Погледнете ги најдобрите фотографии од најновиот конкурс на „Агора“, во кој се избираше најдобрата фотографија од природата, а беа доставени повеќе од 9200 фотографии. Натпреварот „Wild2020“ започна на 21 февруари на мобилната апликација „Агора“, каде што сите фотографи, без разлика дали се аматери или професионалци, можеа да учествуваат на меѓународниот натпревар и да искажат како го гледаат дивиот свет. Во продолжение погледнете ги 30-те најдобри фотографии од овој натпревар.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn
Tag: дивина
-

30-те најдобри фотографии од натпреварот „Дивина 2020“ што ќе ви го разубават денот
-

Фотографии од поларни мечки направени во дивина
Фотографот Дејвид Хемингс од Британска Колумбија, Канада, со години го фотографира животинскиот свет. Неговите најнезаборавни моменти од средбите со животинскиот свет се оние со мајките поларни мечки и нивните младенчиња што се стари само неколку недели. Овие фотографии ги прикажуваат мечките веднаш по излегувањето од своите зимски дупки во Северна Манитоба. Тоа место е многу ладно во зима, но кога ќе ги забележите овие убави мечки во своите живеалишта правејќи го тоа што природата ги тера да го прават, студенилото брзо исчезнува и е заменето со чувство на топлина. Погледнете какви неверојатни фотографии успеал да направи.rn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги и овие 25 редизајнирани фотографии со животни што изгледаат надреално и магично. -

Овие фотографии се доказ дека и животните доживуваат непријатни и смешни ситуации
Завршија и овогодишните награди за комични фотографии од дивиот свет, па додека чекаме да ги видиме победниците, решивме да разгледаме дел од најдобрите пријавени. Смеата не е единственото нешто на што се фокусира овој настан, покажувајќи ни ги забавните страни на природата. Многу поважно, целта на овој натпревар е зачувување на природата. Авторите на веб-сајтот работат со полна пареа ширум светот, спасувајќи животи и заштитувајќи ги животните во дивината.rnrn
rnrnОснован од двајца страсни фотографи, овој забавен натпревар ни ги покажува слатките будалштини на неверојатно животинско царство. Па, можете ли да претпоставите која од овие фотографии ќе биде победничка?rnrn
rnrn -

Големи мачки: Фотограф поминал 10 години фотографирајќи ги овие прекрасни диви суштества
Фотографот од Македонија Горан Анастасовски повеќе од 10 години фотографира големи мачки. Неговата цел е да им покаже на луѓето дека овие диви животни поседуваат сѐ што ние како луѓе очајно посакуваме, а тоа е љубов, храброст, искреност и лојалност.rnrn
rnrnУживајте во емотивните фотографии од овие грандиозни суштества.rnrn -

Дивата авантура на еден човек и неговото куче прикажана низ величествени фотографии
Моќната и нераскинлива врска на кучињата и луѓето е претставена во фотографиите на илустраторот Џон Штоц, кој на импресивен начин го покажува шармот на природата и пријателството.rnrnЏон го пронашол својот сопатник пред две години во едно прифатилиште за кучиња и оттогаш заедно тргнале во своите диви авантури во недопрената природа на Американскиот континент.rnrn
rnrnВо текот на авантурата, тие преноќувале во шатор и во комбето со кое патувале. Уживајќи во номадскиот живот, задоволството се пренело и на природниот сјај кој секоја фотографија го поседува. Некои од фотографиите се смешни, некои контемплативни, но не спорно е дека секоја засебно говори за природната убавина и длабоката пријателска врска.rnrnПравото име на кучето е Волфганг, чие скратено име Волф (Волк) одлично се вклопува во темата на фотографиите.rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Запознајте го Зевс, слепиот був со цела галаксија во своите очи
Едно утро некој во северна Калифорнија на својот трем нашол повреден був. Го однеле на ветеринар, по што бувот го добил својот нов дом – центарот за диви животни во Силмар, Калифорнија. Откако се утврдило дека бувот е слеп и не може да биде пуштен назад во дивината, луѓето од центарот се грижат за него. Тој го добил името Зевс по грчкиот бог на небото и грмотевиците токму поради неговите неверојатно магични очи во кои може да видите цела галаксија од ѕвезди. Сега тој секојдневно им носи среќа на вработените во центарот како и на посетителите.rnrn
rnrnПогледнете го Зевс кој ќе ви го стопи срцето.rnrn
rnrnЗевс се повредил така што со главата удрил во ѕид од куќа. Подоцна се утврдило дека причината за оваа несреќа е тоа што не можел да гледа. Бил исплашен, но за среќа постојат луѓе кои го згрижиле и сега го чуваат овој необичен був. Тие велат дека Зевс е добар со оние кои доаѓаат да го видат и навистина ги развеселува своите посетители со неговата уникатна карактеристика.rnrn

rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Луѓе кои ја имаат напуштено цивилизацијата за да живеат во дивината
Автор: Сања ПетровскаrnrnДали некогаш сте посакале да се оддалечите од сѐ и да заминете некаде каде што никој нема да може да ве најде? Некаде далеку, каде сѐ што ќе ве опкружува ќе бидат мирисот и звуците на природата. Да бидете изолирани од цивилизација така што никој да не може да допре до вас, освен доколку и самиот не реши да го преземе истиот чекор.rnrnДодека за некои тоа е само идеја, а за други краткотрајно решение за малку мир и релаксација, има и такви кои одбрале да водат ваков начин на живот. Францускиот фотограф Антоан Бруи не само што патувал и живеел цели три години со семејства кои одбрале да го живеат овој начин на живот, туку и направил неверојатни фотографии од нив.rnrn
rnrnДоволен е само еден поглед врз овие волшебни фотографии кои веднаш би ве натерале да се запрашате која е приказната која стои зад животот на овие семејства и што ги натерало да се одлучат на ваква промена. Францускиот фотограф решил да го открие ова, па во периодот од 2010 година до 2013 година ги следел на нивното патешествие. Без никаков план и конкретна дестинација, Антоан чекорел по заборавени патчиња низ планинските предели на Европа, по пат запознавајќи многу луѓе кои своеволно се одлучиле да го напуштат својот дом и да загазат во дивината. Притоа, тие станале голема инспирација за него, па тој добил шанса со својот фотоапарат да го прикаже животот кои тие сега го водат и слободата која ја имаат.rnrnВо оваа серија фотографии, наречена Scrublands, што во буквален превод значи Земја која се состои од чистење на вегетација, Антоан ги овековечил лицата и домовите на луѓето кои ги запознал на тоа патување, притоа чувствувајќи го тој живот на своја кожа. Луѓе кои некогаш биле професори, доктори, инженери, сега успеваат да преживеат со минимумот кој може да го понуди природата, живеејќи во импровизирани куќи и посветувајќи се на агрикултурата како основно занимање. Овие луѓе го инспирирале Антоан, а преку неговите фотографии тој се погрижил тие да можат да инспирираат и други.rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Летајте над прекрасната дива природа во Мексико
Регионот Ла Уастека Потосина во Мексико е еден од најубавите делови на светот. Инфраструктурно не е доволно развиен, но тоа има и добра страна затоа што неговата преубава природа останува таква каква што била отсекогаш, незагадена од често присуство на човекот. Во шумите на Ла Уастека Потосина има околу 2.000 различни видови флора и фауна, а податокот дека овде живеат и неколку племиња кои немаат контакт со остатокот од цивилизација говори за тоа колку е недопрен овој дел од светот.rnrn
rnrnНе постојат зборови со кои би можела да се опише таа убавина без од тоа да се направи клише, па затоа ќе оставиме да го погледнете видеото и сами да се уверите за што станува збор. Направено е од страна на студиото Постендфлај со помош на мултиротор, мала направа на далечинско управување која служи за снимање на инаку тешко пристапни објекти.rnrnУживајте!rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Луксузна колиба лоцирана во африканската дивина
Распослана на површина од 4.800 хектари земја во африканската дивина, оваа куќа во Јужна Африка е совршена за оние кои сакаат луксуз, изолираност и приватност. Лоцирана во покраината Лимпопо во Јужноафриканската Република, во оваа пространа, ексклузивна викенд-куќа може истовремено да се сместат 26 гости, кои ќе ги послужува комплетен персонал, како и личен готвач, кој ќе се погрижи за да имаат пријатно и елитно искуство во текот на престојот.rnrn
rnrnВилата располага со прекрасни камини и пространи зони за релаксација и социјализација, кои овозможуваат фантастична глетка кон дивата природа и набљудување на зајдисонцето. Земјените тонови и природниот декор застапен во ентериерот, исто така совршено се вклопуваат во околната природа.rnrn
rnrnОваа вила наречена „Leobo Private Reserve“ е дел од „The Firefly Collection“. Тоа е колекција од голем број внимателно одбрани имоти, кои им гарантираат фантастичен престој на нивните гости, лоцирани на разни места ширум светот. Во текот на својот престој, гостите може да се забавуваат возејќи се на баги мотор со 4 тркала, јавање на коњи, летање со хеликоптер, стрелање на глинени гулаби, риболов, планински велосипедизам и друго.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Поспан меркат кој ќе ве изнасмее
Меркатот Сури очигледно имал тежок ден. Исто како и нас луѓето, тој едноставно некогаш не може да ги издржи дневните обврски без да дремне малку, ни со целото количество кофеин во светот. Сѐ што му треба е ќебенце, перница и приказна за добра ноќ. :)rnrnrnrnСе прашуваме само како овие луѓе го нашле Сури и какво е чувството да се чува меркат за домашно милениче? Меркатите или поинаку кажано сурикати, честопати ги гледаме во анимираните и авантуристички филмови, како на пример во „Животот на Пи“ бидејќи се многу интересни животни. Живеат во сите делови од пустината Калахари во Боцвана, како и во пустината Намиб во Намибија, во југозападна Ангола и во Јужна Африка. Група од меркати се нарекуваат банда или клан. Еден клан од меркати најчесто е сочинет од 20 животни, но некои суперфамилии имаат и 50 или повеќе членови. Животниот век им е 12-14 години и живеат во дивината.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
























































