Технологијата LiDAR (Light Detection and Ranging – Светлосна детекција и класификација) им овозможува на археолозите да откријат работи кои досега им биле недостижни. Таа буквално им нуди мапа со богатство која води до нови локалитети кои треба да се ископаат и истражат. Археолозите ја искористиле технологијата во џунглите на Гватемала и откриле неверојатни остатоци од цивилизацијата на древните Маи.rn
1. Скриена цивилизација
rn
rnrnНа оваа фотографија можете да ги забележите пирамидите во џунглата во северна Гватемала. Научниците кои ја проучуваат древната култура на Маите само што завршиле со истражување на 10 наоѓалишта кои се наоѓаат на површина од 2.100 километри квадратни. Тие користеле LiDAR, технологија која користи ласерски пулсови за да ја мапира топографијата со што ја отстранува вегетацијата.rn
2. Што се крие под површината?
rn
rnrnОвде гледаме фотографија од истото место направена со LiDAR. Патиштата и темелите веќе се очигледни. Со помош на ова истражување, откриени се 60.000 структури кои досега не биле мапирани и тоа на многу познати локалитети. Пронајдени се и многу градби расфрлани низ џунглата.rn
3. Безизразна шума
rn
rnrnГустата џунгла на Гватемала крие многу докази за древни населби на Маите. Археолозите велат дека можете да одите на неколку метри од градбата, а да не ја забележите. Истражувањата со LiDAR технологијата можат да мапираат површина за која на археолозите би им биле потребни децении, и тоа за само неколку часа.rn
„LiDAR ќе биде нашето разбирање за шемите за населување кај древните општества, како што радиојаглеродното датирање ни помага за хронологијата. Ова е навистина револуционерно“, изјавил археологот Дејвид Фридел од Универзитетот во Вашингтон.
rn
4. Скриени светови
rn
rnrnБезизразната шума од претходната фотографија крие секакви древни мајански тајни. На оваа фотографија се гледа истиот простор како и на претходната, само е направена со LiDAR. Градбите скриени зад земјата и растенијата полека стануваат видливи.rn
5. Додавање
rn
rnrnОвде се споени фотографијата од џунглата и скенирањето од LiDAR. Ова ни покажува дека структурите може да бидат скриени токму пред вас. Археолозите прв пат го користеле овој скенер за истражување во Белиз во 2009-та година. Според антропологот Пејсон Шитс, досега имаат покриено само 1% од површината на која била населена оваа цивилизација.rn
6. Живеење во пејзажот
rn
rnrnНа оваа фотографија од LiDAR се забележува дека градбите на Маите се расфрлани низ џунглата во северна Гватемала. Ова покажува дека населението било многу погусто отколку што претходно се верувало.rn
7. Гватемала од горе
rn
rnrnНаучниците Алберт Лин (лево), Том Гарисон (во средина) и Франциско Естрада-Бели (десно) ја проучуваат топографијата на северна Гватемала. Овој месец ќе има и документарец за овие откритија на National Geographic Channel – „Богатствата на кралевите-змии на Маите“ (The Treasures of the Maya Snake Kings).rn
8. Откривање на изгубен свет
rn
rnrnИстите научници го гледаат истиот простор како и на претходната фотографија, но овој пат преку LiDAR. Овој поглед им открива низа структури кои биле проголтани од џунглата. Технологијата им помогнала да откријат нова тврдина во близина на местото кое го истражуваат, па во следната сезона се надеваат дека ќе го ископаат ѕидот од 9 метри.rnrnДознајте нешто повеќе за овој неверојатен град на Маите во Гватемала.
