- rn
-
Организација на Градот Скопје и поддршка од Т-Мобиле и Македонски Телеком
-
Популарна македонска музика и забава до раните утрински часови
rn
rn
rnИ оваа година градот Скопје со поддршка на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија го организираат традиционалниот дочек на Новата година, на плоштадот Македонија.
За највеселата ноќ граѓаните ќе се забавуваат со музиката на македонските и воедно интернационални ѕвезди Калиопи и Тијана, Мустафа Имери, младиот но реномиран музички уметник и интерпретатор на народни и забавни нумери, како и добро познатите Роберт и Панки, со своите добро докажани динамични настапи.
Новогодишниот концерт ќе започне во 21.00 часот, a се очекува да трае до раните утрински часови. Вистинска кулминација ќе се случи точно на полноќ кога небото над Скопје ќе го осветли спектакуларен огномет. rnИ оваа година се очекува одлична забава со познати музички рефрени, динамични настапи, врвни аудио визуелни ефекти, како и незаборавен огномет.
Градот Скопје, Т-Мобиле и Македонски Телеком ги канат сите граѓани што сакаат да ја дочекаат Новата година на отворено, да бидат дел од овој настан вреден за паметење.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

