Во април годинава ќе се одржи аукција на скелет на Тираносаурус рекс за прв пат во Европа. Швајцарска аукциска куќа Koller auctions со седиште во Цирих смета дека посмртните останки на тираносаурусот стар 67 милиони години ќе привлечат голем број заинтересирани страни.rnrn
rnrn„Ова е трет пат во цел свет како скелет со исклучителен квалитет е изложен на аукција“, е објавено на веб-страницата на аукциската куќа. Не е чудно што предвидуваат дека остатоците од Т-рекс ќе достигнат цена од околу еден милион швајцарски франци или околу 1,1 милион евра.rnrnОпишан како еден од најспектакуларните Т-рекс скелети што постојат, примерокот познат по имеTRX-293 Trinity e долг 11,6 метри и висок 3,9 метри.rnrnПовеќе од половина од коскениот материјал доаѓа од три примероци од тираносаурусите ископани помеѓу 2008 и 2013 година во Монтана и Вајоминг во Соединетите Американски Држави.rnrnАукцијата е отворена за сите заинтересирани, што предизвика големо негодување од страна на научната заедница која не верува дека таков вреден примерок треба да дојде во приватни раце. Дали тоа ќе се случи останува да видиме на 18 април оваа година за кога е закажана лицитацијата.rnrnТираносаурусите биле најголемите месојадни диносауруси во периодот на горна креда во Северна Америка кои изумреле пред 65 милиони години. Припадниците на овој род биле со тежина од околу 7 тони, а главата им била долга околу 1,5 метри.rnrnОткако прочитавте за оваа необична аукција, можеби ќе сакате да прочитате и 13 митови за диносаурусите кои не се точни.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Tag: аукција
-

За прв пат во Европа: Се продава скелетот на Тираносаурус стар 67 милиони години!
-

Слика на Бенкси се самоуништи откако беше продадена за 1 милион евра
Познатиот уметник (а понекогаш и шегаџија) Бенкси навистина знае како да привлече внимание. Неговиот последен трик е можеби најекстравагантниот и најскапиот досега.rnrn
rnrnВо петокот вечерта, неговото познато дело од 2006-та година наречено „Девојче со балон“ се најде на аукција и се продаде за околу еден милион евра. Но, изгледа ова не беше само обична аукција, туку навистина неверојатен перформанс.rnrnШтом делото беше продадено, полека почна да излегува од рамката преку сечила кои претходно биле инсталирани во неа. Така, вредното уметничко дело за кое некој потрошил цело богатство беше уништено.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=hkG6J65Z4aArnrnАко се земе предвид дека Бенкси е личност која не се плаши да направи сцена или да испрати провокативна порака, не би требало да нè изненадува овој настан. Но, луѓето на аукцијата не биле подготвени за ова.rn„Изгледа бевме жртви на Бенкси. Тој е без сомнение најдобриот британски уличен уметник, а оваа вечер видовме дел од неговата генијалност. Се обидуваме да сфатиме кое е значењето на ова во контекст на аукцијата. Уништувањето сега е дел од уметничкото дело. Никогаш не сме се соочиле со ситуација каде што сликата спонтано се уништила откако постигнала рекорд за уметникот“, изјавил Алекс Бренџик од аукциската куќа.
rnНе е познато како делото било уништено бидејќи за да се случи тоа, требало Бенкси или некој што соработува со него, да бил во просторијата за да ги активира сечилата во рамката. Медиумите изјавиле дека кратко по инцидентот бил забележан маж облечен во црно со спортски очила и капа, кој имал проблем со обезбедувањето во близина на влезот.rnrnОд аукциската куќа допрва треба да одлучат што ќе прават со остатоците од делото.rn
„Разговараме со купувачот кој беше навистина изненаден од приказната. Дискутираме за следните чекори.“
rnЦелиот настан отвори дискусија на Твитер и на многу луѓе им се допадна шегата, но сепак имаат и прашања.rn
„Дури и личност како мене што го мрази Бенкси мора да признае дека ова беше навистина добро.“
rn
„Сметам дека причината за ова е тоа што делата на Бенкси треба да бидат видени и искусени, а не да се поседуваат. Можеби сум грешка, но ми се допаѓа ова. Најдоброто нешто што го видов на Твитер цел ден.“
rn
„Како сите експерти на аукцијата што го проучувале делото не успеале да го забележат механизмот во рамката?“
rn
„Личноста што потрошила милион има право да се чувствува измамено и случајот би бил навистина интересен ако одбие да плати.“
rn
„Сигурен сум дека вредноста на сликата пораснала. Ме интересира што ќе се случи.“
-

