КАФЕ ПАУЗА

5 книжевни класици кои можеби не сте ги прочитале додека сте биле на училиште

Книжевни класици кои можеби не сте ги прочитале додека сте биле на училиште

Written by

in

Многумина од нас жалат што не одвоиле време да ги читаат книжевните класици, или барем оние кои биле задолжителна литература на училиште. Сепак, никогаш не е доцна за нив, а при секое препрочитување пак, можете да откриете нови детали, но и за самите вас, особено во поглед на вашите сфаќања за животот. Токму овде лежи и нивната убавина. Во продолжение прочитајте ја нашата листа со класици кои можеби не сте ги прочитале додека сте биле на училиште, а кои вредат да бидат прочитани.rnrnКнижевни класици кои можеби не сте ги прочитале додека сте биле на училиштеrn

„Големиот Гетсби“ од Френсис Скот Фицџералд

rnИако сте го гледале филмот со Леонардо ди Каприо, па знаете за што се работи, сепак не пропуштајте да го прочитате и романот кој е еден од најпознатите во светската книжевност. Книгата ја прикажува моралната декаденција на американското општество во 20-те години на минатиот век.rn

„Глувци и луѓе“ од Џон Стајнбек

rn„Глувци и луѓе“ е приказна за двајца осамени работници, Лени и Џорџ, кои се во потрага по подобар живот за време на Големата депресија. Покрај тоа што го прикажува тешкиот живот во оваа фаза од американската историја, сепак книгата раскажува и за едно необично, вистинско пријателство. Токму затоа романот се вбројува во најдобрите куси романи во американската книжевност.rn

„Ловец во ‘ржта“ од Џ. Д. Селинџер

rnРоманот на Селинџер веднаш по неговото објавување доживеал голема слава особено меѓу тинејџерите бидејќи обработува многу теми од немирниот младешки живот како: бунтот, осаменоста, сарказмот и револтот кон општеството. Неговиот главен лик, Холден Колфилд, за кратко време прераснал во симбол на тинејџерската непослушност.rn

„Срце на темнината“ од Џозеф Конрад

rn„Срце на темнината“ е еден од најпознатите романи на Конрад. Романот ја раскажува приказната на Чарлс Марлоу кој работи како транспортер на слонова коска во регионот на реката Конго. Меѓу другото, книгата е одличен приказ на цивилизациското и варварското општество, но и на врската меѓу империјализмот и колонијализмот.rn

„Оркански височини“ од Емили Бронте

rnРоманот „Оркански височини“ е единственото дело на англиската писателка Емили Бронте, но се смета за еден од највеличествените романи во англиската книжевност. Тој ја прикажува страсната, но попречена љубов помеѓу Кетрин и Хитлиф која не само што ќе ги уништи нив двајцата туку и нивните најблиски.rnrnОткако ја прочитавте нашата листа со книжевни класици кои вредат да бидат прочитани и препрочитани, можеби ќе сакате да откриете и зошто е корисно читањето класици.rnrnИзвор: allwomenstalk.com