Весникот „Мумбаи мирор“ (Mumbai Mirror) нашол совршено место за реклама на популарниот бренд „Лакост“. Ја сместил веднаш до веста „15.000 крокодили избегале од фарма во Јужна Африка“. Генијално!rnrn
rnrnТолку многу е оригинална идејата што ќе помислите дека брендот навистина замешал прсти во исчезнувањето на рептилите, кое всушност е последица на обилните дождови и големите поплави. Тие избегале од фармата „Раквена“ во Африка, кога сопствениците за да спречат уривање на објектот, биле приморани да ги отворат вратите.rnrnДел од крокодилите се пронајдени и вратени назад, но дел сè уште слободно се шетаат и претставуваат опасност за населението. Рептил бил пронајден и во близина на училиште.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
