Предците на луѓето живееле на Земјата пред 6 милиони години, но кое е најстарото место што ги чува археолошките докази за нивното постоење? Научните истражувања укажуваат на два локалитета околу кои спорат експертите. Едниот е во Кенија, а другиот во Етиопија.rnrn
rnrnДесетина експерти за археологија и антропологија дале различни мислења за научното списание Live Science. Затоа, логично се поставило и прашањето зошто и каде нивните мислења се разидуваат. Според Џонатан Сала, професор по археологија на Универзитетот во Кејп Таун, Јужна Африка, прашањето за најстариот археолошки локалитет во светот ја раздели археолошката заедница.rn
Ломекви 3 во Кенија
rnЕден од двата локалитети е Ломекви 3 што се наоѓа на низок рид во Западна Туркана во Кенија. Во студија објавена во списанието Nature во 2015 година, истражувачите изјавија дека преку датирање на седиментот во кој се пронајдени артефактите (коски и алати) ја процениле староста на локалитетот на околу 3,3 милиони години. Според научниците, алатките биле најверојатно изработени од Australopithecus afarensis, хоминини кои го населувале регионот во тоа време. Локалитетот е сместен на мал рид недалеку од езерото Туркана. Тимот научници дошол до заклучок дека племето сочинето од Australopithecus afarensis користеле камени алатки за кршење ореви.rnНекои од научниците не се убедени во староста на овие алатки и тврдат дека дел од нив се пронајдени во контекст во кој не може да се одреди нивната старост. Со други зборови, тие не можат да бидат датирани од исто време како и седиментот во кој се пронајдени.rnrn
rn
Гона во Етиопија
rnСала е еден од археолозите што не се согласува со тврдењето дека артефактите пронајдени во Ломекви датираат од пред 3,3 милиони години. За него, најстарите археолошки артефакти се камените алатки што се пронајдени во Гона покрај реката Када Гона во Афар, Етиопија, и се стари околу 2,6 милиони години. Камените алатки најверојатно биле изработени од Australopithecus garhi, човечки предок кој живеел во Источна Африка пред околу 2,5 милиони години. Фосили од тој вид се пронајдени во близина на камените алатки и можеби токму тие биле меѓу првите човечки предци кои ја усовршиле техниката за изработка на камено оружје.rnrn
rnrnОд друга страна, дел од научниците сметаат дека локалитетот во Ломекви е постар од оној во Гона со образложение дека камените артефакти пронајдени во Ломекви се погруби од оние пронајдени во Гона и можеби воопшто не биле користени како алатки.rnrnСепак, дури и ако се докаже дека артефактите од Ломекви не се користеле како алатки, тие се сметаат за едни од најраните траги на нашите предци.rnrnОткако прочитавте за најстарите археолошки наоѓалишта во светот, можеби ќе сакате да дознаете повеќе и за неверојатните сличности помеѓу нас и праисториските луѓе.

rnrnТа Пром е храм лоциран во Анкгор Ват, Камбоџа. Наменета и како будистички манастир и како центар за учење, структурата била изградена во доцниот 12-ти век од Џајаварман VII, крал на Кмерското Царство.rnrnСместен во џунглата и напуштен уште од 15-тиот век, Та Пром е познат по обраснатата состојба на срушениот комплекс. Бидејќи камењата се поставени без малтер, корењата и гранките на дрвјата се извиле околу ѕидовите, создавајќи сцена од најлудите соништа на секој археолог.rn
rnrnЕл Кастиљо, неверојатната мезоамериканска скалеста пирамида, се наоѓа во срцето на Чичен Ица. Чичен Ица е град конструиран од Маите на полуостровот Јукатан, Мексико, помеѓу 9-тиот и 12-тиот век.rnrnСо височина од 29 метри и име чие значење е „замокот“, не е ни чудо што Ел Кастиљо се смета за едно од новите Седум светски чуда во светот. Она што го прави овој споменик уште помагичен се појавува само два пати годишно – околу 15 часот, на пролетната и есенската рамноденица, кога сончевата светлина паѓа врз главните скалила на пирамидата така што создава сенка во форма на змија. Сенката постепено се спушта надоле и на крајот се соединува со големата глава од змија, издлабена од камен на дното на скалилата.rn
