Луис Сигнор, која живее во Бронкс, Њујорк, се придржува кон здрава исхрана и редовна физичка активност. Но, таа верува дека вистинската причина што таа уживала во животот повеќе од еден век, е тоа што никогаш не стапила во брак.rnrn
rn
„Доколку има вежбање, вежбам. Доколку има танцување, танцувам. По мојот ручек играм бинго, па така целиот ден ми е исполнет“, вели Сигнор. „Мислам дека вистинската причина за достигнување на 107 години е тоа што никогаш не се омажив. Мислам дека тоа е тајната. Мојата сестра вели: ‘Посакувам и јас никогаш да не се омажев’.“
rnСестрата на оваа жена има 102 години, па можеби долговечноста им е во крвта на нивното семејство.rnrnСигнор го прославила својот роденден со забава во Центарот на заедницата Бартоу, на која присуствувале повеќе од 100 лица.rnrn
rnrnАлелиа Марфи (114), моментално го држи рекордот за најстара жена која живее во Америка. Марфи живее во Харлем, Њујорк, што е истото место во кое и Сигнор била родена.rnrnДознајте и кои се 9-те навики на долговечните луѓе.