11 луѓе кои ја направиле најдобрата зделка во нивниот живот
Често се случува да не им ја знаеме вредноста на нештата кои ги поседуваме. Голема е веројатноста дека барем некој од вас има некој предмет кој вреди мало богатство. Сепак, некои луѓе случајно откриле дека поседуваат нешто вакво, па успеале да ги направат најдобрите зделки во нивните животи.rn
1. 330.000 евра за слика најдена на аукција
rn
rnrnОваа мала слика била продадена на некоја аукција по цена од 40 евра. Но откако се открило дека е дело на Џон Констабл, на сопственикот Робин Дарвел му донела вртоглави 330.000 евра.rn2. Оригинален скеч на Енди Ворхол
rn
rnrnВо 2010 година, британскиот бизнисмен Енди Филдс купил неколку мали слики на распродажба по цена од 4 евра. Подоцна решил да им ги смени рамките, и во една од старите рамки пронашол оригинален цртеж од Енди Ворхол. Специјалистите утврдиле дека цртежот вреди околу 2 милиони евра.rn3. Сос од Мекдоналдс
rn
rnrnДали некогаш сте помислиле дека одењето во Мекдоналдс може да ве направи богати? Поради серијата Рик и Морти (Rick and Morty) се прославил сосот „Szechuan“ кој веќе не се продава во Мекдоналдс. Но, истиот можете да го најдете на eBay и тоа по цена од околу 15.000 евра.rn4. 900.000 евра за острица од метеор
rn
rnrnНекои луѓе како да чекорат по златен рудник. Откако во ден град паднал метеор, наоколу можеле да се пронајдат многу остатоци од него. Најголемото парче било проценето дека вреди 900.000 евра.rn5. Работна маса од пицерија која вреди 850.000 евра
rn
rnrnВо една пицерија во Англија се наоѓала навистина луксузна работна маса. На неа е претставена крштевката на Папата. Цената на работната маса, која тогаш никој не ја знаел, била околу 1 милион евра.rnrnПродолжува на следната страница…rn -

Гламур, сексапил и стил: 7-те најскапи филмски фустани
Зад филмските костими се кријат неверојатни приказни. На пример, фустанот на Скарлет О’Хара од филмот „Однесено со виорот“ е продаден за 137.000 долари, а костимографот го купил на распродажба на костими за 20 долари. Денес ќе прошетаме низ нашите омилени филмови и ќе погледнеме кои се најскапите фустани кои ги носеле познатите холивудски дами на филмското платно.rnrn
rnrnВо 2011 година на аукција се појавија многу холивудски реквизити и костими. Славниот фустан на Мерлин Монро од филмот „The Seven Year Itch“ е продаден за 4,6 милиони долари.rnrn
rnrnФустанот на Одри Хепберн од филмот „My fair lady“ исто така е продаден во 2011 година за 3,7 милиони долари.rnrn
rnrnЏули Ендрјус не носела баш така луксузен фустан во филмот „The sound of music“. Токму тој фустан е продаден во 2013 година за 1,56 милиони долари.rnrn
rnrnИако на почетокот на аукцијата процената била дека ќе биде продаден за стотина илјади долари, фустанот кој го носеше Мерлин Монро во филмот „Gentlemen Prefer Blondes“ достигна цена од 1,2 милиони.rnrn
rnrnНајпознатиот филмски, мал црн фустан кој го дизајнирал Живанши за Одри Хепберн, аукциската куќа го продала за 900.000 долари во 2006 година. Живанши овој фустан го подари во добротворни цели, односно парите од продажбата се искористени за загрозените.rnrn
rnrnСино-белото фустанче кое го носеше Џуди Гарланд во филмот „Волшебникот од Оз“ е продадено во 2012 година за 480.000 долари.rnrn
rnrnПреубавиот фустан од филмот „Титаник“, кој го носеше Кејт Винслет е продаден за 330.000 долари во 2012 година.rnrn
-