rnrnБаган е древен град во регионот Мандалеј во Мјанмар. Во својот најдобар период, Баган бил дом на над 10.000 будистички храмови и светилишта. Иако овој број се намалил изминатиов милениум, речиси 2.000 од структурите се останати до денес, правејќи го Баган место што морате да го посетите.rnrnИлјадниците храмови се најимпресивниот доказ за религиската посветеност на луѓето од Мјанмар. Тие формираат едно од најбогатите археолошки наоѓалишта во Азија и нудат поглед што го нема на ниту едно друго место.rn
rnrnГраден помеѓу 3000 и 1500 година п.н.е., Стоунхенџ е еден од најпознатите споменици од праисторијата. Лоцирана во Вилтшаер, Англија, уникатната структура е направена од два вида камења кои се наредени концентрично. Стоунхенџ и денес претставува мистерија – никој не знае зошто е изграден, но постојат неколку теории. Најверојатно претставувал соларен календар, светилиште за пагански богови или древни гробишта за популарните луѓе.rnrnПродолжува на 
rnrnОваа година можеме да очекуваме повеќе информации за големата празнина откриена над големата галерија во Големата пирамида во Гиза – ходникот што води до саркофагот на фараонот Куфу. Празнината е долга над 30 метри. Археолозите го забележале празниот простор уште во 2017-та година, но нејасно е дали просторот е затворен дел што се градел, скриена гробница или неколку помали простории.rnrnПразнината е откриена со помош на честички познати како миони. Мионите се формираат кога космичките зраци доаѓаат во контакт со горната атмосфера на Земјата и можат да патуваат низ камен. Моментално се прават уште вакви тестови со надеж дека ќе се открие што навистина се крие во празнината. Резултатите најверојатно ќе ги видиме оваа година.rn
rnrnВо 2019-та година можеме да го очекуваме откривањето на нова пештера во близина на Кумран, местото каде што биле закопани свитоците од Мртвото море. Овие свитоци се состојат од фрагменти од 900 текстови и биле откриени во 12 пештери. И во 2017-та и во 2018-та година се открија многу ограбени пештери во кои има докази дека ги „чувале“ свитоците во минатото. Голема е веројатноста ваква пештера да се открие и оваа година.rnrnАрхеолозите неколку години работат во оваа област како дел од проект кој има за цел да открие и да истражува пештери во Јудејската Пустина што можеби содржат артефакти.rn
rnrnМожеби оваа година ќе се појават 1.400 плочи од изгубениот град Ирисагриг во Ирак. Ќе бидат истакнати во приватна колекција чиј сопственик сака да остане анонимен. Изминативе две децении на пазарот за антиквитети се појавувале многу плочи од овој град. Додека ограбувачите го знаат местото на градот, локацијата им е непозната на археолозите. Можеби новите плочи ќе им помогнат да го најдат.rn
rnrnПомеѓу 1885-та и 1916-та година, компанијата Фаберже направила околу 50 ориентално украсени велигденски јајца за руското кралско семејство. По Руската Револуција во 1917-та година, некои од овие јајца исчезнале. Во 2017-та година се откри постоењето на документ кој е доказ за пренесувањето на голема залиха уметнички дела и антиквитети од Советскиот Сојуз и Турција во Њу Орлеанс. Додека документите не кажуваат што точно се испорачало, можно е овде да се наоѓаат познатите велигденски јајца. Постојат гласини дека некои од нив завршиле во приватни колекции.rn
rnrnВо 2013-та година, археолозите кои работеле на локалитетот Вади ал-Џарф покрај Црвеното Море, откриле папирус кој датира пред околу 4.500 години, односно во периодот на владеењето на Куфу. Испитувањата покажале дека папирусот е бележник на инспектор по име Мерер, кој водел тим чија цел била помагањето во конструкцијата на Големата пирамида и други градежни проекти низ Египет.rnrnЗасега е дешифриран само дел од бележникот, а добиените информации укажуваат на древно пристаниште лоцирано во близина на Големата пирамида, како и на движењето на варовникот кон пирамидата. Во 2019-та можеби ќе дознаеме нешто повеќе од анализите кои сè уште траат.rnrnДали знаете кои се 
