КАФЕ ПАУЗА

Tag: есен/зима

  • Освежете го плакарот со нова чанта! Откријте кои модели на чанти ќе бидат во тренд во сезоната есен/зима 2021

    Освежете го плакарот со нова чанта! Откријте кои модели на чанти ќе бидат во тренд во сезоната есен/зима 2021

    Моделите на чанти за оваа зима се шик, елегантни, функционални, но и необични. Тие се комбинација од сè што ни е потребно за да ги освежиме парчињата облека оваа сезона. Помина речиси повеќе од еден месец откако се збогувавме со плетените чанти и светлите бои што беа хит ова лето. Со доаѓањето на есента, а наскоро и на зимата, неизбежно е менувањето на гардеробата, а со тоа и на додатоците. Од нив, секако, најпотребна ни е чантата. Проверете кои модели ќе бидат во тренд оваа сезона.rn

    1. „Bucket“ (букет) чанта

    rnОвој модел на чанта е сè повеќе популарен, особено кај помладата популација, па затоа оваа сезона е задолжителен. Сите нијанси и големини се во мода и совршено се вклопуваат со речиси сите комбинации на облека.rnrnosvezhete-go-plakarot-so-nova-chanta-otkrijte-koi-modeli-na-chanti-kje-bidat-vo-trend-vo-sezonata-esen-zima-2021rn

    2. Кружна чанта

    rnОваа чанта се одликува со разиграна форма и е во мала предност оваа сезона во споредба со овалните чанти. Најдобро од сè е што може да се носи со деловна облека, а совршено одговара и за ноќно излегување.rnrnОсвежете го плакарот со нова чанта! Откријте кои модели на чанти ќе бидат во тренд во сезоната есен/зима 2021rn

    3. Чанта во облик на полумесечина

    rnОсобено популарна оваа сезона, чантата во облик на полумесечина ќе ви даде шик изглед. Овој модел е модерен и удобен, и за кратко време успеа да ги освои срцата на многу следбенички на модата како и инфлуенсерки.rnrnОсвежете го плакарот со нова чанта! Откријте кои модели на чанти ќе бидат во тренд во сезоната есен/зима 2021rn

    4. Овална чанта

    rnИако овој модел се карактеризира со необична форма, сепак остава впечаток на класика, а тоа е сосема доволно за да одговара на тековните трендови. Нема да се покаете доколку се одлучите за ваков модел затоа што подеднакво може да се вклопи во сите комбинации, без разлика дали станува збор за дневно или ноќно излегување.rnrnОсвежете го плакарот со нова чанта! Откријте кои модели на чанти ќе бидат во тренд во сезоната есен/зима 2021rn

    5. Преголеми чанти

    rnОвој модел на чанта е хит и оваа сезона. Како што кажува името, оваа чанта е доста практична затоа што може да собере буквално сè што ви е потребно што ја прави да биде вонвременска.rnrnОсвежете го плакарот со нова чанта! Откријте кои модели на чанти ќе бидат во тренд во сезоната есен/зима 2021rnrnОткако откривте кои модели на чанти ќе бидат во тренд оваа сезона, можеби ќе сакате да дознаете и кои 5 модели на чизми се хит оваа есен.rnrnИзвор: lepotaizdravlje.rs

  • Капути и јакни: Откријте ги модерните трендови за оваа зимска сезона

    Капути и јакни: Откријте ги модерните трендови за оваа зимска сезона

    Како што наближуваат есенските денови, сè повеќе размислуваме за неизбежните палта и капути. Нивната главна улога е да нè топлат, но тие се и едни од главните парчиња облека што го одредуваат нашиот стил. Без разлика дали претпочитате класичен или шик стил, секому од вас му е потребна солидна колекција од капути и јакни. Не грижете се, ние сме тука да ви помогнеме да се подготвите за студените зимски денови и ноќи така што ќе ви откриеме кои капути ќе бидат во тренд оваа зима.rnrnКапути и јакни: Откријте ги модерните трендови за оваа зимска сезонаrn

    Кожни јакни

    rnКожните јакни се секогаш добар избор затоа што им стојат добро на сите. Чоколадните нијанси се најпопуларни оваа сезона, иако нема да погрешите доколку се одлучите и за класична, црна кожна јакна.rnrnКапути и јакни: Откријте ги модерните трендови за оваа зимска сезонаrn