Како живее високата класа во Азија?
Дали сонувате да возите Мерцедес обложен со кристали од Сваровски? Или повеќе би сакале да го освежите лицето со 24 – каратна златна маска за лице? Ова се само дел од предностите во кои ужива високата класа во Азија.
Луксузниот автомобил Мерцедес Бенц SL600, обложен со 300.000 кристали од Сваровски, е еден од автомобилите изработени по нарачка. Мерцедесот за прв пат беше претставен во салонот за автомобили на компанијата „Гарсон“ во Токио, која се занимава со производство на додатоци за автомобили направени по нарачка. Оние пак, кои ги претпочитаат јахтите пред автомобилите, може да се зачленат во клубот „One Degree 15“ кој се наоѓа на марината во Сингапур, каде што членовите на високата класа може да ги паркираат своите јахти. 
Изборот на хотели е од големо значење за високата класа. Кога се работи за првокласни хотели, не може да не се спомене хотелот Риц – Карлтон кој е сместен во Меѓународниот трговски центар во Хонг Конг. Со самото тоа што овој хотел се наоѓа во четвртата највисока зграда во светот, Риц – Карлтон нуди неверојатен поглед кон трговската област Цим Ша Цуи.
А дали знаевте кое е најскапото суши? Познатиот готвач Анџелито Аранета Џуниор го обновува Гинисовиот рекорд во Манила за најскапо суши некогаш направено, така што става африкански дијаманти врз бисерите на сушито. Рекордот на Аранета беше запишан во Гинисовата книга на рекорди во јуни 2010 година. Најскапото суши ги чини припадниците на високата класа 91.800 пезоси, односно 1.978 долари.
Врвната храна секогаш е во комбинација со квалитетно вино. Во Хонг Конг најквалитетните сорти вина може да се купат на аукција. Една таква аукција на ретки и квалитетни вина беше одржана за време на прес-конференцијата во Хонг Конг. Директорот на аукцијата, Џон Капон, имаше чест да ја претстави најскапата колекција составена од 70 шишиња вино произведени помеѓу 1799 и 2003 година. Колекцијата беше проценета помеѓу 125.000 и 175.000 долари.
Аукциите, изложбите и салоните за убавина сè она во кое ужива високата класа. Во Азија има многу места наменети за богатите. Во Индија може да купите минијатурна репродукција на Таџ Махал изработена од 22 – каратно злато. На аукција во Кина може да се најде автентичен златен накит, како и репродукции на будистичката божица Јиујанг изработени, исто така, од злато. За врв на задоволството се смета третманот со маска за лице од 24 – каратно злато, кој го има само во ексклузивните салони за убавина. 



rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Најскапиот аукциски „Мерцедес Бенц“
Мерцедес е симбол на квалитет во автомобилската индустрија повеќе од еден век, а повеќето нивни модели се запишани во историјата како икони. Еден од тие модели е „Mercedes Benz 540K“ кој се појавил на пазарот во 1937 година. Тој ќе биде продаден на аукција во август оваа година. За него се предвидува дека ќе биде најскапо продадениот Мерцедес преку аукција.rn
Колата била направена да им служи само на неколкумина, бидејќи биле произведени само 406 автомобили за време на производствениот циклус од 1936 до 1939 година. Со текот на времето, повеќето од нив биле уништени, а овој примерок е еден од трите останати во светот. Ова чудо од автомобил има 8-цилиндричен мотор, 180 коњски сили, мануелен менувач со 4 брзини и суспензија на 4 тркала. Достигнува брзина до 100 километри на час за 16,4 секунди, а максималната брзина која може да ја достигне е 170 километри на час. Шасијата на прв поглед изгледа многу тешко (2.594 килограми), но таа е дизајнирана никогаш да не попречи во брзината на автомобилот.rn
Исто така, оваа кола имала и многу славни сопственици. Најпрво била транспортирана во Аргентина, за потоа да биде продавана во Германија, Австралија и во САД. Во 2007 година шефот на „Формула 1“, Берни Еклстоун купи ист ваков модел за 8,25 милиони американски долари. Оттука се верува дека овој модел ќе достигне уште поголема цена, а можеби и светски рекорд.
rn——————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

