КАФЕ ПАУЗА

Oстварете си ги соништата – направете план

Oстварете си ги соништата - направете план

Сигурно сонувате за многу работи. Поради вашите соништа веројатно многу пати во денот фаќате друг правец со мислите, а често не можете око да склопите додека навечер се обидувате да заспиете. Соништата се убави, мотивирачки и охрабрувачки, понекогаш страшни и неизвесни. Но, сами по себе соништата не ви вршат работа. Она што ви треба е план да ги остварите. Планот е всушност мапа по која треба да се раководите за да стигнете до целта – остварувањето на вашите соништа. Еве како да почнете со мапирање:rnrnOстварете си ги соништата - направете планrn

Чекор бр. 1: Запишете си го сонот

rnЧинот на преточување на сонот во зборови на хартија или пак во документ на вашиот компјутер, значи дека се посветувате на него, а ова понатаму моќно ќе влијае за конечно да си го реализирате. Исто така, кога треба да запишете нешто, мора да вложите екстра напор за да размислите подобро што е она што сакате да го евидентирате како ваш сон. Можеби имате сон да станете многу богати, но ако направите план да заработувате 20.000 евра годишно, веќе имате многу поконкретна цел кон која можете да се стремите.rn

Чекор бр. 2: Разгледајте ги можностите

rnШто  и да претставува вашиот сон, секогаш има повеќе од еден начин за да го остварите. На пример, ако сакате да направите многу пари, можете:rn

    rn011

  • да ја смените вашата кариера, во некоја попрофитабилна
  • rn011

  • да работите повеќе за да бидете унапредени на актуелното работно место
  • rn011

  • да се запишете на факултет, за да ги завршите студиите или пак да продолжите на постдипломски студии, за да бидете поквалификувани
  • rn011

  • да започнете сопствен бизнис како претприемач
  • rn011

  • да штедите пари за некоја крупна цел
  • rn011

  • да си земете богат маж/жена
  • rn011

  • да играте игри на среќа
  • rn

rnПостојат многу опции. Запишете ги сите, дури и оние кои не ви изгледаат реално, па дури и оние кои сметате дека се глупави и смешни. Но, некогаш глупава идеја може да ве доведе до некоја добра. Не пропуштајте ги таквите.rnrnOстварете си ги соништата - направете планrn

Чекор бр. 3: Изберете јасна цел

rnОткако ги разгледавте сите можности, посветете се на избирање на вистинската. Можеби на пример ќе одлучите да се пробате во друго поле на работа или пак во друга компанија, каде ќе можете да ја заработувате посакуваната плата.rnrnИзберете цел која ќе ви претставува предизвик да ја реализирате, но истовремено која е возможно да се реализира. Нема поента да изберете цел која е поставена премногу високо на скалилото. На тој начин, само повторно ќе им се вратите на соништата и на мечтаењето по нешто, за што немате конкретен план за да го постигнете.rn

Чекор бр. 4: Поставете си краен рок

rnМногу е полесно кога ќе си поставите рок. Но, бидете реални и не плашете се да си поставите предизвик. Колку е поголема вашата цел, толку подолг рок треба да си оставите и обратно. Доколку вашиот сон е како оној во примерот, добро е да си поставите рок од околу 3 години за да направите промена во кариерата и да заработувате колку што сакате. Добро е крајниот рок да го врзете со некој конкретен датум или настан, на пример, вашиот 35-ти роденден или пред да почне вашиот син/ќерка да оди на училиште.rnrnOстварете си ги соништата - направете планrn

Чекор бр. 5: Запишете ги конкретните чекори за да стигнете до крајната цел

rnОва е финалниот чекор кога треба да се посветите максимално на планирањето. За големи соништа и цели, може да ви биде од помош доколку погледнете малку наназад:rn

    rn011

  • Што се бара на работното место кое треба да го прифатите за да ја работите таа работа?
  • rn011

  • Како можам да станам квалификуван/а за работата (на пр. забрзан курс по англиски)?
  • rn011

  • Треба ли нешто да знаете/поседувате претходно (на пр. пари за да го платите курсот)?
  • rn011

  • Како можете да го реализирате тоа?
  • rn

rnТреба да дојдете до чекор кој ќе ви постави јасна цел за да се поместите од точката каде што сте во моментот. Таква цел би била доколку на пр. решите да тргате на страна по 100 евра секој месец во наредната година.rnrnАко наидете на чекори кои не знаете како да ги завршите, обидете се да им се навратите подоцна. Најважно е да сфатите што точно сакате да постигнете за да си го остварите сонот, а тоа е првиот чекор кон негово реализирање. Имајте храброст, тоа може да ви го промени животот.rnrnКои се вашите соништа? Преземате ли нешто за да ги остварите или само мечтаете по нив?rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.