајќи се да открие како функционира светот и како да ги вклопи сопствените желби и соништа во тој свет. Ова е филм за пронаоѓањето, за стравовите и за растењето. Во овој филм ќе најдете прекрасни и поучни дијалози, а откако ќе го гледате, ќе сфатите дека никогаш не е доцна да ги остварите сопствените соништа.rn

    „Фантастична жена“ („A Fantastic Woman“)

    rnhttps://youtu.be/PJHex4ZitgArnrnОрландо и Марина се среќаваат во ноќен клуб каде што Марина работи како келнерка и повремено ги забавува гостите пеејќи. За време на еден нејзин настап, нивните очи се среќаваат и тие се вљубуваат. Но, за жал, нивната врска не трае долго. Една вечер, Орландо завршува во болница и умира во операционата сала. Ова значи сосема нов живот за Марина, полн со предизвици со кои треба да се соочи.rn

    „Мокси“ („Moxie“)

    rnhttps://youtu.be/Sf34qI1hjKUrnrnМокси е американска драма за тинејџерка која решава да ги следи стапките на својата мајка и да се бори во сопствениот свет, кој според неа е полн со сексизам, неправди и токсични односи помеѓу девојчињата и момчињата.rnrnПогледнете ги овие 4 филмови од кои ќе научите важни животни лекции.

  • 5 инспиративни филмови номинирани за Златен глобус што ќе ве остават без зборови

    5 инспиративни филмови номинирани за Златен глобус што ќе ве остават без зборови

    Минатата година не беше лесна, но зад себе остави врвни филмски наслови. Ако сакате малку посериозни приказни и дејства снимени според вистински настани, погледнете ги овие пет филмови кои заслужено се натпреваруваат за филмската награда Златен глобус.rn

    „Ветувачка млада жена“ („Young Promissing Woman“)

    rnhttps://youtu.be/7i5kiFDunk8rnrnКаси е поранешен студент по медицина што го напуштила колеџот и личност која нема амбиции. Живее со своите родители, работи како келнерка и нема момче. Но, Каси има една тајна во форма на едно чудно хоби. Се облекува секоја недела, оди во клубот и се преправа дека не може да стане или да си оди дома сама. Во тој момент настапуваат мажи кои, преправајќи се дека сакаат да ѝ помогнат, ја носат дома и тука настанува целото шоу. Иако истовремено е драма, црна комедија и трилер со елементи на фикција, заплетот на овој филм не е далеку од нашата реалност. Во последниов месец се случија многу работи поврзани со сексуалното насилство и вознемирување. Говореа многу жени, а Емералд Фенел, чие деби е номинирано во четири категории (најдобра драма, најдобар режисер, најдобро сценарио, најдобра главна актерка), им даде глас на оние што не можеа да го кажат тоа.rn

    „Номадленд“ („Nomadland“)

    rnhttps://youtu.be/6sxCFZ8_d84rnrn„Номадленд: Преживеаната Америка во дваесет и првиот век“ е книга на Џесика Брудер, која ги проучувала животите на Американците принудени да живеат во кампери, откако морале да ги продадат своите имоти и куќи поради економската криза. Авторските права на книгата ги купија актерите Франсис Макдорманд и Питер Спирс, а филмот, кој претставува мешавина од документарен филм и фикција, го режираше кинеската режисерка Клое Жао. Заплетот на филмот, како и сцените полни со пустини и со животот на вистински номади ќе ве остават без здив. Филмот е номиниран за Златен глобус во неколку категории – за најдобра драма, најдобра режија, најдобра главна актерка и најдобро сценарио.rn

    „Судењето на седумтемина од Чикаго“ („The Trial of the Chicago 7“)

    rnhttps://youtu.be/FVb6EdKDBfUrnrnЗаплетот на овој филм се врти околу група млади момчиња кои биле дел од протестите во Чикаго против војната во Виетнам. Кога тим од осум неповрзани лица е обвинет за заговор против државата, следува вистинска потера против луѓе кои навистина не сториле ништо лошо. Филмот за борбата на младите против насилството и борбата за љубовта на оние луѓе кои веруваа во подобро утре е номиниран за најдобра драма, најдобро сценарио, најдобра оригинална музика и најдобар актер во споредна улога.rn