    Јакни со принтови

    rnНеобичен пресврт кога станува збор за традиционалните зимски јакни. Додека полека се ослободуваме од ограничувањата поради пандемијата, очекуваме да ги гледаме ваквите дезени во што поголем број.rnrnКапути и јакни: Откријте ги модерните трендови за оваа зимска сезонаrn

    Блејзери

    rnВо светот на модата овие парчиња облека отсекогаш заземале значајно место, а стилистите препорачуваат кремасти нијанси за есенските и зимските месеци.rnrnКапути и јакни: Откријте ги модерните трендови за оваа зимска сезонаrn

    Палта од вештачко крзно

    rnВештачкото крзно е идеално за есенската и зимската сезона. Ваквите крзнени палта не само што се лесни за одржување, туку и секогаш се во тренд.rnrnКапути и јакни: Откријте ги модерните трендови за оваа зимска сезонаrn

    Мантил

    rnОвој капут е секогаш во мода. Без разлика дали ќе се одлучите за класичната кафеава или црна нијанса, нема да погрешите затоа што совршено добро им прилега на сите.rnrnКапути и јакни: Откријте ги модерните трендови за оваа зимска сезонаrn

    Пуф-јакни

    rnПопуларни неколку сезони по ред, овие јакни лесно се вклопуваат со секое парче облека и обувки.rnrnКапути и јакни: Откријте ги модерните трендови за оваа зимска сезонаrnrnДоколку ви се допадна нашиот избор, ви препорачуваме да прочитате и кои 5 модели на чизми се хит оваа есен според модните стилисти.

  • 5 модели на чизми што се хит оваа есен: Еве што предлагаат модните стилисти

    5 модели на чизми што се хит оваа есен: Еве што предлагаат модните стилисти

    Секоја сезона се одликува со нови трендови кога станува збор за облека и чевли, така што и оваа сезона не е исклучок. Што се однесува до чизмите, оваа зима се враќаат некои од старите и подзаборавени трендови. Во продолжение проверете кои се тие.rnrn5 вида чизми што се хит оваа есен: Еве што предлагаат модните стилистиrn

    1. Чизми со тенка и ниска штикла

    rnТрендот што беше особено популарен во 90-тите е повторно актуелен веќе неколку години. Оваа зима, во мода се ултра шик модели, кои можете да ги најдете изработени од материјали со различна текстура. Меѓу најпопуларните во оваа категорија се беж монохроматските чизми.rnrn5 вида чизми што се хит оваа есен: Еве што предлагаат модните стилистиrn

    2. Стилизирани војнички чизми

    rnОвие чизми беа вистински тренд минатата есен, а актуелни се и оваа сезона. Но, оваа зима, стилистите препорачуваат да бидат исклучиво црни.rnrn5 вида чизми што се хит оваа есен: Еве што предлагаат модните стилистиrn

    3. Прилепени чизми

    rnОваа зима се препорачуваат чизми од растеглив материјал што совршено ќе се прилепат за нозете. Доколку сте за секси, ретро, но истовремено и модерен изглед, тогаш овие чизми се вистинскиот избор за вас.rnrn5 вида чизми што се хит оваа есен: Еве што предлагаат модните стилистиrn

    4. Златни и сребрени чизми

    rnОваа сезона, златните и сребрените чизми се меѓу најактуелните избори што можете да ги направите, било да се работи за дневно или за ноќно излегување.rnrn5 вида чизми што се хит оваа есен: Еве што предлагаат модните стилистиrn

    5. Чизми во боја

    rnКрајот на летото не мора да значи дека треба да ги спакувате шарените чизми и алишта за повторно да ги носите наредната летна сезона. Чизмите во боја се дефинитивен хит овој период, особено чизмите со пастелни бои.rnrn5 вида чизми што се хит оваа есен: Еве што предлагаат модните стилистиrnrnОткако прочитавте за модните трендови што се однесува до изборот на чизми оваа сезона, ви препорачуваме да прочитате и кои џемпери ќе бидат во мода оваа есен.

