Викендов во трговскиот центар „Капитол мол“ се одржа необична хуманитарна креативно-едукативна работилница под мото „Подаруваме, остваруваме – од мајка за дете, од дете за дете“. Трговскиот центар во соработка со невладината фондација за деца со тешки болести „Златна рипка“, новотворената игротека „Посејдон“ и „Просветно дело“ ги вклучија најмладите во хуманост на дело каде им беа овозможени материјали за изработка на осмо мартовски честитки кои потоа беа продавани во трговскиот центар по симболична цена. Собраните пари ќе се донираат за исполнување на желбите на тешко болните деца.rnrn
rnrnНастанот имаше за цел да мотивира што повеќе граѓани и компании да донираат за оваа најранлива категорија деца.rn
„Глетката на вработени вештите рачиња на дечињата и нивниот натпревар кој ќе направи поубава честитка за својата мајка викендов беше непроценлива. Настанот помина одлично и среќни сме што ни се отвори можност да ги едуцираме уште од најмалата возраст за важноста да се подарува и да се биде хуман. Ова беше еден невообичаен, а сепак толку соодветен начин да се прослави денот на жената. Парите кои ги собравме ќе бидат донирани за остварување на желбите на децата кои боледуваат од тешки болести. Исполнувањето на нивните желби е многу важен сегмент од нивното лекување, бидејќи нуди надеж и верба за подобро утре“, изјави Даниела Адемоска, сопственик и генерален директор на Капитол Мол.
rnСите кои сакаат да донираат за болните деца може да се информираат на веб-страницата на фондацијата.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.