    „Парчиња од жена“ („Pieces of a Woman“)

    rnhttps://youtu.be/1zLKbMAZNGIrnrn„Парчиња од жена“ е шокантна драма што го остави светот без зборови со самата најава која јасно укажуваше на болката и на проблемите на младите родители. Приказната следи еден млад пар кој чека дете и кој се одлучува за пораѓај дома. Кога ќе го изгубат детето по породувањето, нивниот свет се руши и започнуваат проблеми за кои не биле подготвени. Оваа тешка приказна ја покажува силата на жената која никогаш немала поддршка. Нејзиното потесно семејство ја смета за луда, вклучително и партнерот кој ја изневерува на најлошиот можен начин. Ванеса Кирби, која ја игра улогата на мајка, е номинирана за најдобра главна улога.rn

    „Планинска елегија“ („Hillbilly Elegy“)

    rnhttps://youtu.be/KW_3aaoSOYgrnrnФилмот „Планинска елегија“ е базиран на истоимениот мемоар на Џ. Д.Ванс за неговиот однос со неговата мајка зависник и со остатокот од неговото семејство. Префрлувајќи се помеѓу 1997 и 2011 година, Ванс ретроспективно внесува увид во своето растење, што во никој случај не било лесно. И покрај тешкото минато и мајка која на моменти била неподнослива, Џ. Д. успева да прерасне во убав и паметен млад човек. Најголема поддршка имал од својата баба, која ја глуми талентираната Глен Клоус, номинирана за најдобра споредна женска улога.rnrnПогледнете ги овие нови семејни филмови кои ќе можете да ги гледате оваа пролет.

  • Најубавите љубовни филмови за сечиј вкус и расположение

    Најубавите љубовни филмови за сечиј вкус и расположение

    Годинава ќе биде најдобро да го поминеме Денот на вљубените дома, со вкусна храна што сме ја подготвиле сами и да уживаме во друштво со партнерот или пријателите. Секако, не можеме да заборавиме и на добрите филмови, па затоа ние составивме список на љубовни филмови за сечиј вкус и расположение и сигурни сме дека ќе го пронајдете најдобриот за вас.rn

    1. The Apartment

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=GX9-5Zxy5us&feature=emb_titlern

    2. Moulin Rouge

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=a1REfTIc5porn

    3. Roman Holiday

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=ELb4S8P3q20&feature=emb_titlern

    4. Eternal Sunshine of the Spotless Mind

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=yE-f1alkq9Irn

    5. Notting Hill

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=4RI0QvaGoiIrn

    6. Before Sunrise

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=6MUcuqbGTxc&feature=emb_titlern

    7. About Time

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=T7A810duHvw&t=9srn

    8. Her

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=dJTU48_yghs&feature=emb_titlern

    9. La La Land

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=0pdqf4P9MB8rn

    10. The Notebook

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=yDJIcYE32NUrnrnМожеби ќе сакате да погледнете и некој од овие 5 филмови за љубовните врски и за сексуалноста од кои ќе научите многу работи.

  • 5 филмови за љубовните врски и за сексуалноста од кои ќе научите многу работи

    5 филмови за љубовните врски и за сексуалноста од кои ќе научите многу работи

    Седмата уметност е полна со убави приказни за љубовта и за сексуалноста и со сцени што содржат интимност и сензуалност. Но, не сите филмови и серии се занимаваат со секс и љубов на длабок и поврзан начин. Сигурно и самите сте наишле на експлицитни сцени со секс кои не се придружени со доволно длабока, силна или интересна приказна и на недоволно добро развиени и нереални љубовни врски. Ако сакате да ги погледнете љубовта и сексуалноста од малку поинаков агол, погледнете ги овие филмови што ќе ве забавуваат, ќе ве заинтригираат и ќе ви одржат многу лекции.rn