rnrnДенес урнатините од пустинскиот град Шивта го сочинуваат национален парк во пустината Негев во Израел. Ова е еден од четирите древни градови во регионот заштитени од УНЕСКО.rnrnВо Византискиот период, по четвртиот век од нашата ера, Шивта станал важна христијанска заедница. Ова било и место за застанување на аџиите кои оделе кон манастирот Света Катерина на Синајскиот Полуостров. Во овој период во градот се наоѓале три христијански цркви направени од камен. Градот почнал да пропаѓа во деветтиот век од нашата ера, а подоцна бил напуштен. Одново бил откриен во 19-тиот век.rnrn
rnrnУрнатините на Шивта биле истражувани од европски археолози во текот на 1870-тите, а прв пат бил научно истражен во 1914-та година од двајца англиски археолози – Ц. Л. Вули и Т. Е. Лоренс.rnrnИстражувачите веќе неколку години знаат дека на ѕидовите на јужната црква може да се најде ран цртеж од Исус. Сликата е многу оштетена и се гледа само формата на фигурите од сцената која е опишана во евангелијата.rnrn
rnrnВо 2017-та година, Ема Мајан Фанар барала засолниште од пустинското сонце, кога го здогледала лицето на Исус. Историчарката на уметност од Универзитетот Хаифа во Израел, ги проучувала крстовите и другите мотиви на камењата на древните цркви и куќи во урнатините од Шивта.rnrn
rnrnИако било февруари, деновите во пустината сепак се со високи температури, па Ема побарала засолниште под еден од неколкуте покриви кои стојат до денес. Застанала во крштелницата во најсеверната црква од древниот град. Овде ги забележала бледите остатоци од портретот на Исус Христос и слика од неговото крштевање во реката Јордан, нацртана на таванот пред околу 1.500 години.rn
rnrnСе смета дека оштетената слика е можеби најстариот приказ на Исус кој е најден досега во Израел, и една од малкуте слики од тој период што прикажуваат детали од неговото лице.rnrn
rnrnПрикажувањето на Исус со кратка коса било често низ истокот од Византиската Империја, особено во Египет и регионот кај Сирија и Палестина. Но со текот на времето оваа традиција била заменета со слики од Исус со долга коса, кои често ги сретнуваме и денес.rnrnИсто така Исус бил прикажан како многу млад маж бидејќи неговото крштевање во Јордан симболизирало „ново раѓање“. Од истата причина, на сликата е прикажана поголема фигура на Јован Крстител.rnrn
rnrnВо нивниот извештај за сликата со крштевањето, Ема и нејзините колеги го опишале портретот на Исус како млад маж со кратка виткана коса, издолжено лице, големи очи и издолжен нос. Тие сметаат дека сликата го претставува реалниот лик на Исус, оној кој не е опишан во евангелијата.rnrn
rnrnСпоред Ема, археолозите кои го истражувале градот во доцните 1920-ти, кратко забележале дека имало траги од слика на таванот на крштелницата, но не запишале никакви детали. Сепак, за да се забележи сликата потребна е добра опрема.rnrn
rnrnСега ќе се направат обиди за реставрирање на сликата користејќи модерни техники за конзервација. Бидејќи состојбата на сликата е многу лоша, потребно е да се работи навистина внимателно. Ема се надева дека сликата прикажува многу повеќе, само е сокриена од ерозијата.rnrnДали знаете кои се 
rnrnВо Копенхаген, Данска, има уникатна колекција од египетски записи. Преведени се дури оваа година и преводот досега нуди многу информации. Неколку медицински текстови потекнуваат од древната библиотека во Тебтунис која била активна до 200 година п.н.е. и била основана долго пред познатата библиотека во Александрија.rnrnВо еден текст се зборува за човечките бубрези, податок што ги поби верувањата дека Египќаните од тој период не биле свесни за органите. Друг текст датира од пред околу 3.500 години, период кога не постоело европско писмо. Во него се опишува тест за бременост кој подоцна се појавил како германски лек во 1699-та година. Ова го нагласува влијанието на древната египетска медицина која често е заборавена во грчките и римските текстови. Тоа е иронично бидејќи` знаењето на Египќаните ја поставило основата. Колекцијата исто така содржи текстови за астрологија, ботаника и многу други области.rn
