КАФЕ ПАУЗА

Мајкл Бубле – мултиплатинестиот издавач кој јавноста го поистоветува со Френк Синатра

Мајкл Бубле – мултиплатинестиот издавач кој јавноста го поистоветува со Френк Синатра

Written by

in

Мајкл Стивен Бубле (Michael Steven Bublé) е италијанско-канадски џез пејач и актер. Роден е на 9-ти септември, 1975 година, во Британска Колумбија, Канада. Пораснал со џез-плочите од колекцијата на дедо му. Токму тој го убедил да го направи првиот чекор во музичката индустрија. Го охрабрил да се пријави на телент-шоу во Ванкувер, каде го освоил првото место, но за жал бил дисквалификуван, бидејќи имал 18 години, а границата за учество била 19. Ова не го разочарало Бубле. Тој одлучил повторно да учествува на едно канадско шоу за млади таленти, на кое со неговиот „страшен“ вокал уште еднаш завршил на врвот.rnrnБезрезервната поддршка од дедо му продолжил да ја добива и понатаму. Тој бил водоводџија и поправал бесплатно по клубовите, само за да ги убеди нивните сопственици да му овозможат настап на неговиот внук, кој и во вакви околности успeал да издаде три независни албуми. Тие се: „First Dance“ (1996), „Babalu“ (2001) и „Dream“ (2002).Мајкл Бубле – мултиплатинестиот издавач кој јавноста го поистоветува со Френк СинатраМладиот Бубле навистина тешко се снаоѓал во музичките лавиринти, сè до моментот кога за неговиот талент дознал поранешниот канадски премиер, Брајан Малруни. Тоа се случило кога уморен од 10-годишната борба на сцената, тој се подготвувал да се откаже од музичката кариера и среќата да ја побара на медиумскиот пазар.rnrnОваа грешка за влакно ја избегнал, бидејќи на еден од неговите настапи во 2000 година, го импресионирал Мајкл Мексвини, тогаш десната рака на премиерот. Бубле по настапот му подарил копија од неговиот прв независен албум, велејќи му дека ако не му се допаѓа музиката, може слободно да го искористи како подлога за вино. Мексвини одлучил цедето да му го даде на премиерот, кој пак, на инсистирање на својата сопруга го поканил талентираното момче да пее на свадбата на нивната ќерка.rnrnНа веселбата, Бубле се запознал со музичкиот продуцент Дејвид Фостер, кој веднаш го земал под негова закрила. Три години подоцна, во февруари, 2003-тата, се случува неговото големо деби. Тој го издава студискиот албум „Michael Bublé“, по кој следуваат бројните музички награди и неверојатниот светски успех во шоу-бизнисот.rn

rnАлбумот долго време потоа се задржува на врвот на топ 10 листите во Канада и Велика Британија, а веќе наредната година, Бубле е прогласен за најдобар нов изведувач на канадските музички награди „Џуно“ (Juno). Во 2005-тата, пак, на „Светските музички награди“ (World Music Award), тој го збогатува професионалното CV и со признанието за најпродаван изведувач.rnrnБубле многу пати досега е прогласуван за најдобар машки вокал. Во 2007-та, тоа признание му беше оддадено на „NATIONAL JAZZ AWARDS“, а во 2008-та и на престижните „Canadian Smooth Jazz Awards“. Меѓу неговите најголеми успеси е и албумот „Crazy love“ (2009), кој во неколку наврати го вивна до врвот…rnrnДенеска, талентираниот музичар може да се пофали со над 30 милиони продадени копии од неговите 15 издадени албуми. Последниот, насловен како „Christmas“ го лансираше на 24 октомври, 2011 година.rn

rnМултиплатинестиот издавач во преку 15 држави, покрај по моќниот глас, препознатлив е и по своjот „олд скул“ шарм и харизма. Најверојатно и за ова треба да му се заблагодари на сопствениот дедо. :)rnrnЗаради неговите несекојдневни вокални способности и елеганција, јавноста се осмели да го нарече Френк Синатра на новиот милениум. За ваквото поистоветување со музичката легенда, Бубле вели:rn
rn

„Никогаш нема да има друг Френк Синатра. Јас никогаш не сум посакал да бидам другиот Синатра. Јас само сакам да бидам Мајкл Бубле. Ме навредува тоа што луѓето мислат дека го слушам само Синатра. Роден сум во 1975 година. Како дете мојот најголем идол беше Мајкл Џексон, а како тинејџер сакав да станам дел од ‘Beastie Boys’.“

rnrnrn

rnКарактеристично за интернационална музичка сензација е и тоа што концертите ги завршува пеејќи без микрофон. Тоа започнал да го практикува, откако на настап во Лос Анџелес, додека ја пеел „My Funny Valentine“ му се исклучил микрофонот. Но, Ален Чанг, пијанистот на Бубле продолжил да свири, а тој ја испеал песната до крај. Направиле фантастична акустична верзија, со која ја излуделе публиката.rnrnЗа канадската мегаѕвезда карактеристични се и интерактивните настапи и концерти. Бубле низ годините изградил специјален однос со публиката. Еве едно од видеата кои најдобро го потврдуваат тоа.rn

rnВокалистот кој години наназад го носи епитетот најдобар интерпретатор во светот, во 2011-тата доби нова шанса и на полето на љубовта. Долгогодишната врска со младата аргентинска актерка и модел, Лусијана Лопилато (позната по улогата на Миа Колучи во мегапопуларната тинејџерска серија „Млади бунтовници“) ја крунисаа со брак.rnrnВо чест на својата сопруга, Мајкл го издаде синглот „Haven’t Met You Yet“ (Crazy Love, 2009). Во 2010-та, тој беше прогласен за сингл на годината, на наградите „Џуно“. Лусијана се појавува и во спотот за песната.rnrnНеговите претходни врски кои долго време ја брануваа јавноста беа оние со актерката Емили Блант и со танчерката и пејачка, Деби Тимус. И тие добија соодветно место во музиката на Бубле. Хит синглот „Home“ од албумот „It’s Time“ е посветен на Деби, а Емили била неговата инспирација за песната „Everything“ (Call Me Irresponsible)…rn

rn

rn

rnБубле не заостанува ниту со актерството. Глуми во филмовите „Totally Blonde“ (2001), „The Snow Walker“, „Duets“ (2000), „Death Game“ (1997), „A Russell Peters Christmas Special“ (2011) и во голем број ТВ серии. Во преку 150 наслови се глуми себеси, а се јавува и како специјален гостин. Заслужен е и за музиката во 70-тина од нив.rnrnВо 2000 година, Бубле добива и две номинации за наградите „Genie Award“, за песните кои ги напишал за филмот „Here’s To Life!“, во кој главна улога е  Ерик Меккормак.rnrnЗа Бубле има уште многу што да се зборува. Тој постојано е во фокусот на вниманието на јавноста, но она што сите ги остава без коментар се неговите неверојатни вокални способности. Во продолжение, уживајте уште малку во нив…rn

rn

rn

rn


rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.