  • Смарагдно зелени комбинации за преминот од есен во зима

    Смарагдно зелени комбинации за преминот од есен во зима

    Кога станува збор за зелената боја, не може да се каже која нијанса е најубава бидејќи сите се многу привлечни. Но, смарагдно зелената нијанса е нијанса ја опишува доцната есен и е создадена за модерни и елегантни комбинации. Ако барате парчиња облека што ќе ви одговараат при преминот од есен во зима, изберете смарагдно зелени џемпери.rnrnСмарагдно зелени комбинации за преминот од есен во зима rnrnСовршено се комбинираат со фармерки, здолништа, панталони, како и со чизми и модни додатоци. Ваше е да изберете облик и дизајн на џемпер во кој ќе се чувствувате најпријатно, а оваа сезона, ставете го фокусот на предимензионалните џемпери, џемпери со v-изрез, како и фустани џемпери.rnrnАко сакате поопуштена комбинација, изберете кафени панталони, црни чизми и џемпер со пом-пом топчиња. Исто така, ако сте личност која претпочита тексас, избледените фармерки со смарагден џемпер што лабаво паѓа, ќе направат да се чувствувате слободно и да изгледате многу привлечно.rnrnАко сакате да носите џемпер-фустан, најдобро е да го комбинирате со мантил во беж боја и потемни чизми. Црното мини здолниште е идеален избор за сите дами кои сакаат да се чувствуваат женствено во текот на студените есенски и зимски денови. Во комбинација со смарагден џемпер, ќе изгледате многу елегантно.rnrnСмарагдно зелени комбинации за преминот од есен во зима rnrnСмарагдно зелени комбинации за преминот од есен во зима rnrnСмарагдно зелени комбинации за преминот од есен во зима rnrnСмарагдно зелени комбинации за преминот од есен во зима rnrnСмарагдно зелени комбинации за преминот од есен во зима rnrnСмарагдно зелени комбинации за преминот од есен во зима rnrnСмарагдно зелени комбинации за преминот од есен во зима rnrnПогледнете кои 6 клучни парчиња облека треба да ги имате за сезоната зима 2020/21.

  • Доминација на големите и широки џемпери: Бордo, портокалови, црвени, жолти…

    Доминација на големите и широки џемпери: Бордo, портокалови, црвени, жолти…

    Удобните џемпери со или без плетенки и оваа есен доминираат во колекцијата на најпознатите светски дизајнери. Во тренд се големи, топли и практични модели кои можете да ги носите и како фустани и како туники, а одлично се комбинираат со фармерки, здолништа, кошули, маички, како и со чизми над колена.rnrn1-dominacija-na-golemite-i-shiroki-dzhemperi-borda-portokalova-crvena-zholta-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку сте љубители на класичните модели, воопшто нема да погрешите ако се одлучите за практични „клот“ ролки и модели со кружен или V-израз. Покрај секогаш актуелните нијанси на беж, пудресто розова и бордо, за оваа сезона модерни се и јаките бои како портокаловата, црвената, жолтата, како и моделите украсени со налепници. А за некои специјални прилики, комбинацијата можете да ја надополнете со ефективни детали, како шешир, каиш, брош, голем ѓердан и слично.rnrn

  • Тигрево око: Хит боја на коса за оваа сезона

    Тигрево око: Хит боја на коса за оваа сезона

    Веќе пишувавме кои бои на коса ќе бидат популарни оваа сезона, но сепак одлучивме подетално да се задржиме на еден од најпопуларните трендови.rnrn1-hit-boja-na-kosa-za-ovaa-sezona-kosa-vo-nijansite-na-tigrovo-oko-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку судиме по социјалните мрежи, како што се Пинтерест и Инстаграм, тогаш најпопуларниот начин на бојадисување на косата за оваа сезона својата инспирација ја пронајде во древниот полускапоцен камен „тигрево око“, во кој се прелеваат богати нијанси на кафеава и златна боја.rnrn9-hit-boja-na-kosa-za-ovaa-sezona-kosa-vo-nijansite-na-tigrovo-oko-www.kafepauza.mk_rnrnТехниката на која овој камен се рекреира во косата е слична како бајлажот, а како резултат се добива убава и природна нијанса која е лесна за одржување. За идеална верзија експертите за коса на подлога од топла или темна чоколадна боја со помош на четката ќе нанесат прамени со нијанса на златна карамела. Резултатот е преубава боја која се прелива од темно кафеава во темно златна нијанса слична на карамела.rnrn10-hit-boja-na-kosa-za-ovaa-sezona-kosa-vo-nijansite-na-tigrovo-oko-www.kafepauza.mk_rnrnТигревото око е камен кој е познат за зголемување на самодовербата и заштита, па може ли оваа боја за коса да има сличен ефект?rnrn

  • Водечки хит за сезоната есен/зима: Блуза со голема панделка!

