Дру Баримор, Зои Дешанел и Ен Хатавеј се само некои од познатите личности што купуваат на старо (second-hand) и не одбиваат да зборуваат за тоа. Тие не го прават тоа затоа што немаат пари или бидејќи изгледот не им е важен (сите знаеме дека ова не е вистина), туку имаат поголеми причини. Еве неколку од нив:rnrn
rn
1. За користените алишта не се употребуваат нови извори на енергија
rnСледејќи ја статистиката, за да се произведе количината памук неопходна за да се направи една маичка, потребни се 2.700 литри вода (олку човекот користи во 900 дена). Сега, замислете колку извори се потребни за да се произведат доволно маички, фармерки и други алишта за да се снабдат бутиците во светот. За да добиете претстава, само во Кина се произведуваат 300 милиони фармерки годишно.rnrn
rn
2. Овие видови продавници не користат амбалажи за пакување
rnОва не е поврзано само со облеката, туку и со секојдневните производи што ги купуваме и играчките. Дали сте забележале дека кога ќе отпакувате една играчка и до неа ги поставите деловите од пакувањето, ќе добиете купче што е речиси поголемо од самата играчка?rnrnОва е предноста на искористените алишта – не се спакувани.rnrn
rn
3. Облеката што се продава во продавниците на старо не ја довалкува планетата
rnАлиштата што се наоѓаат на полиците во овие продавници добиваат втор живот откако ќе ги купите, наместо да станат само уште едно шрафче во глобалната „машина на отпадоци“.rnrnСамо размислете за ова:rn
- rn 011
- Секоја година на планетата се произведуваат материјали за облека што зафаќаат околу 400 милијарди метри квадратни!
- 60 милијарди од нив се фрлаат веднаш – тоа се малите парчиња што не можат да се искористат.
- Останатото се користи за да се произведат околу 80 милијарди парчиња облека.
- Една третина од овие се фрла.
- Три од четири фрлени парчиња не се рециклираат (често се горат).
- Само едно од четири парчиња се реупотребени.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnОва е причина да размислите зошто не треба да ги фрлате алиштата (и предметите). Наместо тоа, најдете ваква продавница во ваша близина и донирајте ги.rnrn
rn
4. Не е воопшто „ризично“ како што мислите
rnГлавниот аргумент на луѓето што се против купување стара облека е дека не сакаат на себе да носат алишта веќе носени од некој друг. Ако станува збор за тоа, ние не можеме да знаеме колку различни луѓе ја пробале облеката што ја гледаме по брендираните продавници. Освен тоа, повеќето продавници на стара облека ја дезинфицираат облеката пред да ја постават на полиците. Сепак, и да не го прават тоа, секогаш вие можете да го направите истото откако ќе ја купите.rnrn
rn
5. Веќе станува интелигентен тренд
rnПорано многу таблоиди сакаа да пишуваат колку се скапи алиштата на познатите ѕвезди. Но сега, сѐ почесто новинарите од магазините за мода и убавина го привлекуваат вниманието на читателите со написите за ѕвездите кои практикуваат евтина облека, која е сепак со стил. Ова е така затоа што приоритетите на модата се променети. Пред неколку години беше престиж да се покаже колку заработуваш преку високите цени на гардеробата што ја носиш. Денес, луѓето сакаат да покажат колку се поинтелигентни со тоа што носат едноставни и евтини алишта.rn
Како што Зои Дешанел еднаш изјави: „Не може да ги купиш најскапите нешта и тоа да го наречеш стил“.
rn
rnrnДали и вие практикувате да купувате облека на старо?rnrnЕве уште една идеја за употреба на вашата износена облека: Заборавете на шопингот и направете ја вашата стара облека да изгледа како нова.