КАФЕ ПАУЗА

Tag: долговечност

  • Кои 5 намирници се вистински „сојузници“ за долговечност?

    Кои 5 намирници се вистински „сојузници“ за долговечност?

    Сигурно ви е добро познат фактот дека бобинките се меѓу најздравите намирници бидејќи се богати со влакна, антиоксиданси и други важни хранливи состојки. Според научниците, тоа се должи на присуството на пеларгонидин, состојка која може да го спречи когнитивното нарушување и да го спречи ризикот од Алцхајмерова болест.rnrnКои 5 намирници се вистински „сојузници“ за долговечност?rn

    Што е пеларгонидин?

    rnДиететичарот Кери Ганс објаснува дека црвената и портокаловата нијанса во овошјето се должи на ова соединение кое претставува антиоксиданс. За потсетување, антиоксидансите имаат функција на силен заштитник во организмот. Познато е дека антиоксидансите му помагаат на телото да се бори против слободните радикали и го намалуваат оксидативниот стрес кој може да доведе до разни срцеви заболувања.rnrnСе смета дека ова соединение позитивно влијае врз целото тело благодарение на неговата антиоксидантна активност, но и карактеристиките што ги има како антоцијанинско соединение.rnrnИстражување направено во јули 2022 година покажало дека зголемувањето на количината на пеларгонидин во организмот е клучно за одржување на здравјето на мозокот и когнитивната функција. Ви претставуваме 5 намирници богати со пеларгонидин кои ни помагаат да бидеме витални и во подоцнежните години.rn

    1. Јагоди

    rnНе е чудно што јагодите се на врвот на листата бидејќи се богати не само со пелагонидин туку и витамин Ц, за кој одамна е познато дека е борец против токсините, слободните радикали и е моќен засилувач на имунолошкиот систем.rn

    2. Брусница

    rnБрусницата има и докажани антиинфламаторни својства, а покрај пеларгонидин, се карактеризира и со антибактериски својства.rn

    3. Сливи

    rnСливите се одговорни за бистар, брз и витален ум. Тие содржат полифеноли кои го спречуваат нарушувањето на когнитивните функции.rn

    4. Ротквички

    rnОсвен што го содржат овој моќен антиоксиданс, ротквичките се полни и со калиум кој влијае на крвниот притисок и го намалува ризикот од срцево заболување. Освен тоа, тие се одлични за здрав скалп и сјајна коса.rn

    5. Грав

    rnАко сакате да го зголемите внесот на пеларгонидин во организмот, тогаш консумирајте повеќе грав. Тој е и одличен извор на влакна кои го намалуваат нивото на холестерол и го одржуваат шеќерот во рамнотежа.rnrnОткако прочитавте за овие намирници полни со антиоксиданси, можеби ќе сакате да прочитате и зошто е важно секојдневно да внесувате антиоксиданси.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Кој витамин е пресуден за здрав, среќен и долг живот?

    Кој витамин е пресуден за здрав, среќен и долг живот?

    Дали некогаш сте се запрашале кој витамин е пресуден за здрав, среќен и долг живот? Многу истражувања ја потврдуваат важноста на витаминот Д во имунолошките и метаболичките процеси.rnrnКој витамин е пресуден за здрав, среќен и долг живот?rnrnРецептори за витамин Д се наоѓаат во речиси секоја клетка во телото, што значи дека витаминот Д игра голема улога во целокупното здравје почнувајќи од здравјето на коските, мускулите и имунитетот па сè до когнитивните способности, расположението и долговечноста.rnrnСпоред истражувањето објавено во научното списание „Биологија“ во 2019 година, витаминот Д е моќен антиоксиданс кој помага во балансирање на митохондријалната активност и во борбата против оксидативниот стрес.rnrnПроблемот е што многу луѓе се соочуваат со недостаток на витамин Д, особено во зима кога бројот на сончеви денови е намален. Во продолжение прочитајте за неговите антиоксидантни придобивки.rnrnВитаминот Д помага во заштитата на протеините (на пример, хормони, антитела, колаген), масните киселини (познати како липиди, како што се оние во клеточните мембрани низ телото) и ДНК од оксидација борејќи се со оксидативниот стрес. Дополнително, доволната количина на витамин Д ја овозможуваат митохондријалната еластичност и ендокрината функција. Исто така, поволно влијае на здравиот енергетски метаболизам, хормоналната активност, рамнотежата и долговечноста.rnrnПокрај антиоксидативното дејство, витаминот Д помага при:rn