    Водечки хит за сезоната есен/зима: Блуза со голема панделка!

    Блузите оваа сезона го имаат своето големо враќање на модната сцена, а доколку мораме да издвоиме омилен модел, тогаш тоа би било оној со панделка околу вратот. Лесни, разлетани, женствени и романтични, блузите со панделка околу вратот зрачат со неверојатен шарм. Нè потсетуваат на педесеттите, но и на осумдесеттите кога тие биле дефиниција за работен стил кај жените.rnrn1-vodechki-hit-za-ovaa-esenzima-bluza-so-golema-pandelka-www.kafepaua.mk_rnrnОвие блузи се голем тренд за оваа сезона, и доколку ги прифатите, тогаш ви предлагаме да ги носите во комбинација со миди молив здолниште или мини здолниште со А крој кое има оригинални џебови. Не ги заборавајте високите потпетици. Блузата со панделка околу вратот ќе изгледа неодоливо во комбинација со широки панталони, но и со пошироки фармерки. Додајте шешир и каубојски чизми за да го зачините вашиот изглед.rnrn3-vodechki-hit-za-ovaa-esenzima-bluza-so-golema-pandelka-www.kafepaua.mk_rnrnОваа сезона Гучи ни покажа некои од најневеројатните блузи со панделка, а високите улични брендови како што се Зара и Манго, веќе ги имаат во својата есенска понуда.rnrn2-vodechki-hit-za-ovaa-esenzima-bluza-so-golema-pandelka-www.kafepaua.mk_rnrnМожете да си играте со стилот и да ја врзете панделката или пак да ги оставите лентите да висат лежерно. Блузите со панделка се голем тренд за оваа сезона, без разлика дали ги носите само нив или во комбинација со елек или џемпер.rnrn

  • Неколку начини на кои можете да носите слоевити комбинации, а да не изгледате крупно

    Неколку начини на кои можете да носите слоевити комбинации, а да не изгледате крупно

    Еден од водечките трендови кога е во прашање сезоната есен/зима е секако слоевитото облекување, но ако го занемариме фактот дека ќе бидеме во тренд и дека ќе ни биде топло, најверојатно ќе се соочиме со проблемот кој е наречен „изгледам толку дебело!“ Токму поради тоа ви предлагаме три лесни начини за како да се облечете слоевито, а да ја избегнете можноста за гардеробата да ви „накачи“ некој килограм.rnrn1-nekolku-nachini-na-koi-mozhete-da-nosite-sloeviti-kombinacii-a-da-ne-izgledate-krupno-www.kafepauza.mk_rn

    1. Ролка + Свилен фустан како ноќница

    rnСпој на удобното, топлото, заводливото и женственото. Омилената ролка која обожавате да ја носите во текот на есента и зимата, облечете ја преку свилениот фустан и ќе добиете одлична модна комбинација со која во секој момент ќе изгледате тренди, но и понатаму заводливо и згодно. Бидете „опасни“ па заедно со оваа комбинација понесете моторџиски чизми и сигурно ќе бидете забележани!rnrn2-nekolku-nachini-na-koi-mozhete-da-nosite-sloeviti-kombinacii-a-da-ne-izgledate-krupno-www.kafepauza.mk_rn

    2. Голем шал + кожна јакна

    rnЈа обожаваме кожната јакна, но ги обожаваме и големите, меки, топли шалови. Кога овие две нешта ќе се спојат во едно, се создава тренди, слоевита комбинација во која никако не изгледаме крупно или пак „дебело“. Под овие слоеви можете да облечете што било, а со фармерките и тренди џемперот никогаш нема да погрешите.rnrn3-nekolku-nachini-na-koi-mozhete-da-nosite-sloeviti-kombinacii-a-da-ne-izgledate-krupno-www.kafepauza.mk_rn

