КАФЕ ПАУЗА

ЛУКОИЛ Македонија доделува гориво на институциите кои се справуваат со коронавирусот

ЛУКОИЛ Македонија доделува гориво на институциите кои се справуваат со коронавирусот

Во овие тешки услови од кои сме погодени сите, ЛУКОИЛ Македонија како дел од групацијата ЈАД ЛУКОИЛ, следејќи ги начелата за општествено и одговорно делување на својата групација, го дава својот придонес кон што поефикасно справување со ситуацијата со обезбедување на гориво онаму каде што е најпотребно. ЛУКОИЛ Македонија донесе одлука да додели гориво во вкупна количина од 15.000 литри на  институциите кои се во првите борбени редови во справувањето со коронавирусот: Министерство за здравство, Центар за јавно здравје, Институт за јавно здравје и Црвен крст на Македонија.rnrnЛУКОИЛ Македонија доделува гориво на институциите кои се справуваат со коронавирусотrn

„2020 година со сигурност сите ќе ја запаметиме како исклучително тешка година. Човештвото во моментов се справува со можеби еден од најтешките предизвици во поновата историја. Владите преземаат мерки за справување со епидемијата, како и за намалување на штетите од потенцијална економската криза. Голем дел од бизнис секторот прави сè што е во негова моќ со цел да помогне, да ги поддржи институциите како и сите оние кои во оваа исклучителна ситуација им е потребна помош. Една стара руска мудрост вели ‘немај илјада рубљи, имај илјада пријатели’. А вистинските пријателите се тука во тешките времиња. Искрено се надевам дека со доделувањето на гориво за институциите на системот и Црвениот крст ќе придонесеме во нивното успешно функционирање и обезбедување здравствена и друга помош за граѓаните во овој тежок период“, вели г-дин Андреј M. Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.

rnИнституциите ќе добијат картички за гориво издадени од ЛУКОИЛ Македонија кои ќе можат да се искористат на бензинските станици на ЛУКОИЛ низ државата во претстојниот тежок период.rnrnЛУКОИЛ Македонија ја користи оваа прилика уште еднаш да им порача на македонските граѓани да ги следат насоките од Министерството за здравство за заштита и превенција од коронавирусот и им упатува желба за добро здравје. Во исто време, ЛУКОИЛ Македонија се заблагодарува за пожртвуваноста на целиот медицински персонал, волонтерите, но и сите оние кои се директно вклучени во борбата за справување со COVID-19.