    Одржување здрава мускулна маса

    rnПокрај одржувањето на формата и функцијата на мускулите, витаминот Д помага во одржување на здрав процент на скелетни и срцеви мускули (познати како мускулна маса). Во клиничка студија од 2014 година – објавена во Американскиот весник за медицина, било откриено дека постарите луѓе со поголема мускулна маса живеат подолго од оние со помалку.rn

    Апсорпција на калциумот

    rnВитаминот Д е клучен минерал за одржување силни, здрави коски.rn

    Го зајакнува имунолошкиот систем

    rnВитаминот Д ја подобрува имунолошката функција на организмот, а особено е важно за старите лица, чии имунолошки систем не реагира толку ефикасно на разноразните предизвици.rnrnДокажан начин да се добие доволна количина на витамин Д е изложување на сонце. Иако го има во одредени намирници, речиси е невозможно да се надополни само од исхраната.rnrnОткако прочитавте за витаминот Д и неговата улога во организмот, можеби ќе сакате да прочитате и кои 7 намирници богати со витамин Д треба да бидат застапени во вашата исхрана во зима.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Рецепт за пијалак за долговечност!

    Рецепт за пијалак за долговечност!

    Денес ви споделуваме рецепт за напиток за долговечност за кој ви се потребни само неколку состојки!rnrnРецепт за пијалак за долговечност! rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 4 моркови
    • rn 011

    • 3 јаболка
    • rn 011

    • сок од 1/2 лимон
    • rn 011

    • парче излупен ѓумбир
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСите состојки ставете ги во соковник и измешајте ги. Испијте го веднаш добиениот сок.rn

    На кој начин овој напиток функционира?

    rnМорковот го подобрува видот, ефикасен е против рак, ја одржува кожата млада и здрава, добар е за срцето, го чисти телото, добро е за здравјето на забите и непцата и е ефикасен против инфаркт.rnrnЈаболкото го зајакнува имунитетот, го поддржува слабеењето, ги стимулира бубрезите, црниот дроб и жолчката, штити од болести на усната шуплина, го стимулира варењето, го штити срцето и крвните садови, помага при стрес, замор и несоница, штити од бактерии и вируси и спречува неколку видови на рак.rnrnЛимонот го чисти црниот дроб и ја стимулира неговата работа, спречува грип, настинки и многу видови инфекции, помага при стомачни проблеми, го помага варењето, го стимулира производството на ензими во црниот дроб, ја нормализира работата на цревата и го олеснува нивното празнење, спречува гингивитис и стоматитис. Помага и во намалување на крвниот притисок и го зголемува нивото на добриот холестерол, спречува грчеви и болки во мускулите, го регулира метаболизмот, штити од стрес и депресија, го намалува ризикот од мозочен удар, го спречува формирањето на камења во бубрезите и жолчката, штити од остеопороза.rnrnЃумбирот ја ублажува непријатноста во стомакот и надуеноста, го стимулира лачењето на слуз, ја ублажува кашлицата и ја ублажува болката во грлото, ја ублажува мачнината, има антибактериски, антигабични и антитоксични својства, па затоа се користи како превенција од грип и настинка. Ѓумбирот се користи и при алергии, има антиинфламаторни својства, поради што се користи во лекување на ревматоиден артритис и остеоартритис. Ефикасен е и за намалување на нивото на холестерол и го спречува згрутчувањето на крвта, а се користи и за лекување стомачни заболувања како што се диспепсија, колика и дијареја.rnrnОткако го прочитавте нашиот рецепт за пијалак за долговечност и здрав имунитет, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за розево месечево млеко кое го зајакнува имунитетот и го подобрува сонот.rnrnИзвор: atma.hr

  • Научниците открија: Овие 3 намирници биле дел од секојдневната исхрана на стогодишниците!

    Научниците открија: Овие 3 намирници биле дел од секојдневната исхрана на стогодишниците!

