Колку пати сте погледнале низ прозорецот во вашата канцеларија и сте посакувале да бидете надвор, уживајќи во свежиот воздух, или пак дома, каде што би можеле безгрижно да се одморате? Сигурно многу пати го имате почувствувано ова, но не грижете се, ве разбираме! Понекогаш работните денови минуваат премногу бавно, а на крајот вие завршувате целосно исцрпени. Поради тоа, денес ви прикажуваме неколку начини што ќе ви помогнат да ја победите досадната секојдневна рутина и да направите времето да ви минува малку побрзо.rnrn
rn
1. Пронајдете работа во која ќе уживате или одреден интересен проект во вашата тековна работа
rnИдеално, вие би барале работа каде што со нетрпение би очекувале да одите секој ден, но не губете ја надежта и во онаа која во моментов ја работите.rn
„Ако е тешко да најдете работа за која ќе имате страст, пронајдете задача или проект во коишто би станале експерти“ препорачува Џен Девол, тренер за кариера и живот за женски професионалци. „Пронајдете можности за учење за да го подобрите вашето разбирање, поврзете се со луѓе кои знаат повеќе и вежбајте го тоа!“
rn
2. Оставете си ужина во одредена фиока во вашето биро
rnКога ќе го имате омиленото јадење во ваша близина, вие ќе можете да го подобрите расположението.rn
„Пополнете ја вашата фиока со здрава ужина за да ја задржите енергијата и со некои од вашите омилени работи кон кои со нетрпение очекувате да посегнете“, вели Хали Крафорд, тренер за кариера и основач на веб-сајтот HallieCrawford.com
rn
3. Разговарајте 5 минути со вашиот колега
rnНе мора постојано да разговарате за работата.rn
„Потребно е да внесеме забава во нашиот работен ден, затоа што тоа го намалува стресот и може да го подобри тимското работење“, вели Девал. „Поставете прашање кое не е поврзано со работата и започнете разговор. Изберете каква било тема и зборувајте за тоа 5 минути.“
rn
4. Прошетајте
rnНе мора постојано да седите на едно место. Станете и прошетајте.rn
„Прошетајте за време на оброкот или пак, откако ќе извршите некоја поголема задача“, препорачува Девал. „Одењето ќе ви даде енергија и исто така може да ги ве ослободи од стресните проекти на работа.“
rnСакате да направите нешто поинтересно?rn
„Одредете си кафе−прошетка со вашите колеги, при што одеднаш ќе внесете кофеин, свеж воздух и позитивни разговори“, вели Ребека Далек, тренер за кариера и лидерство за жени.
rn
rn
5. Побарајте други работи
rnАко сте малку послободни и ви е досадно, можете креативно да го искористите времето.rn
„Истражувајте ја конкуренцијата“, вели Џил Џакинто, експерт за работна кариера. „Тоа може да ви даде некои идеи што ќе ги искористите во вашата компанија, а е и многу поинтересно отколку постојаното прегледување на вашиот имејл.“
rn
6. Работете со луѓе кои ви се допаѓаат
rnРазмислете околу ова. Ако во ваша близина имате колега кој постојано се жали за сѐ, почнувајќи од најмалите неважни работи, па сѐ до новиот менаџер, вие едвај ќе чекате да помине денот, постојано гледајќи во часовникот и одбројувајќи го времето.rn
„Ова е од клучно значење за целокупно задоволство на работното место, па и да направите вашиот ден да помине побрзо“, вели Далек.
rn
7. Фокусирајте се на вашите достигнувања, а не на долгата листа со обврски
rnНе дозволувајте вашите тековни работни задачи да ви предизвикуваат стрес.rn
„Колку повеќе се фокусирате на она што успешно сте го извршиле во текот на денот, толку побргу ќе напредувате, бидејќи ќе бидете помалку совладани од наредната работа која е на листата и наместо тоа ќе уживате во оствареното“, вели Крафорд.
rn
8. Слушајте инспиративна музика после секоја извршена задача
rn
„Дозволете си да ‘се изгубите’ во некоја песна, па веднаш штом таа ќе заврши, повторно вратете се на работа“, препорачува Девал. „Ова е уште една ментална пауза каде што намерата е да се фокусирате на тоа како песната прави да се чувствувате, тоа не е музика која ќе направи само да не ги слушате вашите колеги.“
rnТаа препорачува да започнете со омилената музика додека пиете кафе, па како што доаѓа крајот на работниот ден, преминувајте на повесела, енергична музика.rnrn
rn
9. Купете интересни канцелариски материјали и интересни додатоци за вашата работна маса кои ќе предизвикаат насмевка на вашето лице
rnКрафорд сугерира да изберете фотографии од вашите пријатели и семејството, интересни папки или пенкала во боја.rn
„Чувајте ги работите професионално, секако, но доколку имате интересни работи на вашето биро, тоа ќе предизвика да се насмевнете“, вели таа. „Доколку има потреба, можете да ги сокриете овие работи кога ќе дојде некој клиент.“
rn
10. Посетете презентација на вашите колеги од друг оддел
rnЏакинто го препорачува ова, бидејќи гледајќи како дејствуваат другите оддели, вие ќе можете да го задржите фокусот на вашата компанија и да гледате на неа од поинаков аспект. Поголемиот фокус помага побрзо да ви помине работниот ден.rn
Којзнае, можеби и ќе научите некој нов трик“, дополнува тој.
rn
11. Променете ја локацијата
rnАко имате можност за флексибилно работно место, тогаш тоа е одлично.rn
„Понекогаш новата локација ви дава нова перспектива“, вели Далек.
rnВашиот работен простор не е толку удобен? Едноставно поместете го вашиот лаптоп на друга локација, барем во период од половина час.rn
12. Наградете се на крајот од работната недела
rnВеќе знаете колку е важно да ги исполните работните цели и обврски.rn
„Секоја недела поставете си пет цели кои сакате да ги достигнете и распоредете си го времето да работите на нив секој ден“, предлoжува Девал. „Ако ги исполните целите и го пополните вашиот ден со продуктивност, наградете се! Ова може да ви ја зголеми довербата и да направи да се чувствувате исполнето кога ќе си одите во петок.“
rn
rnrnЗапаметете ги овие работи и вметнете ги во вашиот дневен распоред оние кои најмногу ви одговараат, па ќе бидете изненадени колку брзо ќе помине вашиот работен ден.