Декември за многумина е најстудениот месец во годината, но за останатите, тој е највеселиот. Личностите кои на свет дошле во овој месец се родени или како Стрелци или како Јарци. Едно истражување покажало дека тие се многу помирни и подисциплинирани во детството. Нивниот камен на раѓање е тиркиз кој се смета за еден од најстарите камења во историјата. Познат е како симбол на мудроста и заштитата, а според бројни верувања носи моќ и среќа. Цветот на раѓање за личностите кои дошле на свет во декември е нарцисот.rnrn
rnrnЛичностите родени во декември се делат на четири групи, а во продолжение погледнете ги главните карактеристики на секоја група.rn
Од 1-ви до 8-ми декември
rnТие се отпорни на недостатоци. Столбовите на нивниот живот ги сочинуваат доследност и стабилност. За некои на прв поглед изгледаат малку арогантни, но всушност се полни со здрава самодоверба заради која емотивно послабите луѓе ги доживуваат на тој начин. Имаат изразено силна волја и се одликуваат со храброст. Многу се социјални и сакаат да бидат помеѓу луѓето.rn
Од 9-ти до 15-ти декември
rnАко ви е потребен некој за конструктивен разговор или рамо за плачење, личностите родени во оваа група сигурно ќе ви помогнат. Тие се одлични во давањето совети, силни се и без проблем се снаоѓаат кога ќе наидат на некоја животна препрека. Снаодливи се во решавањето на проблемите, како своите, така и на туѓите. Одлични се и посветени на остварувањето на своите цели.rnrn
rn
Од 16-ти до 22-ри декември
rnОвие личности како да се родени под среќна ѕвезда. Тие се независни индивидуи кои веруваат во слободата и го живеат животот по сопствени правила, не оптоварувајќи се за мислењето на другите луѓе. Често длабоко размислуваат и одлично се снаоѓаат во работата која од нив бара добра концентрација. Имаат развиена смисла за мода и со своите разиграни модни комбинации секогаш привлекуваат големо внимание.rn
Од 23-ти до 31-ви декември
rnНема да пронајдете поголеми оптимисти од оние родени во овој период од декември. Многу се емотивни и друштвени, а таа комбинација резултира со голема посветеност на семејството и пријателите. Кога е во прашање пријателството, многу се пребирливи и не пуштаат лесно нови луѓе во својот мал, близок круг на пријатели. Но, кога ќе го направат тоа, тоа значи дека сте ја добиле нивната доверба. Креативни се, полни со одлични идеи и обожаваат да патуваат.rnrnДекември е месец на снегот, декорациите, собирањето впечатоци, планирањата, добрата храна, опростувањата и уживањата, а еве кои нешта треба да ги направите токму во текот на овие денови.