КАФЕ ПАУЗА

Совети од Абрахам Линколн за младите правници

Совети од Абрахам Линколн за младите правници

Written by

in

,

Пред да стане претседател на САД, Абрахам Линколн имал успешна адвокатска кариера, која ја работел 25 години. Неговиот добар углед натерал многу млади правници да се обратат кај него за совет како да станат подобри адвокати. На четири од нив им ги испратил следните одговори.rnrnСовети од Абрахам Линколн за младите правнициrn

Писмо до Ајшам Ривис, 5 ноември 1855 година

rnПочитуван господине,rnrnШтотуку стигнав дома го најдов Вашето писмо од 23-ти од минатиот месец. Јас поминувам премногу време надвор од канцеларијата за да бидам од корист за еден млад човек кој сака да научи за правото. Ако сте цврсто решен од себе да направите адвокат веќе сте завршиле половина од работата. Не е битно дали ќе читате со некого или не. Јас не читав со никого. Земете ги книгите, читајте, проучувајте ги додека не ги сфатите нивните носечки принципи, тоа е најважно. Не е битно дали сте во голем град додека читате. Јас читав во Њу Салем, место во кое никогаш немало повеќе од 300 жители. Книгите и вашиот капацитет да ги разберете се исти каде и да сте. Господин Дамер е многу умен човек и одличен адвокат, така што немам сомнение дека тој со задоволство ќе ви покаже кои книги да ги прочитате, а веројатно и ќе ви позајми некои.rnrnСекогаш имајте на ум дека вашата решеност да успеете е побитна од што било друго. Искрено Ваш,rnrnА. Линколнrn

Писмо до Вилијам Григсби, 3 август 1858 година

rnПочитуван господине,rnrnВашата пријава за место во мојата адвокатска канцеларија од 14 јули беше примена пред неколку дена. Мојот партнер, г-н Херндон, е задолжен за овие работи и во последните три месеци веќе има одбиено дузина пријави како Вашата.rnrnАко сакате да станете адвокат, не дозволувајте на Вас да влијае местото каде што се наоѓате или луѓето со кои сте опкружени. Земете книги, седнете некаде и читајте. Тоа ќе ве направи адвокат побрзо од што било друго.rnrnИскрено Ваш,rnrnАбрахам Линколнrn

Писмото до Џејмс Торнтон од 2 декември 1858 година

rnПочитуван господине,rnrnГо примив Вашето писмо испратено на 29-ти во име на г-н Видмер. Јас премногу сум отсутен за да можам да бидам соодветен ментор на студент по право. Кога човек ќе дојде до возраста на која е г-н Видмер, сметам дека треба да почне да чита без надгледување од ментор. Јас токму на тој начин влегов во правната професија. Дајте му на г-н Видмер да ги прочита коментарите на Блекстон, застапувањата на Чити, за докажувањето на Гринлиф, за правичноста и застапувањето во име на правичноста на Стори, нека земе лиценца, нека почне да работи и нека продолжи да чита и потоа. Според мене тоа е најбрз, најевтин и најдобар начин за г-н Видмер да направи адвокат од себе.rnrnИскрено Ваш,rnrnА. Линколнrn

Писмо до Џон Брокман од 25 септември 1860 година

rnПочитуван господине,rnrnВашето прашање „кој е најбрзиот начин да се стекне длабоко знаење за правото“ е примено. Начинот е многу едноставен, иако макотрпен и едноличен. Тоа е да земете книги, да читате и внимателно да ги проучувате. Почнете со коментарите на Блекстон, и откако внимателно ќе ги проучите, би рекол два пати, прејдете на застапувањата на Чити, докажувањето на Гринлиф, а потоа прочитајте за правичноста од Стори. Најбитно е да се работи, работи, работи.rnrnИскрено Ваш,rnrnА. Линколнrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.