    „Калифорнизација“ („Californication“)

    rnhttps://youtu.be/gQ7yaQhXJAIrnrnХенк Муди е класичен пример на антихерој. Неуспешен писател кој живее на стара слава и со многу пороци, од кои главни се жените, алкохолот и дрогата, ќе ви влезе под кожа иако сè што прави е далеку од морално. Иако многумина го нарекоа провлекувањето на Хенк нереално и можно само на платно, на светот не му недостасуваат мажи кои не можат да останат верни и кои, и покрај неверството и нездравиот начин на живот, продолжуваат да добиваат комплименти од жени и од мажи. Приказната на Хенк не е секојдневна, сепак се одвива под сончевото небо во Калифорнија и вклучува низа луди ликови кои не ги гледате секој ден. Но, и покрај сите необичности, оваа серија ќе ве научи на неколку основни животни лекции. Меѓу другото, таа ќе ве потсети дека животот е премногу краток и затоа треба да го живеете онака како што сакате и дека семејството и вистинските пријатели секогаш треба да ви бидат на прво место.rn

    „Новина“ („Newness“)

    rnhttps://youtu.be/EtBhKTuPjEkrnrnОвој филм доби поделени критики. Некои ја нарекоа плитка и неразвиена драма, додека други во неа гледаат реален приказ на интимностa и страстa. Заплетот ги следи Мартин и Габриела, кои се среќаваат преку апликација за состанување и одеднаш се вљубуваат и се поврзуваат. Разговорите се длабоки, сексот е исклучителен и оваа двојка многу брзо помислува дека нивната врска може да трае и двајцата ги бришат профилите од апликацијата за состанување преку која се запознале и одлучуваат да живеат заедно. Но, многу брзо се појавуваат проблеми предизвикани од недостатокот на искреност и сето тоа ги води кон заедничка психотерапија, по што тие одлучуваат да бидат во отворена врска. Овој филм се занимава со расчленување на современите односи, на кои често им недостасуваат искреност и храброст за кажување на вистината. Искреноста треба да биде темел на секоја врска, а овој филм го докажува тоа.rn

    „Мали деца“ („Little Children“)

    rnhttps://youtu.be/jtchjudWQ0srnrn„Мали деца“ е приказна за нешто за кое никогаш не се зборувало доволно, а тоа е сексуалноста на луѓето кои се родители. Ние самите често ги сметаме сопствените родители за луѓе кои се лишени од сексуалноста, но овој филм покажува до што може да доведе недостатокот на блискост во бракот. Приказната ги следи Сара и Бред кои завршуваат во тајна врска поради незадоволството од сопствените бракови. Заедно со нивната, ќе ја следите приказната за локалниот педофил Рони, кој се бори со својата необичност. Оваа врвна драма ќе го стори сето она што треба и што може да го направи добрата драма. Ќе ве шокира, ќе ве натера да размислите и ќе извлече многу чувства од вас.rn

    „Нормални луѓе“ („Normal People“)

    rnhttps://youtu.be/x1JQuWxt3cErnrnПриказната ги следи Конел и Мериен, кои доаѓаат од сосема различни светови кои се преплетуваат сосема случајно. Меѓу нив се раѓа огромна љубов, привлечност и поврзаност, што не стивнуваат дури ни во моментите на разделба. Оваа серија совршено покажува колку несигурноста и повлекувањето може да ги нарушат односите со луѓето кои ви значат. Прекрасен приказ на интимноста, сексуални сцени што ќе ве маѓепсаат и врска што ќе ве расплаче, но и од која ќе научите многу работи. Оваа серија е дефинитивно една од оние што даваат реален приказ на љубовта и сензуалноста.rn

    „Стаорци на плажа“ („Beach Rats“)

    rnhttps://youtu.be/5BgfgPUfNLYrnrnИако во овој филм речиси и да нема дејство, режисерката Елиза Хитман успева совршено да ги претстави животите на адолесцентите кои не прават ништо и кои нема каде да одат. Главниот јунак Френки е 19-годишно дете од соседството кое продава дрога, се дружи со пријателите и со својата нова девојка. Но, Френки крие уште еден живот во себе. Имено, далеку од очите на јавноста, Френки се среќава со постари мажи со кои има сексуални односи. Но, тој не кажува никому за неговиот внатрешен свет. Тој молчи за својот страв од семејството, сексуалноста и иднината. Оваа бавна приказна совршено ги отсликува проблемите на денешната младина и стравот од осуда што го чувствуваат многу млади луѓе кои не се хетеросексуално ориентирани.rnrnПогледнете ги и овие 5 филмови за развод што ќе ве научат на важни лекции за љубовта и за животот.

