КАФЕ ПАУЗА

Неверојатни фотографии од Истанбул кои изгледаат како сцени од филмот „Inception“

Драги фанови на филмот „Inception“, „Flatland“ не е продолжение, но сепак претставува еден фасцинантен проект. Дигиталната фотографска серија на турскиот артист Ајдин Бујукташ ги искривува улиците на Истанбул во надреални градски пејсажи кои ја заинтригираат и предизвикуваат човечката гледна перспектива.rnrnНеверојатни фотографии од Истанбул изгледаат како да се од филмот „Зачеток“ (Inception)rn

„Живееме во места кои поголемиот дел од времето не ги ни забележуваме, места кои ги трансформираат нашите сеќавања, места кои му дават на артистот една нова димензија. Овие дела се стремат да го остават гледачот со една изненадувачка визуелна, иронична како и мултидимензионална, романтична гледна точка“, вели Бујукташ.

rnГлавна инспирација на Бујукташ за изработката на овој проект била сатиричната новела на Едвин А. Абот – „Рамна земја: Романса на многу димензии“, во која се раскажува приказната за еден дводимензионален свет во кој живеат геометриски фигури. Погледнете ги неговите неверојатни фотографии.rnrn