Зад филмските костими се кријат неверојатни приказни. На пример, фустанот на Скарлет О’Хара од филмот „Однесено со виорот“ е продаден за 137.000 долари, а костимографот го купил на распродажба на костими за 20 долари. Денес ќе прошетаме низ нашите омилени филмови и ќе погледнеме кои се најскапите фустани кои ги носеле познатите холивудски дами на филмското платно.rnrn
rnrnВо 2011 година на аукција се појавија многу холивудски реквизити и костими. Славниот фустан на Мерлин Монро од филмот „The Seven Year Itch“ е продаден за 4,6 милиони долари.rnrn
rnrnФустанот на Одри Хепберн од филмот „My fair lady“ исто така е продаден во 2011 година за 3,7 милиони долари.rnrn
rnrnЏули Ендрјус не носела баш така луксузен фустан во филмот „The sound of music“. Токму тој фустан е продаден во 2013 година за 1,56 милиони долари.rnrn
rnrnИако на почетокот на аукцијата процената била дека ќе биде продаден за стотина илјади долари, фустанот кој го носеше Мерлин Монро во филмот „Gentlemen Prefer Blondes“ достигна цена од 1,2 милиони.rnrn
rnrnНајпознатиот филмски, мал црн фустан кој го дизајнирал Живанши за Одри Хепберн, аукциската куќа го продала за 900.000 долари во 2006 година. Живанши овој фустан го подари во добротворни цели, односно парите од продажбата се искористени за загрозените.rnrn
rnrnСино-белото фустанче кое го носеше Џуди Гарланд во филмот „Волшебникот од Оз“ е продадено во 2012 година за 480.000 долари.rnrn
rnrnПреубавиот фустан од филмот „Титаник“, кој го носеше Кејт Винслет е продаден за 330.000 долари во 2012 година.rnrn
Гламур, сексапил и стил: 7-те најскапи филмски фустани