  • Филмови кои можете да ги изгледате за време на новогодишната ноќ

    Филмови кои можете да ги изгледате за време на новогодишната ноќ

    Бидејќи нема да одите на голема забава (се надеваме), може ли да ви предложиме да останете одма заедно со некој романтичен филм што ќе ви го исполни срцето со нешто друго освен егзистенцијален страв?rnrnЕве неколку предлози и се надеваме дека ќе можете да одберете некој или пак повеќе од еден филм.rn

    1. About Time (2013)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=T7A810duHvwrn

    2. New Year’s Eve (2011)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=h_dt27_0vL4rn

    3. High School Musical (2006)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=zL4ZEWYsmuwrn

    4. Bridget Jones’s Diary (2001)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=EH9CWWqb-6Ern

    5. The Holiday (2006)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=BDi5zH18vxUrn

    6. Sleepless in Seattle (1993)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=ahI9LaOGYcErn

    7. Sex and the City (2008)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=g9Mx2OLnoGIrn

    8. Star Wars: The Force Awakens (2015)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=sGbxmsDFVnErn

    9. La La Land (2016)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=0pdqf4P9MB8rn

    10. Love Actually (2003)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=H9Z3_ifFheQrnrnНеверојатни шпански филмови и серии што вреди да ги изгледате.

  • Неверојатни шпански филмови и серии што вреди да ги изгледате

    Неверојатни шпански филмови и серии што вреди да ги изгледате

    Некои од најголемите романи и филмови во светот се на шпански јазик, а ние денес решивме да споделиме неколку неверојатни шпански филмови што вреди да ги изгледате.rnrnНеверојатни шпански филмови и серии што вреди да ги изгледатеrn

    1. Valeria (Валерија)

    rnПрвата сезона излезе во 2020 година со осум епизоди. Оваа серија раскажува за писателка која се бори и се обидува да го најде својот пат. Валерија, која постојано е охрабрена од нејзиниот издавач да пишува еротска литература, го поминува своето време во огледало за тоа какво чувство е вистинското задоволство. Само по некое време таа сфаќа дека тоа е нешто што недостасува во нејзиниот живот. Таа носи одлуки што го менуваат животот, останува во бракот кој не е одличен и речиси го саботира својот живот принудувајќи се на некои работи што навистина не ги сака и продолжува да живее и други благи авантури. Она што навистина останува постојано низ сè е нејзината банда од најдобри пријателки. Четирите жени покажуваат какво треба да биде вистинското сестринство. Филмот ве учи никогаш да не ги земате вашите најдобри пријателки здраво за готово, но и да излезете од вашата зона на комфор и да го следите вашето срце.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=lWbOK7dh-PMrn

    2. Selena (Селена)

    rnИ покрај тоа што оваа неодамнешна серија на Нетфликс не е на шпански јазик, но овој јазик игра главна улога во животот на главниот јунак. Карактерот на Селена Квинтаниља се базира на истоимена пејачка од реалниот живот, која во краткиот век од нејзиниот живот направи бран во музичката индустрија текс-мекс со својот музички талент. Во серијалот, други ликови често и кажуваат на Селена: „Твојот успех е наш успех“. За разлика од многу уметници кои тргнуваат по таков пат поради својата страст, Селена на почетокот започна да пее за да може нејзиното семејство да преживее.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=-0wz7n-h71Mrn

