Уште само денес и утре попусти во Скопје сити мол

Сподели

По големата еуфорија и возбудливиот амбиент во Скопје сити мол овој викенд и прославата по повод четвртиот роденден на молот, роденденската возбуда не стивнува.

Богатата програма, музика, бесплатни коктели и колачи, огромните попусти и подароци и присуството на многу познати личности го преполни Скопје сити мол со над 40.000 посетители, само во првиот, од четирите роденденски денови полни со изненадувања за потрошувачите.

Реклама

Настапите на култните „Нокаут“ и на хрватската поп-изведувачка Данијела Мартиновиќ, како и фото-корнерот за избор на лице за зимското издание на насловната страница на City Mall магазинот, како и финалето од квалификацискиот турнир во боулинг за избор на претставник на Македонија на 52 QubicaAMF Bowling World Cup, креираа дополнително задоволство и еуфорија што потрошувачите го искористија за шопинг до полноќ.

Скопје сити мол и денес и утре ги очекува сите посетители на несекојдневни креативни работилници за деца за цртање на керамика и изработка на уникатни предмети и украси во игротеката Имагинариум, како и огромни роденденски попусти до -70% на одредени производи во одредени продавници.

Реклама

Скопје сити мол за прв пат ги отвори своите врати за потрошувачите на 4 октомври 2012 година и за кратко време успеа да стане актуелно собиралиште за забава и за шопинг, урбано обележје и најмаркантен градски симбол, едно од најмоќните модни жаришта во регионот.

Најново

Може ќе ве интересира