2 Јули 2014 од 20:00 часот – отворање на изложбата во CAC, мобилна галерија во паркот нa Франкофонијата – Скопје.rnrn
rnrnУрбаниот простор е во секој од нас, повеќе отколку во јавноста. Секој од нас е должен да трага по јавните простори, сè дур оваа должност не прерасне во инстинкт a јавниот простор стане безусловен.rnrn
rnrnОвој проект е дел од интернационалната работилница насловена РЕАКЦИЈА (МЕДС 2013), составена од низа мали урбани интервенции (АКЦИИ) лоцирани во маалото Грасаво, Лисабон. Главната идеја на работилницата е поттикнување на алтернативна употреба на јавниот простор преку креативен пристап. Во исто време работилницата се спротивставува на процесот на гентрификација кој радикално ја менува структурата на маалото.rnrn
rnrnИзложбата е воедно и промоција на интернационалниот креативен фестивал: СКОПСКИ КРЕАТИВЕН ПРОСТОР 2014 кој ќе се одржи од 29 август до 7 септември 2014.rnrnАвтори на проектот се Дамјан Кокалевски и Милан Диневски со групата РЕАКЦИЈА 15.2.rnrnИзложбата е продукција на CITY CREATIVE NETWORK (CCN) од Скопје и галеријата МКД Љубљана.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.