    Дали некогаш сте виделе постара личност толку полна со живот и младешка енергија што сте се запрашале која е нејзината тајна? Тоа е и прашањето што си го поставиле научниците кога решиле да истражат повеќе за животниот стил на најстарите луѓе во светот.rnrnНаучниците открија Овие 3 намирници биле дел од секојдневната исхрана на стогодишниците!rnrnПритоа, било откриено дека нештата како исхраната, физичката активност, нивото на стрес и социоекономскиот статус играат голема улога во долговечноста. Заедничко за сите испитаници кои биле вклучени во испитувањето било дека ги консумирале следниве намирници:rn

    Чоколадо

    rnСпоред студијата објавена во списанието Antioxidants & Redox Signaling Journal чоколадото не само што е корисно за вашето срце туку може да помогне и во борбата против ракот и заразните болести поради неговите својства кои го стимулираат имунолошкиот систем. Освен тоа, темното чоколадо содржи моќни антиоксиданси кои можат да придонесат за подобро целокупно здравје кога се консумира во умерени количини. Овие антиоксиданси помагаат при намалување на воспалението, регулацијата на крвниот притисок и подобрувањето на функцијата на мозокот благодарение на нивните флавоноиди – состојки што придонесуваат за поздрав и подолг живот. Меѓутоа, важно е да се напомене дека не сите видови чоколадо даваат еднакви резултати. Темното чоколадо можеби е полно со антиоксиданси, но редовното консумирање на останатите видови чоколадо може да има повеќе штетни ефекти врз вашето здравје. Всушност, прекумерното консумирање шеќер може да го зголеми воспалението, шеќерот во крвта и крвниот притисок, па дури и да го зголеми ризикот од срцеви заболувања.rn

    Маслиново масло

    rnИсхраната на стогодишниците вклучувала и употреба на маслиново масло. Според нутриционистите, маслиновото масло содржи незаситени масти кои, пак, ви обезбедуваат доволно витамин Е, антиоксиданс кој го зацврстува имунолошкиот систем. Освен тоа, маслиновото масло може да го намали нивото на лошиот холестерол, а тоа може да доведе до помал ризик од срцеви заболувања.rn

    Вино

    rnОвој алкохолен пијалак е дел од медитеранската исхрана — начин на живот заснован на традиционалните кујни на земјите што излегуваат на Средоземното Море. Научниците тврдат дека овој тип на исхрана помага да се намали ризикот од срцеви заболувања, рак, дијабетес, прекумерна телесна тежина и когнитивни нарушувања. Кога станува збор конкретно за црвеното вино, пијалакот се поврзува со долговечноста доколку се консумира умерено.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и за тврдењето на експертите дека позитивните мисли можат да го продолжат животот за 7,5 години.rnrnИзвор: eatthis.com

  • Сакате да ја зачувате витката линија? Пробајте го овој пијалак!

    Сакате да ја зачувате витката линија? Пробајте го овој пијалак!

    Денес ви споделуваме рецепт за пијалак кој не само што помага при слабеење туку е и полн со антиоксиданси. Започнувајте го секое утро со овој напиток и ќе увидите како се менува вашето тело!rnrnСакате да ја зачувате витката линија? Пробајте го овој пијалак! rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 лажичка чиа семе
    • rn 011

    • 300 милилитри вода
    • rn 011

    • 1 лажица мед
    • rn 011

    • 1 лимон
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете го чиа семето во 100 милилитри вода и оставете го да отстои еден час. Додадете сок од лимон и убаво измешајте. Додадете ги медот и преостанатата вода.rnrnСовет: Пијте го овој хранлив напиток секое утро пред појадок.rn

    Како овој напиток влијае врз организмот?

    rnЧиа семето содржи 5 пати повеќе калциум од млекото, содржи повеќе антиоксиданси од боровинките, има 3 пати повеќе железо од спанаќот, содржи многу повеќе растителни влакна од овесната каша и содржи голема количина на протеини.rn

    Кои се здравствените придобивки од овој пијалак?

    rn1. Предизвикува ситост и помага во регулирање на апетитотrnrn2. Го храни телото со витамини и минералиrnrn3. Го подобрува варењетоrnrn4. Помага во борбата против вишокот килограмиrnrnЛимонот и чиа семето се антиоксиданси кои ќе ви помогнат да го исчистите телото од токсините и маснотиите.rnrnOткако го прочитавте нашиот рецепт за пијалак за долговечност и витка линија, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за освежителен пијалак од лубеница.rnrnИзвор: atma.hr

  • Дали знаевте дека дињата е синоним за долговечноста?

    Дали знаевте дека дињата е синоним за долговечноста?

