Направете место во вашата козметичка торбичка, бидејќи денес ви откриваме вистински еликсир за убавина. Станува збор за најценетата африканска тајна во форма на чудотворно масло за кожа и коса.rnrn
rnrnОвој еликсир за убавина се добива од африканското стебло марула. Домот на ова стебло е Јужна Африка и расте на отворени тревници овозможувајќи сенка во облик на сонце. Стеблото расте до висина од 15 до 20 метри и има интересна и разгранета крошна со жолти плодови. Неговиот плод има меко тело и цврста семка која е богата со масло.rnrn
rnrnМаруловото масло содржи високо ниво протеини, лимонска и јаболкова киселина, овошен шеќер, фосфор, магнезиум, бакар, цинк, тијамин. Се користи за произведување пијалаци, најчесто алкохолни, но во последно време го освојува и светот на козметиката и тоа со добра причина.rnrn
rnrnОва масло има богата традиција кај африканските жени. Маруловото масло е идеално за сувата кожа, бидејќи има исклучително хидратантно делување и ефект. Високото ниво на палмитинска и стеаринска киселина е идеално за јакнење на липидниот филм на кожата. Освен тоа, маслото штити од околните влијанија, го намалува црвенилото на кожата и содржи многу витамин Ц кој е заслужен за создавање колаген.rnrnДоколку сакате да ја унапредите вашата рутина за убавина и да ја збогатите вашата козметичка торбичка со масло за нега, тогаш дознајте и кое е најдоброто масло за вашиот тип кожа и нејзините потреби.
Магично африканско масло кое е најдоброто решение за сувата кожа
