rn
14. Димитри Шостакович
rnОригинално советскиот композитор се соочил со проблеми со комунистичката влада поради една негова опера. Бил прогласен за непријател на луѓето. Неговата музика била забранета речиси 30 години.rn
15. Рихард Вагнер
rnГерманскиот композитор од 19-тиот век најчесто пишувал опери. Тој стои зад најпознатото оперско ремек-дело во историјата – „Прстенот на Нибелунг“.
rn
16. Ѓреѓ Лигети
rnКомпозиторот од Унгарија ги изгубил татко му и брат му во Холокаустот и бил роб пред да избега од комунистичкиот режим. Се истакнува од останатите поствоени европски авангардни композитори и го напишал „Реквием“, ремек-делото кое е употребено во филмот на Кјубрик „2001: Вселенска одисеја“ (2001: A Space Odyssey).rn
17. Јохан Себастијан Бах
rnГерманскиот композитор од 19-иот век го усовршил секој музички стил што постоел во негово време. Малку композитори можат да се мерат со неговите вештини и генијалност.rn
18. Волфганг Амадеус Моцарт
rnРоден во Австрија во 1756-та година, Моцарт бил музичко чудо од дете и можел да ја научи секоја песна за 30 минути. Првата опера ја напишал кога имал само 11 години. Дури и векови подоцна, неговата музика се слуша и се цени.rn
19. Џон Вилијамс
rnОва е композитор на кој не му е потребно претставување. Тој е одговорен за некои од најпрепознатливите музички дела во историјата. Тој ја напишал музиката за еден од најпознатите филмови на денешницата – „Војна на ѕвездите“ (Star Wars)rn
20. Александар Скрјабин
rnРускиот композитор бил роден во 1872-ра година со синестезија, ретко ментално нарушување каде што личноста ги поврзува боите со музика. Во текот на неговата кариера напишал пет симфонии, а неговиот стил често се менувал и еволуирал.
rn
21. Стивен Шварц
rnМодерниот композитор го нашол неговиот успех на Бродвеј и во Холивуд. Неговиот мјузикл заработил околу 50 милиони евра во првата година, а соработувал и со неколку мјузикли од Дизни.rn
22. Игор Стравински
rnАко имате време, слушнете ја „Посветување на пролетта“ и ќе ја разберете генијалноста на Стравински. За време на нејзината премиера во 1913-та година, луѓето биле толку разочарани од недостатокот на хармонија и ритамот на песната, како и фактот дека приказната е за млада девојка која танцувала до нејзината смрт, што започнал најпознатиот бунт во историјата на Франција.rn
23. Бела Барток
rnУнгарското чудо од дете научило да свири пијано на 10 години. Некои велат дека тој бил првиот голем етномузиколог, личност која ги проучува разните култури и нивната музика.rn
24. Енио Мориконе
rnМориконе е композитор кој пишувал музика за сите музички жанрови. Иако немал дело успешно како она на Џон Вилијамс за „Војна на ѕвездите“, сепак е нарекуван најуспешниот композитор на филмска музика.rn
25. Ендру Лојд Вебер
rnКариерата на најуспешниот и најпопуларниот композитор во историјата кулминирала во 1986-та година со премиерата на „Фантомот од операта“. Во 27-те години од нејзиното постоење, „Фантомот од операта“ заработила над 5 милијарди евра и е изгледана од над 130 милиони луѓе.

