Можеби сметате дека е очигледно кој со кого ќе го помине Денот на вљубените, но всушност има многу опции – пријатели, семејство, па дури и самите вие… Можеби сè уште не сте сигурни како сакате да прославите. Можеби сте во врска, но сакате таа ноќ да ја поминете со пријателите. Вашиот хороскопски знак ќе ви помогне да одлучите како да го поминете Денот на вљубените.rnrn
rn
Овен: Нов познаник
rnОвните со нивната самодоверба немаат проблем да привлечат нови луѓе во нивниот живот, а нивниот авантуристички дух значи дека секогаш се подготвени за нешто ново. Па, најдобриот состанок за Денот на вљубените е мистериозниот странец кој неодамна се појавил на сцената.rn
Бик: Вашиот партнер
rnПоминете го овој ден со вашиот партнер следејќи ја традицијата која важи за Денот на вљубените.rn
Близнаци: Личноста од апликацијата за запознавање
rnЗа прилагодливите Близнаци, најдобриот начин да го прослават овој празник е со некој нов. Најдобро некој кој ќе се восхитува на нивната дарба за разговарање.rn
Рак: Вашето маче или куче
rnРаковите се едни од најсаканите личности, па чудно е да го поминат празникот сами. Но кога во текот на целата година го давате вашето срце, потребен ви е и ден за одмор и за љубов кон себе.rn
Лав: Вашиот партнер
rnДенот на вљубените е измислен за дарежливите луѓе како Лавовите. Па, уживајте во традицијата со партнерот и одберете некоја романтична активност.rn
Девица: Со најдобриот пријател
rnНе дека Девиците не сакаат романтика, но сакаат тоа да биде по нивни правила. Сигурно нема да потрошат многу пари на чудни активности за Денот на вљубените. Најдобро ќе си поминат на ручек или пијачка со најдобриот пријател.rn
Вага: Романтика со партнерот
rnКога сакате, можете да бидете најромантичната личност. Вагите очекуваат вечера со свеќи, ливчиња од ружи и страсна ноќ со партнерот.rn
Скорпија: Во кревет со партнерот
rnСекој кој е во врска со Скорпија нека почне со подготовки уште на 13-ти февруари. Скорпиите имаат многу интересни планови за во кревет за Денот на вљубените.rn
Стрелец: Доцна дружба со пријател
rnПостои голема веројатност Стрелците да го дочекаат Денот на вљубените неподготвени. Тие се премногу зафатени уживајќи во секојдневниот живот наместо да се фокусираат на овој празник. Ова не значи дека нема да го прослават, но ќе биде како и секоја дружба со пријателите.rn
Јарец: Со партнерот, но не до доцна
rnЈарците сакат да го прославуваат Денот на вљубените со партнерот. Тие уживаат во романтиката и страста, сè додека може да се вратат дома и да си легнат во разумно време. Утре ги чека работа, а тие секогаш мислат однапред.rn
Водолија: Љубов кон себе
rnВодолиите секогаш мислат на другите, а ова е една од причините зошто сите ги сакаат. Поради ова заслужуваат ден само за себе. Денот на вљубените е одлична можност да се свртат кон себе и да си ја подарат љубовта која обично им ја даваат на другите.rn
Риби: Состанок кој сте го планирале вие
rnРибите ги поминале последните неколку недели планирајќи го Денот на вљубените. Тие секогаш сакаат да добиваат подароци, но тоа не се ни споредува со радоста кога тие подаруваат.rnrnДали знаете што навистина мислат хороскопските знаци за Денот на вљубените?
