Моќната и нераскинлива врска на кучињата и луѓето е претставена во фотографиите на илустраторот Џон Штоц, кој на импресивен начин го покажува шармот на природата и пријателството.rnrnЏон го пронашол својот сопатник пред две години во едно прифатилиште за кучиња и оттогаш заедно тргнале во своите диви авантури во недопрената природа на Американскиот континент.rnrn
rnrnВо текот на авантурата, тие преноќувале во шатор и во комбето со кое патувале. Уживајќи во номадскиот живот, задоволството се пренело и на природниот сјај кој секоја фотографија го поседува. Некои од фотографиите се смешни, некои контемплативни, но не спорно е дека секоја засебно говори за природната убавина и длабоката пријателска врска.rnrnПравото име на кучето е Волфганг, чие скратено име Волф (Волк) одлично се вклопува во темата на фотографиите.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.