    3. Elisa & Marcella (Елиса и Марсела)

    rnДруга приказна заснована на вистински настани e приказната за Елиса и Марсела – две многу истакнати жени во историјата со име Елиса Санчез Лорига и Марсела Грасија Ибеас. Двете легално се венчаа во Шпанија во 1901 година. Бидејќи тоа беше единствен начин пред да се легализираат истополовите бракови, Елиса се маскираше во маж по име Марио Санчез. Двојката подоцна беше затворена кога црквата дозна за тоа, но за време на нивниот живот, нивниот брак не можеше да биде осуден. Филмот Елиса и Марсела ни дава детален преглед на животот на овие жени и колку тие морале да се борат за да останат заедно.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=zU9aZo8EdjIrn

    4. Amar (Сакање)

    rnФилмот ја истражува темата на младата љубов што ти го крши срцето. Двајца млади средношколци Лора и Карлос се во раната фаза на нивната романтична врска, што за повеќето реалисти може да изгледа бизарно. Кога реалноста ќе ги погоди Лора и Карлос, распрснува сјајниот меур од романса, а потоа започнува болниот дел. Разведената мајка на Лора е исто така силна тема во филмот. Таа е во брак од 17-годишна возраст и сè уште се бори да живее сама по разделбата со таткото на Лора. Таа е таа што ја учи Лора како да биде економски независна на 7-годишна возраст.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=QWaxhfSw7asrn

    5. Dark Desire (Црна желба)

    rnСекој што е запознаен со шпанските трилери, дефинитивно треба да ја гледа оваа серија, бидејќи ве држи на работ поголемиот дел од времето. Алма е професор по право и ги фокусира повеќето од своите предавања врз поимот фемицид. Ова главно ја формира темата на серијата, но исто така и прељубата, бракот, невозвратената љубов и имплицитниот сексизам. И покрај тоа што Алма е успешна жена, таа се труди да не го надмине рангот на нејзиниот сопруг. Таа ги потиснува своите желби и се чувствува виновна кога конечно ќе ги испушти тие окови. Приказната понатаму има неколку изненадувачки пресврти како соодветен трилер и ја држи публиката љубопитна до крајот!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=0ElRcL1e1ngrnrnМожеби ќе сакате да ја погледнете и оваа нова шпанска серија насловена „El desorden que dejas“.

  • 3 одлични божиќни филмови со кои можете да ја започнете празничната магија!

    3 одлични божиќни филмови со кои можете да ја започнете празничната магија!

    Пред нас е најубавиот период од годината, што значи дека полека е време да се започнат подготовките. Иако сè уште е премногу рано за новогодишни украси и слични ситници, она што можете да направите е да уживате во вашите омилени божиќни филмови кои сигурно ќе ве расположат,но и да го скратат времето до волшебната празнична сезона!rnrnКако што споменавме, божиќните филмови се одлична празнична магија што сакаме да ја почуствуваме уште во ноември. Затоа во моментов е вистинско време да седите удобно во вашиот кревет, да се завиткате во ќебе и да уживате во вкусни закуски и божиќни филмови. Подолу издвоивме три божиќни филмови кои се покажаа како одличен избор за божиќното загревање.rn

    The Princess Switch: Switched Again

    rnОва е вториот дел од филмот „Princess Switch“ и повторно ја раскажува приказната за близнаците кои си го заменија животот. Овој филм излегува на 19 ноември, а неодоливо забавната и позитивна акција е доволно добра причина дефинитивно да го ставите на вашата листа за гледање, затоа што сме сигурни дека нема да бидете разочарани.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=f9OVdmIxksorn

    Christmas Made to Order

    rnОвој филм не е нов, но и покрај тоа што излезе во 2018 година, тој е одличен избор за една опуштена филмска вечер. Филмот ја следи приказната за архитект кој не е толку вешт во организирање на божиќни вечери, но сепак има задача да биде домаќин на своето семејство. Симпатичната и позитивна акција ги покажува сите привлечности на заедништвото и божиќната магија и ја нагласува најважната работа, а тоа се љубовта и семејството на едно место.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=IMMJRKldFzg&feature=emb_titlern

