Фестивалот ПМГ Рекордингс 4 ќе се одржи овој петок во Младинскиот културен центар во Скопје и, според организаторите, „претставува природно продолжение на (нивните) фестивалски заложби за напредно презентирање на најсвежите сонични авантури на македонскиот дел од музичкиот универзум“.rnrn
rnrn
„Оваа година прославуваме 15 години постоење ПМГ Рекордингс и 100 изданија, па сметавме дека е добра идеја да го збогатиме списокот на артисти, и покрај нашите ѕвезди, поканивме и пар силно современи, свежи, катинг еџ странски артисти“, изјавуваат од ПМГ колективот.
rnrnrn
rnrnОстави ги твоето име и презиме во коментар и добиј гратис карта за фестивалотrn
rnrnФестивалот ПМГ Рекордингс е прослава на македонската независна музичка култура и секоја година е одлично посетен, па и овој пат се очекува да ја наполни салата во МКЦ. rnrn
„Со необично задоволство Ве каниме да бидете дел од нашата прослава, ајде да направиме уште еден настан со светски mind set.“
rnrnКартите во претпродажба чинат 200 денари до 15 октомври, а потоа 300 денари.rn
rnrnЛистата на артисти ја сочинуваат: Филип Горбачев, Монозид, ПМГ колектив, Беј Д Фиш, Лепи Џони, Милко, Роботек и Мирко Попов. Во продолжение, преслушајте ја плејлистата со некои од музичките дела на овогодишните изведувачи на фестивалот.rnrnrn
rnrn
rn
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
