КАФЕ ПАУЗА

4 начини да го подобрите односот со вашата мачка

Written by

in

,

Секој кој некогаш чувал мачка знае дека тие се емоционално нежни суштества. Некои мачки може да живеат без да бараат многу внимание, но поголем дел од нив чекаат на вас да им покажете дека тие се важен дел во вашиот живот. Со други зборови, со цел да добиете љубов од нив, вие треба прво да им подарите. Доколку и вие сте сопственик на мачка, погледнете неколку едноставни чекори со коишто можете да ги подобрите вашите односи.rnrnrn

1. Бидете подостапни

rnСигурно многумина од вас се преокупирани со секојдневните обврски, при што понекогаш се запрашувате зошто воопшто сте одбрале мачка како ваш придружник, со оглед на тоа дека таа бара внимание. Вашиот бурен живот не ѝ дава удобност ниту на вашата мачка. Најдобар начин да го промените ова е да ѝ бидете повеќе достапни. Најчесто вашата мачка удобното место го пронаоѓа во вашиот скут, ќебе или перница. Обидете се да не ѝ ја нарушувате оваа удобност.rn

2. Играјте си со неа

rnМачките сакаат да си играат, а особено се среќни доколку и вие им се придружите. Повеќето имаат своја омилена играчка, па доколку сакате да ги подобрите вашите односи, земете ја и вие нејзината играчка и посветете ѝ го вашето внимание. На овој начин со сигурност ќе ја направите посреќна.rn

3. Обрнете внимание на она што ви го кажува

rnСо нивните едноставни движења на опашката или пак реакциите на телото, мачките ќе ви кажат сè што треба да знаете околу тоа како се чувствуваат. Ако вашата мачка се тркала по подот, голема е веројатноста да е расположена за игра. Изложувањето на стомакот кон вас на кој било начин е знак дека е чувствува удобно. Сепак, најважниот индикатор е опашката. Еве што треба да знаете во врска со значењето на движењата на опашката:rn

    rn011

  • Ако опашката на вашата мачка е исправена, тоа најверојатно значи дека таа е пријателски расположена, па може да ви посака добредојде со триење од вашите раце или нозе.
  • rn011

  • Ако опашката ѝ е свртена надолу малку зад неа, најверојатно таа е во одбрана или се чувствува агресивно.
  • rn011

  • Ако ја занишува опашката значи дека е вознемирена и сака да биде оставена на мира.
  • rn011

  • Ако само врвот од нејзината опашка се наведува напред назад, најверојатно таа е љубопитна и е заинтересирана за нешто посебно.
  • rn

rn

4. Не удирајте ја

rnДали ги удирате вашите пријатели кога ќе ве изнервираат? Сигурно не. Исто е и со вашата мачка. Доколку сакате да ги подобрите односите со неа, постојат многу други начини за да ја воспитате. На пример, секогаш кога ќе направи нешто недозволено испрскајте ја со вода, плеснете силно со рацете или повторувајте гласно „Не“ или „Стоп“, при што во иднина ќе знае кога не е во право. Уште еден предлог којшто може да ви користи е поставувањето безопасни стапици на местата каде што вашата мачка не би требало да оди.