„Еye Cue“ и МК јутубери во „Еден на Еден“

Сподели

Новите генерации добро знаат кои се следните гости во „Еден на Еден“. Во недела ќе ги гледаме Марко Марковиќ – GP и Стефан Рашковиќ – Steffonator, најпознатите претставници на една нова „Јутјуб“ култура во Македонија.

Што е јутјубер, што е она што влече илјадници деца да ги гледаат нивните видеа и се живее ли од „Јутјуб“, се само дел од темите на кои GP и Steffonator ќе зборуваат со Жаре.

Реклама

Но, најпрво, во студиото на „Еден на Еден“, директно од аеродром, доаѓаат нашите евровизиски претставници „Eye Que“. Измеѓу претставувањата на „Lost and Found“ во Израел и Амстердам, Бојан и Марија зборуваат за целото евровизиско доживување и очекувањата за оваа година.

Покрај тоа, ја претставуваме и „Frantics“, видеоиграта на која работеше македонски тим во копродукција со „Сони“.

Реклама

Не пропуштајте ја новата „Еден на Еден“ во недела 18.50 часот на „Канл 5“ телевизија.

https://www.youtube.com/watch?v=TlvVAi8Yc1Y

Најново

Може ќе ве интересира