Едно утро некој во северна Калифорнија на својот трем нашол повреден був. Го однеле на ветеринар, по што бувот го добил својот нов дом – центарот за диви животни во Силмар, Калифорнија. Откако се утврдило дека бувот е слеп и не може да биде пуштен назад во дивината, луѓето од центарот се грижат за него. Тој го добил името Зевс по грчкиот бог на небото и грмотевиците токму поради неговите неверојатно магични очи во кои може да видите цела галаксија од ѕвезди. Сега тој секојдневно им носи среќа на вработените во центарот како и на посетителите.rnrn
rnrnПогледнете го Зевс кој ќе ви го стопи срцето.rnrn
rnrnЗевс се повредил така што со главата удрил во ѕид од куќа. Подоцна се утврдило дека причината за оваа несреќа е тоа што не можел да гледа. Бил исплашен, но за среќа постојат луѓе кои го згрижиле и сега го чуваат овој необичен був. Тие велат дека Зевс е добар со оние кои доаѓаат да го видат и навистина ги развеселува своите посетители со неговата уникатна карактеристика.rnrn

rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.