Галичка свадба 2017: Продолжува поддршката на Пивара Скопје за зачувување и афирмација на автентичната културна традиција

Сподели

Пивара Скопје и нејзините брендови и оваа година, традиционално, се нераскинлив дел од најпознатата македонска свадба, која викендов по 44-ти пат се одржува во неповторливиот амбиент на живописниот Галичник на планината Бистра.

Покрај финансиската поддршка за организацијата на годинешната „Галичка свадба“, со што се придонесува за зачувување и афирмација на автентичниот фолклор, уникатното народно творештво и традиција, како и националното културно богатство, Пивара Скопје за учесниците во оваа автентична културно-сценска манифестација обезбеди и соодветна количина пијалаци од своето портфолио, како неодвоив дел од сите веселби и прослави.

Реклама

Дополнително, пред заминување кон Галичник, годинешните галички младоженци – невестата Тања Чалоска и зетот Бошко Лепчески, беа специјални гости на Пивара Скопје.

Од страна на директорот за односи со јавност и комуникации, Ламбро Патче, специјалните гости беа запознаени со 93 – годишната историја и компаниско наследство, како темел врз кој и денес Пивара Скопје ја гради својата мисија и визија за одржлива иднина, како и со компаниските вредности засновани на традицијата наследена од генерации Пиварци и нивниот труд и посветеност за производство на најпосакуваните пива и безалкохолни пијалаци на пазарот. Посебно беше акцентирана поддршката што компанијата со децении наназад ја обезбедува за зачувување и негување на културното богатство, вредностите и добросостојбата на заедницата во целост.

Реклама

Низ процесот на производство на пиво ги водеше еден од најискусните пивски мајстори во регионот, директорот за производство на пиво во Пивара Скопје, Кирчо Стојанов, а „магијата“за создавање на најпознатите светски безалкохолни пијалаци на Кока-кола им ја откри директорот за производство на безалкохолни пијалаци, Горан Стојковски.

При посетата, годинешните галички младоженци добија и уникатни обележја „Амбасадор на Пивара Скопје“, како уште еден симболичен детаљ по кој тие ќе ги паметат деновите кога стапиле во брак во Галичник и со тоа придонеле за зачувување на автентичната македонска традиција и култура.

И оваа година, манифестацијата „Галичка свадба“ се очекува да привлече илјадници посетители од земјава и странство, кои одново ќе имаат можност да бидат сведоци на над 30-те оригинални свадбени обичаи, проследени со традиционални народни песни и ора, како и народни носии кои пленат со својата уникатност и убавина.

И во оваа прилика, Пивара Скопје им препорачува на сите оние кои викендов ќе се упатат кон Галичник, да возат безбедно, да не возат доколку пијат и да консумираат одговорно.

За повеќе информации и фотографии посетете го веб-сајтот www.polnacasa.mk

Најново

Може ќе ве интересира