rnrnВо минатото лекарите верувале дека матката на жената може да „одлута“ и да предизвика хистерија. Никогаш не е објаснето каде всушност одела матката, но еден римски доктор не го поддржувал ова. Неговото име било Гален (130-210 година). Работата на овој лекар е на некој начин столб на она што подоцна ќе стане модерна медицина. Но неодамнешно откритие покажало дека дури и Глен грешел, и тоа многу. Сè започнало со папирус стар 2.000 години што никој не можел да го прочита цели 4 векови. Текстот на двете страни изгледал како пишување во огледало. Бидејќи папирусот бил сокриен во архива на еден шведски универзитет, оштетениот документ бил исчистен дури оваа година. Записот од задниот дел изгледа воопшто не бил мистерија. Документот се состоел од неколку поврзани листови, од кои некои погрешно.rnrnЗагатката за содржината конечно била решена и сега е јасно дека делото е на Гален или некој кој ја опишал неговата дијагноза за хистерија. Според записот, нарушувањето се појавувало поради малку секс. Гален сметал дека поради ова жените можат да страдаат од „хистерично гушење“ или апнеја.rn
rnrnЗа време на владеењето на Хенри VIII се изгубиле бројни свети артефакти и книги. Тој владеел во 16-тот век и затворил многу манастири, вклучувајќи ја и катедралата во Кантербери. За време на кризата исчезнала библиотеката на катедралата која имала 30.000 книги. Во 2018-та година бил пронајден еден том – ретка средновековна Библија. Кога Хенри ги уништувал манастирите, Библијата веќе имала 300 години. Половина милениум подоцна, Библијата се појавила на продажба на ретки книги во Лондон. Денес Библијата се наоѓа во катедралата и е една од 30-те книги од оригиналната библиотека.rn
rnrnЏејмс I од Англија имал специфичен страв и како резултат на ова умреле стотици негови слуги и помошници. Џејмс се плашел од вештерки. Во 1606-та година, Томас Саквил, неговиот благајник, очекувал посета од кралот. Тој изградил неверојатни соби во кулата на неговиот дом и преземал многу мерки за да го заштити кралот од вештерки.rnrnВо 2014-та година биле откриени симболи дизајнирани со цел да ги спречат вештерките да влезат во просториите на кралот. Биле изгравирани на подот и околу каминот. Симболите наликувале на латинските букви V и W и целта им била да ја привлечат заштитата на Дева Марија. За да се заробат злите духови биле изградени лавиринти наречени стапици за демони. Она што е интересно е што ова се првите точно датирани знаци за вештерки. Се верувало дека станува збор само за линии кои им биле мерки на мајсторите, но покрај линиите навистина постојат и симболи.rn
rnrnВо Корнвел бил пронајден доказ за постоењето на судот на кралот Артур, но само за верниците во легендарниот владетел. За останатите, овој артефакт стар 1.300 години не докажува ништо. Во 2018-та година бил пронајден камен во замокот Тинтагел, родното место на кралот. На ова место со векови се барале докази за неговото постоење и неодамна е додаден интересен детаљ на ова. Можеби не пишува „Артур беше овде“, но каменот со должина од 0,61 метар е изгравиран од едуцирана рака. Латинските фрази, христијанските симболи, римските и келтските имиња бие изгравирани со ракопис сличен на евангелијата од тој период.rnrnЗа истражувачите кои знаеле дека местото имало висок статус во минатото, нивото на едукација е пријатно изненадување. Ако ништо друго, овој камен покажува дека заедницата во Тинтагел била едуцирана и не станувало збор за средновековни варвари.rnrnПродолжува на 
