КАФЕ ПАУЗА

НЕДЕЛА НА ФРАНЦУСКИ ФИЛМ – Официјално отворање со премиерата на „РЕНОАР“

НЕДЕЛА НА ФРАНЦУСКИ ФИЛМ - Официјално отворање со премиерата на „РЕНОАР“

Францускиот институт во Скопје и Младинскиот културен центар имаа чест да Ве известат дека од 4 до 8 декември 2013 ќе се одржи Неделата на француски филм.rnrnНЕДЕЛА НА ФРАНЦУСКИ ФИЛМ - Официјално отворање со премиерата на „РЕНОАР“rnrnНастанот официјално ќе го отворат Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција, и г-дин Златко Стевковски, Директор на Младинскиот културен центар, в среда 4 декември 2013, во 20 часот, во киното „Милениум“. Потоа следи премиерата на францускиот филмски хит од 2013 година „РЕНОАР“, кој говори за последните години од животот на еден од најпознатите француски сликари.rnrnФилмот „Реноар“ доби извонредни критики од публиката, но и од видните француски медиуми, кои напишаа:rn
rn

„…режисерот со особена интелигенција и сензибилитет ги намножува движењата на камерата, на елегантен и флуиден начин…“ (Телерама);rnrn„…Аргументирањето на филмот на Бурдос е страстен и деликатен и токму преку неговата режија, тој успева да му даде сила…“ (Либерасјон);rnrn„…одлично светло, како во ентериерните декори, така и во надворешните провансалски идилични пејзажи, играјќи со кадрите и имагинацијата, филм во кој уживаат очите…“ (Ле Монд).

rnЗа филмот на отворање, потребна е резервација на бесплатни билети во Францускиот институт во Скопје, на телефоните (02) 3118 503 или 3116 734.rnrnФранцуската филмска недела продолжува со проекции од 21 часот, во киното „Фросина“:rn

    rn011

  • Четврток 5 декември 2013: „КОПАКАБАНА“, на Марк Фитуси (2010), со Избел Ипер, Лолита Шама;
  • rn011

  • Петок 6 декември 2013: „УБАВИ ВРЕМИЊА“ на Маријон Верну (2012), со Фани Ардан, Лоран Лафит;
  • rn011

  • Сабота 7 декември 2013: „ЖИВОТОТ НА НЕКОЈА ДРУГА“ на Силви Тести (2011), со Жилиет Бинош, Матје Касовиц;
  • rn011

  • Недела 8 декември 2013: „УЛИЦАТА МАНДАР“ на Идит Себила (2013), со Сандрин Киберлен, Ришар Бери.
  • rn

rnОстанатите проекции во рамките на настанот ќе се одржат во киното „Фросина“, каде се набавуваат билети за истите.rnrnЦелосни информации за Неделата на францускиот филм, како и најавни клипови за филмовите, ќе пронајдете на овој линк.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.