КАФЕ ПАУЗА

Ги носиме западноевропските трендови на дигитален маркетинг на регионалниот пазар – DAMconf 2017

Ги носиме западноевропските трендови на дигитален маркетинг на регионалниот пазар – DAMconf 2017

Без разлика дали сте професионалец во областа на дигиталниот маркетинг и огласување или сте едноставно само ентузијаст за оваа тема, имаме одлична вест за вас.rnrnГи носиме западноевропските трендови на дигитален маркетинг на регионалниот пазар – DAMconf 2017rnrnОвој ноември, Загреб по четврти пат ќе биде домаќин на DAMconf конференцијата каде ќе гостуваат светски познати професионалци од областа на дигиталниот маркетинг. DAMconf претставува една од најпосетуваните конференции во регионот на тема дигитален маркетинг и адвертајзинг и е одлична прилика за запознавање со најновите дигитални трендови како и со највлијателните професионалци од маркетинг индустријата, брендови и претставништва на технолошки компании кои едноставно не смеат да се пропуштат.rnrnDAMConf е сеопфатна конференција за дигитален маркетинг и огласување во регионот на југоисточна Европа. Секоја година организаторите носат говорници од западноевропските пазари кои на регионалните професионалци во живо им ги претставуваат реалните можности кои ги нуди дигиталниот маркетинг.rnrnКартите за DAMConf моментално се продаваат по Early Bird цена, а по оваа поволна цена ќе можат да се купат до крајот на септември (купи карта). Главна тема на овогодишната конференција е „Како иновациите во технологијата го движат дигиталниот маркетинг“.rnrnПосетителите ќе имаат можност да ги видат последните маркетиншки трендови, вклучувајќи вештачка интелигенција, дигитално плаќање и други иновации кои се однесуваат на предизвиците на денешната маркетинг индустрија.rnrnГоворниците на DAMconf се професионалци во областа на дигитаниот маркетинг кои доаѓаат како од западноевропските земји така и од регионот. Така посетителите ќе имаат можност да слушнат и видат претставници од највлијателните светски агенции како што се Manning Gottlieb OMD, Shazam, Coca-Cola и други брендови со успешна дигитална стратегија.rnrnГлавен медиумски партнер на овогодишниот DAMconf е Nova TV, пионер во дигиталните содржини во регионот. Покрај медиумската поддршка, за програмата на конференцијата ќе допринесат и интересните теми и трендовите поврзани со дигиталните канали. Организатор на конференцијата е ClickAttack, најголемата мобилна огласувачка мрежа во регионот.rnrnDAMconf ќе се одржи на 16 ноември во просториите на City Plaza Zagreb (поранешен Hypo centar). Картите се во продажба и можат да се купат на веб страната на DAMconf каде што може да се дознаат и повеќе детали во врска со конференцијата – www.damconf.com.