Поспан меркат кој ќе ве изнасмее

Сподели

Меркатот Сури очигледно имал тежок ден. Исто како и нас луѓето, тој едноставно некогаш не може да ги издржи дневните обврски без да дремне малку, ни со целото количество кофеин во светот. Сѐ што му треба е ќебенце, перница и приказна за добра ноќ. 🙂

Реклама

Се прашуваме само како овие луѓе го нашле Сури и какво е чувството да се чува меркат за домашно милениче? Меркатите или поинаку кажано сурикати, честопати ги гледаме во анимираните и авантуристички филмови, како на пример во „Животот на Пи“ бидејќи се многу интересни животни. Живеат во сите делови од пустината Калахари во Боцвана, како и во пустината Намиб во Намибија, во југозападна Ангола и во Јужна Африка. Група од меркати се нарекуваат банда или клан. Еден клан од меркати најчесто е сочинет од 20 животни, но некои суперфамилии имаат и 50 или повеќе членови. Животниот век им е 12-14 години и живеат во дивината.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира