КАФЕ ПАУЗА

Пивара Скопје во партнерство со Grouper.mk започнува иницијатива за поддршка на угостителските објекти

Пивара Скопје во партнерство со Grouper.mk започнува иницијатива за поддршка на угостителските објекти

Пивара Скопје стартува со иницијатива за поддршка на угостителството, кое е меѓу најпогодените сектори од глобалната пандемија. Под мотото „Бевте тука за нас, сега ние за вас“ им помагаме на нашите партнери за полесно да се справат со новите промени и услови во кои се најдоа поради мерките за спречување на ширењето на COVID-19.rnrnПивара Скопје во партнерство со Grouper.mk започнува иницијатива за поддршка на угостителските објектиrnrnЗа таа цел преку онлајн платформата Grouper.mk, граѓаните на едноставен начин, со купување на ваучери ќе можат да го поддржат својот омилен ресторан, кафеана и кафе бар. Купениот ваучер ќе може да го искористат кога објектите ќе бидат повторно отворени.rnrnСега е моментот да покажеме дека сме солидарни и преку купувањето ваучери да помогнеме на што поголем број угостителски објекти и да придонесеме за позитивни промени.rnrnСите кои сакаат да се приклучат кон иницијативата на Пивара Скопје во партнерство со Grouper.mk и да купат ваучер, можат тоа да го направат на следниот линк: https://grouper.mk/tag/razveseli-kafana.