На продажба најстарото „Бентли“ во светот
Доколку сте вистински вљубеник во автомобилски олдтајмери или пак можеби сте колекционер на класични убавици, тогаш ова ќе биде навистина радосна вест за вас. Најстарото „Бентли“ во светот е на продажба. Автомобилот е ставен на аукција, која ќе се одржи во август 2011 година во Калифорнија, од страна на аукциската куќа „Gooding & Company“.rn
Бентлито од 1921 година, „Chassis No. 3“ се верува дека е првиот автомобил кој бил доставен до неговиот купувач. Овој автомобил учествувал на многу собири и е совршено употреблив и до ден денеска. Оригинално шасијата била направена од алуминиум без кров.rn
Пол Хагеман, специјалист за автомобили во аукциската куќа, објаснува дека првата верзија од автомобилот, била експериментална и дека повеќе не постои. Сепак, втората верзија била зачувана од фабриката. Овој автомобил го поседувале многу сопственици низ целата територија на Велика Британија, но сепак ниту еден од нив вистински не ја сфатил неговата вредност. Оваа класична убавица едно време била во сопственост на велшанецот Ајвор Луелин, татко на актерот Дезмонд Луелин, кој се прочу со улогата на Ку во филмовите од серијалот Џејмс Бонд. Се очекува 3 литарското „Бентли“ да достигне цена од 250.000 американски долари на аукцијата во месец август.
———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Сликата со голата Кејт Винслет од „Титаник“ на продажба
Филмот „Титаник“ засекогаш ќе остане запишан во историјата со златни букви поради неговите неоспорни успеси. Доколку паметите, тој беше номиниран во 14 категории на Оскарите одржани во 1998 година, а од нив победи во дури 11.rn
Една од незаборавните сцени во филмот е кога Џек Досон, чија улога ја толкуваше Леонардо Дикаприо, ја слика Роуз, која е тотално разголена и легната на софа, а на нејзе го носи дијамантскиот ѓердан наречен „Heart of the Ocean” (Срце на океанот). Сликата всушност ја има нацртано режисерот на филмот Џејмс Камерoн.rn
Таа ќе се најде на аукцијата, која ќе ја организира фирмата „Premiere Props“ кои се многу среќни и задоволни што парче од легендарниот филм ќе се појави на нивната манифестација. Тие очекуваат сликата да достигне цена од околу 16.000 американски долари. -

10 најскапи автомобили продадени на аукции
На оваа листа се наоѓаат автомобили кои се продадени низ неколку светски реномирани аукциски куќи. Иако колите се користени, сепак ги привлекуваат богатите луѓе да даваат милионски суми, бидејќи секоја од нив е приказна за себе. Нивната автентичност и историја се главниот адут за високите цени, па така, желбата да се поседува ваков уникатен, а можеби и единствен автомобил, ги оправдува средствата.rn.rn
10. Ferrari 250 LM
rn

rn
- rn011
- Произведен: 1962 година
- Сума: 6 979 000 американски долари
- Аукциска куќа: RM Auctions
- Продаден: мај, 2008 година
rn011
rn011
rn011
rn
rn.rn
9. Shelby Daytona Cobra Coupe
rn

rnrn
- rn011
- Произведен: 1965 година
- Сума: 7 250 000 американски долари
- Аукциска куќа: Mecum Auction
- Продаден: август, 2009 година
rn011
rn011
rn011
rn
rn.rn
8. Rolls-Royce 10hp
rn

rn
- rn011
- Произведен: 1904 година
- Сума: 7 254 290 американски долари
- Аукциска куќа: Bonhams
- Продаден: декември, 2007 година
rn011
rn011
rn011
rn
rn.rn
7. Mercedes-Benz 38/250 SSK
rn

rn
- rn011
- Произведен: 1929 година
- Сума: 7 443 070 американски долари
- Аукциска куќа: Bonhams
- Продаден: септември, 2004
rn011
rn011
rn011
rn
rn.rn
6. Bugatti Type 57SC Atalante Coupe
rn
rn- rn011
- Произведен: 1937 година
- Сума: 7 920 000 американски долари
- Аукциска куќа: Gooding
- Продаден: август, 2008
rn011
rn011
rn011
rn
rn.rn
5. Mercedes-Benz 540K Special Roadster
rn

rn
- rn011
- Произведен: 1937 година
- Сума: 8 252 201 американски долари
- Аукциска куќа: RM Auctions
- Продаден: октомври, 2007 година
rn011
rn011
rn011
rn
rn.rn
4. Ferrari 330 TR/LM
rn

rn
- rn011
- Произведен: 1962 година
- Сума: 9 821 250 американски долари
- Аукциска куќа: RM Auctions
- Продаден: мај, 2007
rn011
rn011
rn011
rn
rn.rn
3. Bugatti Royale Type 41 1931
rn

rn
- rn011
- Произведен: 1931 година
- Сума: 9 800 000 американски долари
- Аукциска куќа: Christie’s
- Продаден: ноември, 1987 година
rn011
rn011
rn011
rn
rn.rn
2. Ferrari 250 GT SWB Spyder
rn

rn
- rn011
- Произведен: 1961 година
- Сума: 10 894 000 американски долари
- Аукциска куќа: RM Auctions
- Продаден: мај, 2008 година
rn011
rn011
rn011
rn
rn.rn
1. Ferrari 250 Testa Rossa
rn
rn- rn011
- Произведен: 1957 година
- Сума: 12 402 500 американски долари
- Аукциска куќа: RM Auctions
- Продаден: мај, 2009 година
rn011
rn011
rn011
rn