Древниот град Шивта во Јужен Израел, некогаш бил дел од просперитетна група пустински градови. Шивта бил населен уште пред Римскиот период во првиот век п.н.е. па сè до Раниот исламскиот период во деветтиот век од нашата ера.rnrn
rnrnДенес урнатините од пустинскиот град Шивта го сочинуваат национален парк во пустината Негев во Израел. Ова е еден од четирите древни градови во регионот заштитени од УНЕСКО.rnrnВо Византискиот период, по четвртиот век од нашата ера, Шивта станал важна христијанска заедница. Ова било и место за застанување на аџиите кои оделе кон манастирот Света Катерина на Синајскиот Полуостров. Во овој период во градот се наоѓале три христијански цркви направени од камен. Градот почнал да пропаѓа во деветтиот век од нашата ера, а подоцна бил напуштен. Одново бил откриен во 19-тиот век.rnrn
rnrnУрнатините на Шивта биле истражувани од европски археолози во текот на 1870-тите, а прв пат бил научно истражен во 1914-та година од двајца англиски археолози – Ц. Л. Вули и Т. Е. Лоренс.rnrnИстражувачите веќе неколку години знаат дека на ѕидовите на јужната црква може да се најде ран цртеж од Исус. Сликата е многу оштетена и се гледа само формата на фигурите од сцената која е опишана во евангелијата.rnrn
rnrnВо 2017-та година, Ема Мајан Фанар барала засолниште од пустинското сонце, кога го здогледала лицето на Исус. Историчарката на уметност од Универзитетот Хаифа во Израел, ги проучувала крстовите и другите мотиви на камењата на древните цркви и куќи во урнатините од Шивта.rnrn
rnrnИако било февруари, деновите во пустината сепак се со високи температури, па Ема побарала засолниште под еден од неколкуте покриви кои стојат до денес. Застанала во крштелницата во најсеверната црква од древниот град. Овде ги забележала бледите остатоци од портретот на Исус Христос и слика од неговото крштевање во реката Јордан, нацртана на таванот пред околу 1.500 години.rn
„Сите го опишуваат ова како да е чудо, и беше, за момент.“
rn
rnrnСе смета дека оштетената слика е можеби најстариот приказ на Исус кој е најден досега во Израел, и една од малкуте слики од тој период што прикажуваат детали од неговото лице.rnrn
rnrnПрикажувањето на Исус со кратка коса било често низ истокот од Византиската Империја, особено во Египет и регионот кај Сирија и Палестина. Но со текот на времето оваа традиција била заменета со слики од Исус со долга коса, кои често ги сретнуваме и денес.rnrnИсто така Исус бил прикажан како многу млад маж бидејќи неговото крштевање во Јордан симболизирало „ново раѓање“. Од истата причина, на сликата е прикажана поголема фигура на Јован Крстител.rnrn
rnrnВо нивниот извештај за сликата со крштевањето, Ема и нејзините колеги го опишале портретот на Исус како млад маж со кратка виткана коса, издолжено лице, големи очи и издолжен нос. Тие сметаат дека сликата го претставува реалниот лик на Исус, оној кој не е опишан во евангелијата.rnrn
rnrnСпоред Ема, археолозите кои го истражувале градот во доцните 1920-ти, кратко забележале дека имало траги од слика на таванот на крштелницата, но не запишале никакви детали. Сепак, за да се забележи сликата потребна е добра опрема.rnrn
rn
„Ако немате добра камера и добар фотограф, ништо нема да биде видливо.“
rn
rnrnСега ќе се направат обиди за реставрирање на сликата користејќи модерни техники за конзервација. Бидејќи состојбата на сликата е многу лоша, потребно е да се работи навистина внимателно. Ема се надева дека сликата прикажува многу повеќе, само е сокриена од ерозијата.rnrnДали знаете кои се најстарите артефакти во светот?