КАФЕ ПАУЗА

Како што го сакам… Нова кампања на Cermat за Метрополи сладоледите која нема да ве остави рамнодушни

„Некои тоа го сакаат дрско, а некои го сакаат нежно, романтично…“

rn

„Некои тоа го сакаат само за себе, а некои го сакаат во пар…“

rn

„Некои тоа го сакаат без обврски, а некои го сакаат секој ден…“

rn

„Метрополи“, како што го сакам.

rn„Како што го сакам“… e новиот слоган на кампањата на македонскиот производител на сладоледи и замрзната храна Цермат кој го разбранува македонскиот етер.rnrnrnrnВо центарот на вниманието на рекламата се наоѓа една од најсилните импулсни емоции – страста, која во самата реклама доминира на многу мудар и природен начин, а го симболизира чувството на задоволство од консумирањето на премиум нешта, каков што е сладоледот „Метрополи“.rnrnИнспирацијата, според креативците и компанијата доаѓа од добро познатиот факт дека сладоледите се производ што се купува импулсивно, го сакаме во истиот момент кога ќе го здогледаме, затоа што неговата консумација ни претставува задоволство и уживање. Па, како и сите нешта кои страсно ги задржуваме само за себе или ги правиме во пар, ги сакаме дрско или нежно, повремено или секојдневно, така е и со сладоледот „Метрополи“ – суптилни пораки, спакувани во премиум, престижна и „straight to the point“ комуникација, која апсолутно не остава простор за рамнодушност.rnrnЕве како тоа изгледа, за оние кои сè уште не ги виделеrnrnhttps://youtu.be/CojBEDNXRbwrnrnhttps://youtu.be/7heyYJ4nzpgrnrnhttps://youtu.be/ZMc8hEbh5pwrnrnСладоледите „Метрополи“ доаѓаат во неколку премиум вкусови и различни пакувања за индивидуално или групно уживање, и тоа: Монако, Барселона, Париз, Берлин, Лондон, Брисел, Рио, Виена, Милано, секој со својот уникатен, полн вкус за паметење.rnrnИ бидејќи ништо не е случајно,  доколку погледнеме подлабоко во значењето на пораките од кампањата, наидуваме на едноставна интерпретација на вредностите на македонската компанија Цермат, компанијата која стои зад оваа кампања и тоа: високо ниво на корисничко задоволство за кое компанијата се залага преку стотиците производи, достапни во стотици продажни места во земјата и во странство; 25 годишно искуство и знаење кое компанијата ја прави лидер на македонскиот пазар во својот домен на работење и страст која ја интерпретира во секој нов производ на пазарот.rnrnА како го сакате вие? ;)rnrnrn

За Цермат:

rnЦермат ДОО Битола е водечки македонски производител и дистрибутер на сладолед, замрзнато овошје и зеленчук, лиснато тесто, млечни и кондиторски производи, а чие производно портфолио опфаќа производство и дистрибуција на сладоледи од различни брендови меѓу кои Metropoli, Romansa,  Tornado, Imperial, Easy, Mars и уште многу други, како и брендовите: Delicia, Carina, Gardenia, Paneti,  Capetano, McCain, Segafreddo и Ionia во делот производство и дистрибуција на замрзнато овошје и зеленчук, лиснато тесто, млечни и кондиторски производи. Секој производ е изработен од високо квалитетни суровини по оригинален рецепт и најсовремена технологија, а за да обезбеди постојан врвен квалитет,  своето работење го усогласува со меѓународниот стандард за безбедност на храна BRC и меѓународниот стандард за храна IFC. Како софистицирана модерна компанија која постојано се надградува, дава придонес во општествениот, едукативниот, спортскиот и културниот живот на поединецот, учествувајќи во голем број хуманитарни настани и спортски активности.rnrnПовеќе информации се достапни на веб страницата www.cermat.com.mk.