    Operation Christmas Drop

    rnОва е нешто подинамичен филм со божиќна тема и дефинитивно не е невообичаен. Главниот лик поради деловни обврски, не успева да го помине Божиќ со своите најблиски, но добива задача што вклучува и одење во воздухопловната база каде што ќе се сретне со капетанот со кој се кара на самиот почеток. Се разбира, како што обично се случува, нивната врска станува сè покомплексна и ако сте заинтересирани што се случува понатаму, добрата вест е што филмот веќе излезе во октомври!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=JTHWAQG6Gxw&feature=emb_titlernrnМожеби ќе сакате да ги погледнете и овие 9 божиќни филмови што ќе ви го стоплат срцето за време на ладните вечери.

  • 5 филмови снимени според вистински настани што ќе ве заинтригираат

    5 филмови снимени според вистински настани што ќе ве заинтригираат

    Добрите приказни доаѓаат во различни форми, но има нешто посебно во филмовите што се снимени според вистински настани. Инспирирани од вистински ситуации и луѓе, филмовите снимени според вистински настани обично оставаат без текст, инспирираат и шокираат. Овие 5 филмови се доказ дека животот навистина пишува приказни.rn

    „Под лупа“ („Spotlight“)

    rnhttps://youtu.be/EwdCIpbTN5grnrn„Под лупа“ е филм што го остави целиот свет во шок. Приказната се врти околу новинарите од „Бостон глоуб“, кои ги разоткриле католичките свештеници кои сексуално злоставувале деца во Бостон. Во 2003 година, „Бостон глоуб“ доби Пулицерова награда за својата работа. Марк Руфало, Мајкл Китон и Рејчел Мекадамс ќе ве одведат на возбудливо и интригантно патување што долго ќе го паметите.rn

    „Зодијак“ („Zodiac“)

    rnhttps://youtu.be/yNncHPl1UXgrnrnАко обожавате добри мистерии, „Зодијак“ е вистинскиот филм за вас. Станува збор за една од оние екранизирани приказни на кои секогаш сакате да им се вратите. Заплетот е сместен во шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век и ја следи приказната за еден детектив-аматер, кој станува опседнат со сериски убиец. Два и пол часа генијални и напнати приказни за еден од најшокантните сериски убијци во светот.rn

    „Социјална мрежа“ („The Social Network“)

    rnhttps://youtu.be/lB95KLmpLR4rnrnСигурно го користите Фејсбук секој ден, но ако случајно сè уште не знаете која сторија стои зад неговото создавање, време е да се запознаете со работата на генијалниот Марк Цукерберг. Ова е приказна за идејата и за процесот на создавање социјална мрежа која го смени светот засекогаш. Џеси Ајзенберг совршено го глуми Цукерберг и ќе ве запознае со тој малку чуден генијалец кој имал идеја вредна милијарди.rn

    „Во дивината“ („Into the Wild“)

    rnhttps://youtu.be/XZG1FzyB8DIrnrn„Во дивината“ е една од оние приказни што ќе ве смени засекогаш. Кристофер Меккендлес е навидум обичен студент, кој го изненадува своето семејство откако донира повеќе од 20.000 американски долари од сопствените заштеди во добротворни цели по завршувањето на колеџот и се впушта во авантура за цел живот. Кристофер одбива да живее нормален живот и оди да живее во дивината на Алјаска. Оваа инспиративна и потресна приказна ќе ве шокира и ќе предизвика многу прашања.rn

    „Изгубени девојки“ („Lost Girls“)

    rnhttps://youtu.be/UJzGE00wncUrnrnСтанува збор за потресна приказна за Мари Гилберт и за нејзината исчезната ќерка Шанан, која работела како проститутка. Откако полицијата не успеала да го реши случајот, Мари започнува сопствена истрага на Лонг Ајленд, каде што нејзината ќерка била видена последен пат. Нејзината потрага ќе доведе до шокантни откритија, а приказната зад сето тоа ќе ве остави во шок.rnrnПогледнете ги овие 4 документарни филмови што ќе го променат вашиот поглед кон животот.