Фенг шуи е древен кинески систем кој синтетизира повеќе учења, вештини и техники, со цел човекот да се врати или да се задржи во допир со природата. Многумина модерни ентузијасти тврдат дека фенг шуи претставува аранжирање на предметите (како мебелот) со цел да им помогне на луѓето да ги постигнат своите цели. Но, традиционално фенг шуи се користи првенствено за да се одбере вистинското место за живеење, за работа и за гробни места. Доколку немате добар љубовен живот, познавачите на фенг шуи вештината, тврдат дека тоа можете да го поправите со реорганизација на вашиот дом.rnrn
rnrnЗа почеток, треба да земете еден компас и најпрво да одредите на која страна од светот е свртена вашата куќа или стан. Ова е важно бидејќи фенг шуи се заснова на односот на природните сили и нивното насочување кон напредок, благосостојба и среќа на поединецот и семејството како целина.rnrnОткако ќе одредите на која страна од светот се наоѓа вашиот дом, фокусирајте се на местото на кое ќе биде вашата спална соба и брачниот кревет. За да биде вашиот љубовен живот успешен, најдобро е спалната соба да ја лоцирате на југозападниот дел од вашиот стан/куќа.rnrn
rnrnПотоа, обратете внимание на цела низа крупна и ситни детали. Така, за да имате подобри партнерски односи, спалната соба обојте ја во жолта боја. Брачниот кревет никако не смее да биде насочен кон вратата, за да не се појават здравствени проблеми, но сепак вратата треба да биде видлива од некој агол на лежење на креветот.rnrn
rnrnДоколку сакате да имате љубовна врска исполнета со многу страст, треба да закачите превез со бисерна или стаклена монистра на вратата од спалната соба. На тој начин се поттикнува нова енергија помеѓу вас и вашиот партнер и се спречува неверството.rnrnЗа подобра комуникација и среќа во вашата врска, добро би било да ставите две идентични виолетови или црвени свеќи во стаклени свеќници, на двете страни од креветот. Доколку на сето ова додадете и сет ламби над креветот, ќе провоцирате енергија на среќа и чувство на меѓусебна привлечност.rnrnМирисот на ванила позитивно делува на љубовта и ја зголемува лојалноста помеѓу партнерите. Затоа поставете ароматични стапчиња или свеќи со мирис на ванила на југозападниот агол од спалната соба, бидејќи тоа ќе ја зголеми физичка привлечност помеѓу вас и вашиот партнер.rnrn
rnrnОгледалата во спалната соба се апсолутно непожелни, затоа што тие носат енергија која ги наведува партнерите на прељуба или вмешување трета личност во нивната врска, а воедно го нарушува и сонот.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
