Бенд: Бета ХаусrnrnОснован: септември, 2009 годинаrnrnСостав: Александар Алексов (гитара), Стефан Стојчев (бас гитара), Бодин Попов (тапани), Раде Кекеновски (вокал и гитара)rnrnТип музика: рок, поп, реге, фанк, дискоrnrn rnrn
rnrnМлад рок бенд, кој не се ограничува во стилот на музика и експериментира со реге ритмови, диско и фанк гитари и слично…rnrn
rnrn
Како дојдовте до идеја за името на бендот?rnrnМногу спонтано. 🙂 Свиревме на некоја журка и требаше сето тоа некако да се најави, па на Бодин (тапанарот) му текна дека гледал филм во кој Бета Хаус праеле супер журки. И така некако остана името.rnrnКолку често правите проби?rnrnНеделно, два или три пати. Некогаш помалку, некогаш повеќе во зависност колку настапи и обврски имаме.rnrnМожете ли да издвоите некој поважен или можеби омилен настап? И каде може да ве чујат вашите фанови?rnrnСекој настап си има некоја своја убавина, но ако треба да издвоиме, тогаш настапите на фестивалите. Голема сцена, огромен број луѓе, многу енергија, настап на отворено небо – тоа секогаш се памти. Свириме скоро во сите скопски клубови, а кога зборуваме за фестивали ќе настапуваме во понеделник на „Schools Out“ на 10 јуни во Градскиот парк на Школка. Така да, бујрум!
Дали би направиле екстремна промена во стилот на музиката, ако некој ви понуди многу пари? rnrnЕве нека биде кратко и јасно. Не :)rnrnЧеститки за вашата прва авторска песна. Кажете ни нешто повеќе за неа?rnrnДа, деновиве излезе првиот сингл „Мона Лиза“. Летна песна во даб реге стил. Моментално се врти на сите национални радио станици, а спотот е во подготовка.rn
rnДали сте свиреле на свадби или сте имале понуди за свирење?rnrnНе сме свиреле, а додуша не сме имале ни понуди. Чекаме да ни подостари генерацијата уште малку, да почнат да се женат и мажат, па да нè бараат.rnrnШто правите кога не се занимавате со музика?rnrnСекој со своето, главно сите студираат или завршуваат факултети.rnrnКои македонски бендови или изведувачи особено ги почитувате?rnrnНашата генерација порасна со „Суперхикс“. Ние и фамилијарно сме поврзани со нив, а и комшиски, бидејќи на исто место правиме проби. Но, ги почитуваме и „Нокаут“, „Леб и Сол“, „Ареа“, „Д.Н.О.“ и други.
Што би сакале да ви се случи за да бидете задоволни од успехот на вашиот бенд?rnrnСакаме да правиме квалитетна македонска музика. Сметаме дека има недостаток на таква музика кај нас. Ако барем малку придонесеме кон тоа, македонската музика да биде подобра, послушана и помодерна, би биле среќни.rnrnКако го гледате бендот после 25 години?rnrnАуу, па не гледаме толку далеку. Ние во моментов се фокусираме на свирење и правење музика. За иднината нека се грижи Сабина од Амазон. :)rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
