Ако ви е потребна мотивација за повеќе движење за време на бременоста, можеби денес ќе успееме да ве охрабриме. Една неодамнешна студија објавена во американскиот журнал за акушерство и гинекологија, докажа дека вежбањето за време на бременоста го подготвува телото за породување и брзо заздравување. Во продолжение ви прикажува 6 видови вежби кои можете да ги практикувате во секој степен на бременоста.rnrn
rn
1. Балетска греда
rnВежбите со држење на греда, познати и како „Barre“ во светот на балетот, не бараат многу напор, а кратките повторувачки движења се идеални за сите идни мајки. Во првото тромесечје слободно можете да ја следите вообичаената програма, а подоцна замолете го инструкторот за модификација на одредени движења кои бараат лежење на грб, вртење на струкот или балансирање на балетската греда.rnrn
rn
2. Пливање
rnВежбањето во вода ви дава комплетно нов спектар на движења без непотребен притисок на зглобовите. Ова исто така е и еден од ретките моменти во бременоста кога ќе се чувствувате лесно и разлетано. Влегувајте во базенот полека и држете се до позицијата во која се чувствувате најудобно. Се препорачува градно пливање затоа што не бара ротација на торзото или стомакот.rnrn
rn
3. Пренатална јога
rnАко никогаш претходно не сте пробале јога (или сте релативно нови во оваа сфера на вежбање), пронајдете тренер кој ќе ве води низ движењата и ќе внимава на вашата форма. Ова е многу важно како што напредувате во бременоста. Во второто тромесечје избегнувајте ги оние пози што бараат лежење на грб, односно сите движења кои се предизвик за рамнотежата.rnrn
rn
4. Возење велосипед
rnОва е единствениот тренинг каде што имате седиште за потпора. Рачките на велосипедот исто така може да ви помогнат при стабилизација како што ќе ви расте стомакот. Само внимавајте да сте правилно хидратизирани во текот на целиот тренинг и задолжително контролирајте го дишењето. И секако, секогаш следете го сопственото темпо и одморајте кога ќе ви биде потребно.rnrn
rn
5. Трчање
rnДа, сè ќе стане потешко со изминувањето на времето, но доколку бидете внимателни, ќе можете да трчате во текот на скоро целата бременоста. Имајте на ум за брзината и оддалеченоста, дури и ако сте доволно искусни. Со вас носите доста тежина, па секако дека нема да бидете подеднакво брзи како и претходно. Слушајте го своето тело и одете на лесен џогинг или брза прошетка.rnrn
rn
6. Вежби за зајакнување
rnКористењето тешки тегови, особено во третото тромесечје, можеби и не е најдобра идеа, но тренинзите со чучнувања или склекови на ѕид можат да ви помогнат да ја одржите силата во текот на целиот период од бременоста. Ви предлагаме за вежби за раце сепак да користите лесни тегови за да го здржите тонусот на мускулите.rnrn