    Секое овошје има свои здравствени придобивки, но дали некогаш сте размислувале кое од нив е најздравото? Можеби првото овошје што ќе ви падне на ум во овој случај е портокалот или друго овошје богато со витамин Ц. Сепак, според најновите истражувања, друго овошје е синоним за долговечноста.rnrnДали знаевте дека дињата е синоним за долговечноста?rnrnИако можеби дињата и не е најпопуларниот избор кога станува збор за овошје, сепак според голем број нутриционисти таа е најхранливото нешто што можете да го добиете. Тоа се должи на нејзиниот пигмент кој ѝ ја дава портокаловата боја и кој е богат со антиоксиданси.rnrnПигментот, пак, настанува како резултат на присуството на каротеноидот бета-каротин кој телото го претвора во витамин А. Витаминот А, од друга страна, има долга листа на здравствени придобивки почнувајќи од здравјето на очите, кожата, репродуктивното здравје и целокупниот имунитет. Освен тоа, дињата е богата со влакна, што значи дека е корисна за регулирање на шеќерот во крвта.rnrnМеѓу другото, дињата е богата со витамин Ц кој телото не може да го произведе. Затоа експертите препорачуваат секојдневно да го консумирате ова овошје. Вреди да се спомене и дека дињата е одлична за хидратација на организмот – се состои од вода (околу 90%) и многу електролити, а правилната хидратација е клучот за долговечноста.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од дињата, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за освежувачки коктел со диња и босилек.rnrnИзвор: mindbodygreen.com

  • Експертите тврдат дека позитивните мисли можат да го продолжат животот за 7,5 години!

    Експертите тврдат дека позитивните мисли можат да го продолжат животот за 7,5 години!

    Дали понекогаш сте размислувале за фактот дека нашите мисли можат да влијаат врз начинот на кој старееме? Според експертите, позитивните мисли можат дури и да го продолжат нашиот живот за неколку години. Еве за што станува збор.rnrnЕкспертите тврдат дека позитивните мисли можат да го продолжат животот за 7,5 години!rnrnИмено, на сите нам ни е добро познато дека Јапонија е земјата во светот со најголемиот просечен животен век. Според едно истражување, старото население во Јапонија радосно ја дочекува староста наместо да се плаши од неа (типично за САД, но и за многу други делови во светот).rnrnБило откриено дека позитивните мисли значително влијаат врз квалитетот на животот, но и животниот век. Така, оние испитаници кои имале позитивни гледишта за својата старост живееле околу 7,5 години повеќе за разлика од оние со негативни гледишта. Во интервјуто биле вклучени и „суперстогодишници“ од Јапонија (луѓе постари од 100 години), како и најстарата жена во светот, Кане Танака, која на 19 април 2022 година почина на 117-годишна возраст.rnrnСпоред научниците, некои од аспектите на стареењето кои се причина за неговата негативна конотација се всушност негативните стереотипи како, на пример, когнитивното опаѓање. Експертите тврдат дека некои видови меморија, но и способноста за решавање конфликти стануваат подобри како што старееме.rnrnДруг факт е зголемувањето на мотивацијата да се помогне во општеството која е поизразена кај постарите луѓе.rnrnВо секој случај, врската меѓу умот и телото може значително да влијае врз долговечноста, но да не ја заборавиме и улогата на исхраната и физичката активност.rnrnОткако прочитавте за ова необично истражување, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 нешта можете да ги правите за да го одржите мозокот здрав до длабока старост.rnrnИзвор: mindbodygreen.com

  • Зошто луѓето родени во октомври живеат подолго?

    Зошто луѓето родени во октомври живеат подолго?

    Октомври ни ги пожолти улиците и дворовите, принудувајќи нѐ да се облечеме потопло и да започнеме да се подготвуваме за студените денови. За бебињата кои се родени и ќе се родат во текот на овој месец, октомври може да значи и долговечност – барем тоа го покажуваат резултатите на едно истражување.rnrnЗошто луѓето родени во октомври живеат подолго?rnrnНаучници од Универзитетот во Чикаго ги споредиле податоците за луѓе родени помеѓу 1880 и 1895 година кои живееле 100 години или повеќе со податоците на нивните браќа и сестри или партнери. Истражувањето открило дека луѓето родени во октомври најчесто доживувале да го прослават 100-от роденден. Луѓето родени во септември или ноември, исто така, имале повисоки шанси за подолг живот. Од друга страна пак, имало 40% помалку стогодишници кои биле родени во март, мај или јули во споредба со останатите месеци.rnrnОваа теорија е потврдена и од друго истражување спроведено на луѓе родени на северната хемисфера од Земјата кое вели дека бебињата родени наесен живеат подолго од пролетните бебиња.rn

    Зошто бебињата родени во октомври живеат подолго?

    rnСпоред една теорија, овие бебиња се поотпорни на сезонски болести бидејќи не биле родени на екстремно високи, ниту екстремно ниски температури. Оваа отпорност може да влијае на здравјето, а со тоа и на долговечноста на личноста.rn

    Што влијае на долговечноста?

    rnПостојат многу фактори кои може да влијаат на должината на животот. Навиките во исхраната, нивото на физичката активност и одбегнувањето штетни навики, како пушењето, се само некои работи кои придонесуваат за долговечноста. Па, доколку не сте родени во октомври, можеби е време да започнете да живеете поздраво.rnrnПрочитајте уште 10 занимливости за личностите родени во октомври.