rnrnОперацијата на мозок е неодамнешна специјализација за докторите. Благодарение на наредното знаење од областа на психологијата и невронауката, тоа што можеме да третираме ментални и невролошки нарушувања за неколку недели е навистина занемарено чудо. Деликатноста на мозокот укажува дека операциите на него можат да бидат изведени само со денешната технологија и знаење.rnrnНо, операцијата на мозок можеби не е толку модерна како што мислиме. Постојат докази кои покажуваат дека нашите предци правеле операции на мозок за лекување главоболки, а повеќето од нив биле успешни. Доктор Џиорго Сперати е медицински историчар и забележал дека половина од праисториските пациенти кои ѝ подлегнале на оваа примитивна операција преживеале и живееле со години по зафатот. Археолозите тврдат дека овие операции биле правени уште во 8.000 година п.н.е.rn
rnrnИако играчките за возрасни се тема за која не сите сакаат да разговараат, побарувачката за нив е навистина голема. Очигледно е дека сексот постои уште од настанокот на човекот, но она што ќе ве изненади е што играчките за возрасни се користеле во Палеолитот. Во пештера во Германија е откриено издолжено и полирано парче камен што укажува дека жените се задоволувале со играчки. Овој артефакт е долг 20 центиметри и има дијаметар од 3 центиметри.rn
rnrnЕден од најпознатите „нарко босови“ во историјата, Пабло Ескобар, на врвот на својата кариера имал богатство од речиси 3 милијарди евра. Ова укажува дека постои огромен пазар за дрога во светот. Без разлика дали станува збор за печурки, марихуана или кокаин, секогаш ќе има луѓе кои ќе сакаат да ја изменат нивната свест.rnrnКако и многу луѓе денес, и нашите праисториски предци ги сакале дрогите за рекреација. Археолошко ископување на Карибите резултирало со керамички садови и цевки кои биле користени за вдишување на халуциногени пареа и прав. Археолозите веруваат дека праисториските луѓе користеле дрога за да паднат во транс како дел од духовната практика.rn
rnrnВо Европа 1 од 4 семејства имаат куче, а во Америка кучиња чуваат околу 37% од домаќинствата. Ова ни кажува дека кучињата се важен дел од животот на модерниот човек. Претходно мислевме дека кучињата во праисторијата биле чувани како животни за работа, но науката го вели спротивното.rnrnВо источен Сибир се пронајдени фосили од кучиња во посебно направени ковчези. Содржината на нивните стомаци покажува дека ги хранеле со морска храна, па дури имале и накит од нивните сопственици. Овие кучешки гробници кои се стари 33.000 години докажуваат дека врската помеѓу кучето и човек постои многу одамна.rn
rnrnПивото се наоѓа на речиси сите социјални настани. Многу луѓе го пијат редовно, па дури и секојдневно. Но служењето пиво на забави не е ништо ново. Истражувања покажале дека пиво се служело и на праисториските забави. Минатата година археолозите откриле место во Кипар кое се користело за правење пиво и одржување религиски церемонии. Оваа древна пивница работела пред речиси 11.000 години и ја има целата опрема за правење примитивно пиво.rnrnПродолжува на 
rnrnПоголемиот дел од саркофагот е покриен со дебел слој малтер, а ова укажува дека не е отворен откога е закопан. Поради ова личноста што е закопана внатре, заедно со облеката, накитот и артефактите, можеби е во одлична состојба и чека да биде откриена.rnrnДо саркофагот е пронајдена и глава на маж направена од алабастер. Главата најверојатно го претставува човекот закопан во саркофагот.rnrn
rnrnТим од Египетското министерство за антиквитети ја истражувал околината пред да започне изградба на зграда кога го откриле мистериозниот ковчег.rnrnСаркофагот датира помеѓу 304-та и 30-та година п.н.е., период по смртта на Александар Велики кога наследниците на Птоломеј Први владееле со Египет. Во овој период, Александрија била главен град на Египет.rnrnОва откритие ги остава археолозите со неколку неодговорени прашања. Кој е закопан во саркофагот? Кои артефакти се кријат внатре? Зошто саркофагот е толку голем?rnrnИако древните гробници скоро секојдневно се откриваат во Египет, најчесто тие се ограбени, или во древниот или во модерниот период. Повеќето саркофази што се откриваат се веќе отворени, артефактите се украдени, а често коските од мумиите се расфрлани од крадците.rnrnВо овој случај саркофагот не е отворен, а ова е одлична можност за археолозите да ја проучат неговата содржина. Саркофагот уште не е отворен. Со цел да се избегне оштетување, археолозите најверојатно ќе користат рендгенски зраци, компјутерски томографски скенер и други тестови за да дознаат што се крие во неговата внатрешност без да го отвораат.rnrnДознајте нешто повеќе за 
