КАФЕ ПАУЗА

14 популарни песни кои ќе ги вратат назад во детството оние кои растеле во 90-тите

Written by

in

Основното и средното училиште беа истовремено чудни, забавни, но и лоши периоди од сечиј живот. Вашите родители ви купуваа облека, имавте часови за сексуална едукација и компјутерските лаборатории беа голема работа. Вашата иднина беше детерминирана од партијата „Каунтер Страјк“ со вашиот тим. Но, едно од најносталгичните нешта од тој период беше нашата љубов за музиката. Се сеќавате колку вашиот живот се вртеше околу вашите омилени песни? Потсетете се колку убава музика се слушаше тогаш… Погледнете ги следниве 14 класични хитови без кои сигурно не можевте да поминете ниту еден ден.rnrn14 популарни песни кои ќе ги вратат назад во детството оние кои растеле во 90-титеrn

1. Get Low – Лил Џон

rnВие дефинитивно сте мислеле дека оваа песна е многу кул кога сте имале околу 12 години. Таа истовремено е многу моќна, погрешна и правилна. Исто така сигурно вашите родители ја мразеле, па затоа и вие сте ја сакале уште повеќе.rnrnrnrn

2. A Thousand Miles – Ванеса Карлтон

rnДевојчињата ширум светот врискаа на оваа песна и свиреа воздушно пијано кога ги препознаваа почетните акорди. Немаше ниту една тинејџерка која не ги знаеше напамет зборовите и не уживаше целосно во овој спот.rnrnrnrn

3. Crazy in Love – Бијонсе

rnОваа песна ги инспирираше дури и најсрамежливите девојчиња да ги изведуваат своите „о оу“ танцови движења во истиот момент кога ќе го чујат гласот на Бијонсе. Всушност, оваа песна беше првиот момент кога таа ја започна својата легендарна кариера, како и една од најмоќните љубовни врски во светот на музиката.rnrnrnrn

4. Yeah – Ашер

rnКако шефови, вие сигурно ги знаевте сите зборови на оваа песна. Исто така сте се погрижиле да го знаете и целиот дел на Лудакрис (вклучувајќи ги и звуците) кој е тотално несоодветен за помладите уши.rnrnrnrn

5. Unwritten – Наташа Бедингфилд

rnНиту една песна не правеше да се почувствуваме посреќно од оваа. Наташа Бединфилд беше Кејти Пери пред таа да се појави на сцената. Сигурно секогаш кога ќе ја чуевте оваа песна вие ги собиравте вашите пријателки, формиравте круг и пеевте од срце.rnrnrnrn

6. Candy Shop – 50 Сент

rnОваа песна беше вовед во еден свет од која подоцна нема враќање. Добре дојдовте во адолесценцијата. Од тогаш, сигурно не гледате на лижавчињата на истиот начин.rnrnrnrn

7. Everytime We Touch – Каскада

rnЗарем постоеше домашна журка во која оваа песна не се пушташе барем 3 до 4 пати? Всушност сите песни од овој бенд беа одлични за танцување и забави, па токму затоа и тие беа неизбежен дел од поголемите собири.rnrnrnrn

8. Hey Ya – Ауткаст

rnСекоја девојка сакаше да биде Бијонсе или Луси Лиу по оваа песна. Оваа песна без сомнение и ден денес остана како луд епски производ на оваа легендарна рап група.rnrnrnrn

9. Lose Yourself – Еминем

rnКога оваа песна ќе почнеше, во истиот момент сите и сè останато околу вас избледуваше. Вие станувавте ваша верзија на Еминем и рапувавте заедно со него. Оваа песна исто така беше и одлична за загревање пред спортски натпревар или за вежбање во теретана. Можеби и сè уште е…rnrnrnrn

10. Hot In Herre – Нели

rnСигурни сме дека сè уште ги знаете зборовите на оваа песна. Признајте!rnrnrnrn

11. Hollaback Girl – Гвен Стефани

rnДо ден денешен, кога ќе го чуете зборот банана сигурно ви доаѓа да го спелувате со гласот на Гвен Стефани. Оваа песна е дефинитивно класика! И дали се сеќавате како таа ги натера чудните девојчиња во училиште да сакаат да бидат Хараџуку девојчиња?rnrnrnrn

12. Grindin’ – Клипс

rnВие не бевте кул доколку не знаевте да го рекреирате ритамот на оваа песна врз вашата училишна клупа. Сè што ви беше потребно беа вашите раце и молив и одеднаш станувавте главни фраери.rnrnrnrn

13. Photograph – Никлбек

rnВо ред е, можете слободно да признаете. Постоеше време кога мислевте дека овој бенд е многу кул, нели? Никој не ве осудува… (освен ако сè уште не ги сакате!)rnrnrnrn

14. How To Save A Life – Д Фреј

rn10 години подоцна и сè уште не знаете каде нештата тргнаа погрешно. Толку добра, но сепак тажна песна.rnrn