  • Жена која го прославила својот 107-ми роденден, ја споделува тајната за долг живот: Останете сингл!

    Жена која го прославила својот 107-ми роденден, ја споделува тајната за долг живот: Останете сингл!

    Луис Сигнор, која живее во Бронкс, Њујорк, се придржува кон здрава исхрана и редовна физичка активност. Но, таа верува дека вистинската причина што таа уживала во животот повеќе од еден век, е тоа што никогаш не стапила во брак.rnrn(1) edna-zhena-koja-go-proslavila-svojot-107-mi-rodenden-ja-spodelila-nejzinata-tajna-za-dolg-zhivot-ostanete-singl-www.kafepauzarn

    „Доколку има вежбање, вежбам. Доколку има танцување, танцувам. По мојот ручек играм бинго, па така целиот ден ми е исполнет“, вели Сигнор. „Мислам дека вистинската причина за достигнување на 107 години е тоа што никогаш не се омажив. Мислам дека тоа е тајната. Мојата сестра вели: ‘Посакувам и јас никогаш да не се омажев’.“

    rnСестрата на оваа жена има 102 години, па можеби долговечноста им е во крвта на нивното семејство.rnrnСигнор го прославила својот роденден со забава во Центарот на заедницата Бартоу, на која присуствувале повеќе од 100 лица.rnrn(2) edna-zhena-koja-go-proslavila-svojot-107-mi-rodenden-ja-spodelila-nejzinata-tajna-za-dolg-zhivot-ostanete-singl-www.kafepauzarnrnАлелиа Марфи (114), моментално го држи рекордот за најстара жена која живее во Америка. Марфи живее во Харлем, Њујорк, што е истото место во кое и Сигнор била родена.rnrnДознајте и кои се 9-те навики на долговечните луѓе.

  • Најдобар рецепт за долговечност: Не го сфаќајте животот премногу сериозно и смејте се!

    Најдобар рецепт за долговечност: Не го сфаќајте животот премногу сериозно и смејте се!

    Сите сакаат да живеат убав и долг живот. И тајната за тоа најверојатно се крие во смеењето. Жените со смисла за хумор имаат 50% помал ризик да умрат од која било болест, и неверојатни 75% помал ризик од смрт предизвикана од срцеви заболувања! Кога се работи за ведрите мажи, кај нив ризикот од смрт поради воспаленија или инфекција исто така е помал дури за 75%! Според истражувањата, луѓето кои се смеат често и кои го гледаат животот од позитивната страна најчесто живеат подолго од 85 години.rnrnrnrnДали сте личноста која се самосожалува и постојано се нервирате затоа што не стигнувате да го направите она што требало? Склони сте од мува да направите слон и во сè го гледате само лошото? Ако е така, овој текст е токму за вас. Крајно време е да ја промените перспективата и да ставите насмевка на лицето!rnrnДали сте знаеле дека луѓето со здрава смисла за хумор кои често се смеат живеат подолго односно се поздрави? Нивната тајна не се крие во гените туку едноставно во различниот пристап на животот. Тие одлучиле на животот да гледаат од друг агол, од посветлата страна. И тоа повеќекратно им се исплаќа!rnrnНајдобар начин за да си обезбедите задоволство, здравје, долговечност и виталност е да не ги земате „при срце“ секојдневните случувања и да не правите проблеми таму каде што ги нема. Во ничиј живот не тече постојано мед и млеко, па некои ситуации можат да бидат посериозни (отказ, тешка болест или смрт во семејството) и сè што се случува во нашиот живот зазема совршено место баш како делче од сложувалка.rn