rnrnПред 2.500 години, во Египет имало масивен лавиринт кој според луѓето кои го виделе ги засенувал и пирамидите. Лавиринтот бил огромна градба на 2 ката. Внатре имало 3.000 разни соби поврзани со комплексен лавиринт од кој никој не можел да излезе без водич. Имало и подземно ниво кое било гробница за кралеви, а масивниот покрив бил направен од еден камен.rnrnБројни древни писатели кои наводно го виделе лавиринтот го опишувале во своите дела, но 2.500 години подоцна сè уште не знаеме каде се наоѓа. Единствено е пронајдено масивно плато со ширина од 300 метри за кое се верува дека е основата на лавиринтот. За жал, ако ова е точно изгубени се горните катови.rn
rnrnВо 2015-та година археолозите пронашле гробница на жена која била закопана покрај пирамидите на Старото Египетско Кралство. Во гробницата биле пронајдени записи кои ја нарекувале „сопруга на кралот“ и „мајка на кралот“. Оваа жена живеела пред 4.500 години и тогаш би била една од најважните личности на планетата. Но, никој не знае која е.rnrnИсторичарите ја нарекле Кентакавес III поради претпоставка дека е ќерка на кралицата Кентакавес II. Тие веруваат дека можеби била сопруга на фараонот Неферефре и мајка на фараонот Мекахур. Нејзиното име не е спомнато никаде и до денес претставува вистинска енигма.rn
rnrnВо 2013-та година во Тел Хазор, Израел, археолозите откриле нешто што не очекувале да биде толку далеку од Египет – египетска сфинга стара 4.000 години. Всушност тие ги пронашле стапалата на статуа кои биле поставени на основа. Се верува дека остатокот е уништен пред илјадници години. Никој не знае што бара египетска статуа во Израел. Единственото делче од сложувалката е натпис на основата кој гласи „Крал Микеринус“, името на фараонот кој владеел со Египет околу 2500-та година п.н.е.rnrnМала е веројатноста дека Тел Хазор бил освоен од Египќаните. За време на владеењето на Микеринус, Тел Хазор бил центар за размена директно помеѓу Египет и Вавилон. Најверојатно сфингата била подарок.rn
rnrnТутанкамон имал само 19 години кога умрел и никој не знае што точно се случило. Мистеријата е поради тоа што тој имал толку многу проблеми, па не се знае кој го „докрајчил“. Неговото здравје било ужасно. Имал маларија и бил роден со толку многу генетски нарушувања, што историчарите се убедени дека неговите родители биле брат и сестра. Исто така има и скршен череп, па многу археолози мислеле дека бил прободен во главата. Денес се верува дека неговото тело било оштетено за време на балсамирањето.rn
rnrnНајголемата пирамида во Египет е изградена пред 4.500 години за фараонот Куфу. Тоа е масивна структура висока речиси 150 метри и е изградена од над 2,3 милиони камени блокови. До неодамна се мислеше дека внатре има само 3 простории. Ако мислите дека тоа е многу потрошен простор, не сте единствените. Поради ова, еден тим во ноември 2017-та година ја скенирал пирамидата со цел да открие нешто повеќе за неа. Над Големата галерија на пирамидата откриле знаци кои укажуваат на уште една огромна скриена просторија.rnrnОна што е чудно е тоа што Египќаните ја направиле просторијата целосно непристапна. Нема никакви тунели кои водат кон неа. Единствениот начин да ставиле нешто во неа е во текот на изградбата.rnrnПродолжува на 
rnrnВо 1994-та година археолозите пронашле гробница во мајанскиот град Паленке. Тие откриле ковчег со остатоци од жена кои биле покриени со црвен прав. Исто така во ковчегот имало колекција од бисери. Околу черепот имало дијадема и остатоци од погребна маска. Истражувањата покажале дека Црвена кралица имала околу 60 години на денот на смртта. Она што е чудно е тоа што моќта била наследувана само од мажите. Жените ја немале таа чест да бидат закопани со богатствата пронајдени во ковчегот на Црвената кралица.rn
