ТВ серија за двајца детективи од Америка и од Мексико, кои мора да работат заедно за да пронајдат сериски убиец кој е опасен и за двете страниrnrn
Главни улоги: Демијан Бишир, Даен КругерrnrnЖанр: криминал, драма, мистеријаrnrnКреатори: Елвуд Рид, Бјорн Стеин, Мередит СтиемrnrnПремиера: 10 јули 2013rnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnЈазик: англиски, шпанскиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn
rnМарко Руиз (Демијан Бишир) е детектив за убиства кој работи за државата Чиуава, Мексико и живее во опасниот град Хуарез. Марко е фамилијарен човек и е еден од последните чесни луѓе во корумпираната и бесчувствителна полициска сила која е под контрола на картелите со дрога. Тој е бистар, шармантен, внимателен и целосно свесен за хаосот кој владее во неговиот град.
Детективката Соња Крос (Даен Кругер) живее на другата страна од границата – во Ел Пасо, Тексас. Соња е нешто сосема поразлично од Марко. Таа е студена, директна и брутално искрена личност, без чувство на емпатија. Сè уште не е дефинирано, но според нејзините постапки веруваме дека има некој вид аутизам, најверојатно Аспергеров синдром.
Сè започнува кога полицијата ќе најде мртва жена, оставена на средината на мостот кој се наоѓа помеѓу Америка и Мексико. Бидејќи станува збор за судијка од Америка, Мексиканската полиција одлучува да им го предаде случајот на Американците без разлика на тоа што половината од телото се наоѓа во Мексико. Но, многу брзо работите ќе тргнат во неочекувана насока. Соња ќе открие дека всушност се работи за двојно убиство – горниот дел од телото е на судијката, но нозете се од девојка со потемна кожа, која најверојатно е со мексиканско потекло. Поради оваа необична ситуација таа ќе биде принудена да побара помош од мексиканскиот детектив Марко Руиз.
Досега има само 5 епизоди, но целиот случај многу брзо се развива и секоја нова епизода ве внесува сè подлабоко во животот на луѓето околу границата. Можеби на почетокот ви изгледа како едноставна и веќе видена криминална приказна, но ве уверуваме дека станува збор за нешто сосема различно. rnrnИсто така мора да ве предупредиме дека оваа ТВ серија е многу мрачна и тешка и не секој би можел да ја гледа. Доколку сте љубител на приказните со влегување во умот на сериски убијци, проследено со многу убиства и мистерии, тогаш дефинитивно не смеете да ја пропуштите „Мостот“. Ова е една од оние ретки ТВ серии каде што работите никогаш не се онака како што изгледаат и каде што многу тешко можете од прва да процените кој е на добрата, а кој на лошата страна од законот.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