    3. Џемпер без ракави + блуза

    rnЗаедно со фармерки и модерни чизми до глуждовите, можете да ја облечете вашата омилена блуза или кошула, а посебен „шарм“ на вашата комбинација ќе даде едноставен џемпер без ракави кои можете да го облечете врз блузата. Одберете некоја од типичните есенски бои како што се темно сината, зелената или виолетовата. Исто така, во оваа комбинација занимливо ќе изгледа и кошулата или блузата со впечатлив принт.rnrn4-nekolku-nachini-na-koi-mozhete-da-nosite-sloeviti-kombinacii-a-da-ne-izgledate-krupno-www.kafepauza.mk_

  • Нова сезона – нови трендови за коса!

    Нова сезона – нови трендови за коса!

    Новата модна сезона е во тек и конечно можеме да ги испробаме сите трендови кои ги видовме во февруари и март оваа година на модните писти на познатите модни куќи и кои со нетрпение чекавме да ги испробаме. Ако сѐ уште не сте го пронашле вашиот совршен стил или пак сакате да го освежите вашиот изглед, погледнете кои фризури се актуелни за сезоната есен/зима 2015. И да, слободно експериментирајте!rnrn1-nova-sezona-novi-trendovi-za-kosata-www.kafepauza.mk_rnrnФризурата која и оваа зима ќе биде актуелна е коњското опавче. Неуредно, благо поткренато опавче, предлагаат Алберта Ферети и Мајкл Корс. Додека пак, Диор, Никол Милер и Бос избираат строга, класична варијанта која модната куќа Каролина Херера ја освежи со металик украс, а Дерек Лам со кожна шнола во јапонски стил. Ако сакате гламурозен изглед, комбинирајте пунџа и опавче како што тоа го претставија Херви Леџер и Ерин Фидерстон на своите ревии.rnrn2-nova-sezona-novi-trendovi-za-kosata-www.kafepauza.mk_rnrnВеќе се навикнавме ревиите на Долче & Габана да бидат запомнети не само по гардеробата, туку и по деталите за коса. После свилените марами, круни и банкноти вплетени во косата, за сезоната есен/зима 2015, тие предлагаат цвеќе за коса. Освен нив, Прада исто така нуди интересни аксесоари за коса во вид на раскошни шноли поставени од страна, веднаш над увото, кој ќе го претворат секој изглед во елеганција.rnrn3-nova-sezona-novi-trendovi-za-kosata-www.kafepauza.mk_rnrnЕфектот на мокра коса или таканаречениот „wet look“ е идеален за врелите летни денови, а додека за ладните доаѓа во вид на пола-пола. Односно, само горниот дел од косата е зачешлан во овој стил, додека долните краеви слободно паѓаат. Со малку труд можете да имате фризура каква што видовме на ревиите на Дона Каран, Зек Посен, Кушни Ит Окс, Прабал Гурунг, Емилио Пучи и Дакон.rnrn4-nova-sezona-novi-trendovi-za-kosata-www.kafepauza.mk_rnrnПунџата е тренд кој никогаш не излегува од мода, туку само се модификува со текот на годините. А оваа сезона пунџата доаѓа право од модните писти во најразлични облици. Незадолжителни пунџи какви што видовме на ревиите на Диана Вон Фурстенберг, Ј.Џ. Андерсон, Мариса Веб и Изабела Марант ќе ја направат вашата дневна кежул комбинација интересна. Притоа, на вас останува да одлучите колку вашата пунџа ќе биде неуредна т.е. колку прамени наизглед случајно ќе излегуваат од собраната коса.rnrn5-nova-sezona-novi-trendovi-za-kosata-www.kafepauza.mk_rnrnВикторија Бекам и Вероника Лирои претставија тренди пунџа во вид на опавче заврзано во јазол, додека Марк Џејкобс ја подигна на повисоко ниво поставувајќи ја на врвот на главата, а наменета е за девојки кои сакаат екстравагантен стил.rnrn6-nova-sezona-novi-trendovi-za-kosata-www.kafepauza.mk_rnrnАко не можете да се одлучите помеѓу пунџа и плетенка, изберете ја нивната комбинација – Том Форд овие две фризури ги спои во една, додека пак поромантичните дами инспирација може да пронајдат во ревиите на Хермес, Вера Ванг и Џорџо Армани. Иако за нивните фризури треба да бидете доста вешти, тие ќе ве претворат во кралица на стилот и ќе привлечете погледи без разлика каде ќе се појавите.rnrn7-nova-sezona-novi-trendovi-za-kosata-www.kafepauza.mk_rnrnФранцускиот шик кој привлече најголемо внимание доаѓа токму од Шанел – благо натапирана коса, обвиткана со едноставна црна лента. Фризурата е инспирирана од стилот на Брижид Бардо, односно фризурата која оваа актерка ја носеше во 60-тите години на минатиот век. Освен Шанел, лентите за коса ги претставија и Фенди, Проенза Шоулер и Хонор.rnrn8-nova-sezona-novi-trendovi-za-kosata-www.kafepauza.mk_