rnrnНа фотографијата се прикажани археолози кои проучуваат огромна камена глава од цивилизацијата Олмек во Ла Вента, Мексико. Биле пронајдени 17 глави и сите се опкружени со многу прашања. Како луѓето од тој период успеале да изградат толку големи и тешки статуи? Какви алатки користеле? Како ги пренесувале материјалите за изградба? И зошто им биле потребни овие огромни глави? Покрај големите, пронајдени се и многу помали камени глави.rn
rnrnОваа пушка била пронајдена навалена на дрво во Националниот парк во Јута. Во 1870-тите во овој регион почнале да се појавуваат многу рудници и ранчови. Изненадувачки е тоа што никој не ја допрел пушката повеќе од 100 години.rn
rnrnВо 1885-та година, патникот и пронаоѓачот, Големиот Фарини, напишал извештај за мистериозен град што го пронашол во пустината. Извештајот им го предал на Кралското географско здружение на Велика Британија и објавил книга во која детално го опишал својот пронајдок. Фарини тврдел дека градот бил изграден во форма на лак, а некои делови биле скриени под песокот. Професорот А. Џ. Клемент ја истражувал приказната и утврдил дека градот најверојатно се камења кои наликуваат на ѕидови. Во 2016-та година била направена уште една експедиција во пустината. Научниците конечно ги пронашле камењата опишани во извештајот на Фарини. Сепак, сè уште не е познато дали овие камења се лажни.rnrnПродолжува на 
rnrnНајстарата книга која сè уште е во одлична состојба е евангелието на Св. Кутберт. Овој текст бил напишан на латински во 7-иот век. Оваа книга е копија на евангелието на Св. Јован, оригинално напишано во североисточна Англија за Св. Кутберт и била поставена во неговиот ковчег пред повеќе од 1.300 години. Кога Викинзите го нападнале североисточниот брег на Англија, монасите го напуштиле островот и го земале ковчегот со нив, на тој начин зачувувајќи ја книгата. Ковчегот бил отворен во 1104 година кога бил граден нов олтар за светецот.rn
rnrnИако пости дебатирање, повеќето експерти се согласуваат дека првата вистинска монета била онаа на кралот Алијат во Лидија. Овие монети се користеле многу во тој период и се прославиле до древна Грција, а оттаму и низ западниот свет. Монетите биле изработени некаде помеѓу 660-та и 600-та година п.н.е. и според колекционерите не се многу ретки. Можете да ги купите по цена од околу 1.000 евра.rn
rnrnНајстарата дрвена градба која постои и денес е во будистичкиот храм Хорју Џи во Јапонија. Четири од зградите на храмот се во совршена состојба и датираат од јапонскиот период Асука. Изградбата започнала во 587-ма година по наредба на императорот Јомеи. По неговата смрт градбата ја завршил неговиот наследник во 607-ма година. Оригиналниот комплекс изгорел во 670-та година и бил реконструиран во периодот пред 710-тата. Неколку историчари се сомневаат за тоа дали пожарот го уништил оригиналниот комплекс. Ако не, тогаш градбата би била уште постара.rn
rnrnВенера од Холе Фелс е најстарата фигура на која е претставена човечка форма. Оваа 40.000-годишна статуетка пронајдена во Германија е висока околу 6 центиметри и е направена од коска од мамут. Како и повеќето фигури што ја репрезентираат Венера, таа претставува жена со облини и со истакнати гради и задник. На почетокот се мислело дека фигурата е стара околу 30.000 години, но со модерното датирање со јаглерод се открило дека е стара 40.000.rn
rnrnВо 2012-та година се откриени најстарите музички инструменти, стари 42.000-43.000 години. Инструментите се флејти направени од коски од мамут и од птици. Откриени се во јужна Германија. Музиката најверојатно била користена за религиски ритуали. Некои научници сметаат дека способноста за свирење потекнува уште порано. Наводно, луѓето имале напредна културна креативност уште во Африка, пред околу 50.000 години.rnrnПродолжува на