    Животот како филмска лента

    rnЗошто уште денес не воведете малку ведрина и леснотија во вашето секојдневие?rnrnЕдноставно е, а еве што можете да направите:rn

      rn 011

    • Прифатете ги случувањата такви какви што се.
    • rn 011

    • Не се секирајте за она што не можете да го промените.
    • rn 011

    • Бидете како дете и сфатете го животот како игра.
    • rn 011

    • Опуштете се и дишете длабоко.
    • rn 011

    • Набљудувајте ги случувањата од здрава оддалеченост.
    • rn

    rnИспробајте го и овој пристап: замислете дека седите во кино и се гледате себеси како главен лик на филмското платно. Сетете се на ситуациите кога и ситници ве ваделе од такт. Бидете објективен посматрач на себеси. Кога малку подобро ќе согледате на што придавате важност, слатко ќе се насмеете и автоматски ќе го коригирате вашето однесување.rnrnЖивотот е повеќе како танц или музика, а помалку патување до некоја дестинација, вели британскиот филозоф Алан Вотс. Сепак изгледа дека сме тука за да уживаме во она што ни е подарено, а попатно и нешто да научиме.rnrnШтом ја промените перспективата ќе забележите дека вашето секојдневие е исполнето со забавни и комични ситуации затоа што ништо не е така сериозно како што изгледа на прв поглед.rn

    3 причини за да гледате на животот од позитивна страна

    rn

    1. Загриженоста создава нов проблем – болест

    rnЧовекот од 21-от век е преокупиран со тоа што Интернетот му е премногу спор, не му стои добро костимот или фризурата не му е совршена, некој му напишал лош коментар на профилот и слично. Дали тоа ви се чини барем малку важно кога ќе земете предвид дека деца во Африка умираат од глад, дека многу луѓе немаат чиста вода за пиење, дека умираат бројни животински видови?rnrnКога знаете дека грижата е тотално непродуктивна и бесмислена зошто трошите толку време на неа? Со грижата нема да ги решите проблемите туку ќе добиете уште еден, а тоа е болеста. Поради постојана грижа и стрес можете да страдате од тешка болест.rnrnЖивотот е толку стресен колку што вие сами ќе го направите.rn

    2. Сè е минливо, па дури и вашето тело

    rnСè на овој свет и минливо и релативно. Сè се менува, па и самите вие (погледнете го само вашето тело). Зошто да ги сфаќате моменталните работи премногу сериозно кога за месец или година тоа ќе се промени и нема ни да се сеќавате на тоа што ви предизвикало толку грижа?rnrnШто кога плановите ќе ви се изјаловат? Ни тоа не е причина да бидете огорчени. Потсетете се на изреката: „Човекот планира, Бог се смее“. Понекогаш нашите планови едноставно не се вклопуваат во широката слика од универзумот. А, можеби вашиот план не успеал затоа што зад аголот ве чека нешто многу подобро.rnrnШто и да се случило и кон која насока заминал вашиот живот, секогаш повторувајте го ова: „И тоа ќе помине“. И ќе бидете многу помирни и посреќни.rn

    3. Смеењето е здраво и не ве чини ништо

    rnКога еднаш ќе престанете себеси да се доживувате премногу озбилно, природно ќе почнете повеќе да се смеете. Многу ситуации кои ви биле тешки и напорни сега ќе ви мамат насмевка. Смејте се често затоа што тоа е здраво. Смеата е „заразна“. Ќе им ја пренесете на другите околу себе кои во ваша близина нема да можат да бидат ниту тажни, ниту депресивни. Едноставно ќе ја проширите вашата зона на позитивизам.rnrnПридобивките од смеењето се многубројни, а еве неколку од нив:rn

      rn 011

    • Го снижува крвниот притисок.
    • rn 011

    • Го зголемува внесувањето кислород и ја поттикнува циркулацијата.
    • rn 011

    • Ја ублажува болката.
    • rn 011

    • Го чува здравјето на срцето и крвните жили.
    • rn 011

    • Ги смалува воспалителните состојби во организмот.
    • rn 011

    • Го снижува нивото на кортизол.
    • rn 011

    • Ги ублажува стресот, анксиозноста и мачнината.
    • rn 011

    • Го поттикнува лачењето на ендорфин, хормонот на среќа.
    • rn

    rnВо книгата „Анатомија на болеста“, Норман Казинс опишал како со помош на смеењето односно со гледање комедии ја излекувал својата болест – тешка дегенеративна болест. Исто така во едно истражување кое траело 15 години во кое биле вклучени повеќе од педесет илјади луѓе, се покажале изненадувачки резултати поврзани со влијанието на смеењето и хуморот врз човечкото здравје.rnrnИстражувањата покажале дека луѓето кои често се смеат и го гледаат животот од посветлата страна најчесто живеат подолго од 85 години. Но, можеби тие и на ова истражување слатко би се насмеале.rnrnДознајте и кои се навиките на долговечните луѓе.