  • Мејкап трендови за есен, 2015: Погледнете каква шминка ќе биде модерна оваа сезона

    Мејкап трендови за есен, 2015: Погледнете каква шминка ќе биде модерна оваа сезона

    Дали и вие се чувствувате необично кога уште во август веќе почнувате да размислувате за есенската мода и бјути трендовите? Како што сите знаеме, за месец дена веќе ќе навлеземе во есенското време, па затоа мораме да бидеме информирани што ќе биде модерно во претстојните есен и зима.rnrnЗабележавме 3 клучни бјути трендови и тие ни се чинат совршени за транзиција од лето во есен. Со помош на неколку феноменални техники, овие есен и зима имате можност да изгледате фантастично.rn

    1. Стробинг

    rn1-mejkap-trendovi-esen-2015-poglednete-kakva-shminka-kje-bide-moderna-ovaa-sezona-kafepauza.mkrnrnИскрено, стробингот е веќе еден од постоечките трендови кои стручњаците мудро го маскираа како нов концепт, но тој сѐ уште е еден од нашите омилени.rnrnНагласувањето на одредени делови од лицето со помош на хајлајтер е апсолутно совршена идеја. Изберете формула која му одговара на вашиот тип на кожа (течни или кремасти производи за сува кожа или прав за мрсна кожа) и одберете производ со умерена доза честици за совршен ефект.rnrnНаместо да ги контурирате јагодиците и лицето, оваа техника подразбира само малку поинтензивно нанесување хајлајтер на она што би сакале да го нагласите за да ја подигнете целокупната структура на вашето лице и на тој начин да добиете свеж, младолик изглед без остри линии.rn

    2. Бејкинг

    rn2-mejkap-trendovi-esen-2015-poglednete-kakva-shminka-kje-bide-moderna-ovaa-sezona-kafepauza.mkrnrnОвој тренд дефинитивно не спаѓа во оние природни изгледи, но е совршен за вечерни настани или лудо излегување со другарките.rnrnКонцептот се состои од правилна хидратација и подготвување на пределот околу очите пред да нанесете коректор со висока моќ за прекривање, а потоа на истото тоа подрачје, со влажен сунѓер за шминкање се нанесува поголема количина пудра во прав или транспарентна пудра за да го фиксирате коректорот кој се наоѓа под неа.rnrnКлучот на целата техника е во трпението – мора да ја оставите пудрата дури 10-тина минути на лицето за да ја „направи својата магија“ или со други зборови, да ѝ дозволите целосно да го фиксира коректорот пред да го отстраните вишокот.rn

    3. Нејасни црти на устата

    rn3-mejkap-trendovi-esen-2015-poglednete-kakva-shminka-kje-bide-moderna-ovaa-sezona-kafepauza.mkrnrnВеројатно еден од најнеобичните, но и најдобри трендови со кои сме се сретнале во последно време. Усните кои немаат јасни линии потполно доминираат со бјути сцената, а целата идеја е да се даде понежен и посуптилен изглед на силните бои. Техниката на апликација, всушност е она што го прави овој тренд модерен – линиите од усните се бришат со парче вата или бојата се нанесува со нежно тапкање користејќи ги само прстите.