Музички радар: 5 нови песни кои треба да ги слушнете овој викенд

Сподели

Петок е обично голем ден за музичкиот свет – многу од нашите омилени артисти го одбираат баш тој ден за издавање нови песни, албуми, видеа… Но во светот на Јутјуб, Спотифај, Саундклауд и останатите услуги за стриминг, може да стане навистина тешко да се следат сите нови изданија.

Тука доаѓаме ние. Секоја недела, Кафе пауза избира албуми и песни – обично нови, понекогаш стари, но релевантни – за кои веруваме дека го заслужуваат вашето внимание.

Реклама

Пред една недела, пејачката Нормани ги изненади фановите со енергичен музички запис за нејзиниот последен сингл „Motivation“. Исто така, можете да го слушнете и најновиот сингл на Тејлор Свифт насловен „Lover“, „Slide Away“ на Мајли Сајрус, и многу повеќе.

Продолжете да читате за да дознаете кои песни ги спремивме за вас и зошто мислиме дека ќе уживате во нив.rn

Реклама

1. Нормани – ,,Motivation’’

rnВо исчекување на дебитантскиот соло албум на Нормани, таа се појави со уште еден привлечен настап за песната „Motivation“ во новиот видео запис инспириран од раните 2000-ти години. Со белези од РНБ музиката, оваа поп песна го прикажува извонредниот вокал на Нормани, додека трубачите изведуваат зачудувачки ритам – кој пејачката го користи за да ги покаже нејзините одлични танцувачки способности. Видео записот за „Motivation“ е исто така полн со моменти кои оддаваат почит кон некои од најдобрите музички видеа од раните 2000-ти години (вклучувајќи ги „Crazy In Love“ од Бијонсе и „I’m real“ од Џенифер Лопез).

https://www.youtube.com/watch?v=FKXSh14svlQrn

2. Тејлор Свифт – ,,Lover’’

rnТејлор Свифт го издаде третиот по ред сингл насловен ,,Lover”, од истоимениот долго очекуван седми албум. Романтичната поп песна со примамлив текст, содржи интимни стихови за тоа како е да се биде заљубен во некого, а тоа да остане така засекогаш. Видео записот ја прикажува Свифт како ја гради својата сопствена куќа од соништата – разнобојни соби и многу фантазија. Целата куќа потсетува на возрасна верзија на романтичните бајки на Тејлор, кои се расплетуваат низ целата нејзина дискографија.

https://www.youtube.com/watch?v=-BjZmE2gtdorn

3. Мајли Сајрус – ,,Slide Away’’

rnМајли Сајрус ги изненади своите фанови со објавувањето на новата песна насловена „Slide Away“. Емотивната поп-рок песна навидум се осврнува на неодамнешната разделба од сопругот Лиам Хемсворт. Мајли пее за долгогодишна врска која завршува, а таа пробува да продолжи понатаму со својот живот. Песната, проследена со гранџ меланхолија, како и насловната слика за истата – не се суптилни за она што се случило зад затворените врати.

https://www.youtube.com/watch?v=_LwX7GCE5rIrn

4. Ава Макс – ,,Torn’’

rnПоп пејачката Ава Макс издаде низа привлечни песни веднаш по нејзиниот голем успех со „Sweet but Psycho“ – една од најпопуларните песни за оваа година. Но таа не застанува овде – нејзиниот нов сингл насловен ,,Torn” звучи како уште еден потенцијален хит. Во диско-инспирираната песна, Макс пее за подемите и падовите на врската во која се наоѓа. Заедно со песната, Макс објави и ново видео за истата, кое е доста примамливо поради буквалното толкување. Во него се прикажани зборови и слики извадени од стрипови, со цел да се прикажат стиховите на песната на креативен начин.

https://www.youtube.com/watch?v=cPyQRtd7hNUrn

5. Мејбел – „OK (Anxiety Anthem)“

rnМејбел го издаде видео записот за нејзината нова песна „OK (Anxiety Anthem)“. Уште од објавувањето на нејзиниот деби-албум „High Expectations“, обожавателите на Мејбел се особено наклонети кон оваа песна, што важи за нејзина најискрена досега. Отворајќи се за сопствените искуства со анксиозноста и депресијата, оваа песна резонираше со големи благодарности кон Мејбел за нејзината инспиративна порака. Во режија на Џејд Џекмен, црно-белото видео кое навидум изгледа доста симплистичко, успева да ја долови пораката дека анксиозноста може да влијае на секого, без оглед на околностите. И покрај универзалноста на тие чувства – добро е да ги имате.

https://www.youtube.com/watch?v=sO4nmSLFcX4rn

Автор: Христијан Киров

Најново

Може ќе ве интересира