Автор: Катерина Неделкоскаrnrn
rnrnШто убаво си врне.rnМирисот на дожд измешан со мирисот на свеќи од ванила… Мирис на есен.rnПоосамена од обично.rnНе јас. Есента.rnЈас… Мене ми е добро.rnГо комбинирам старото со новото,rnминатото го сакам назад, барем на кратко.rnКој може да ме обвини, студеново време ми ги врати спомените.rnА ги имаме премногу.rnПосебно во сезоната на калинките.rnИ ноктите ми се во боја на калинка.rnДодека внимателно ги одбирам најубавите зрнца,rnне можам, а да не се потсетам на тебе.rnНивниот вкус е како вкусот на нашето минато.rnТрае кратко, а е толку силен, впечатлив.rnВкусот го чувствувам долго потоа.rnВелат дека за да го почувствуваш вистинскиот вкус на калинкитеrnмораш да земеш повеќе зрнца одеднаш, само така се добивал целосниот впечаток.rnНе, не.rnЈас ги сакам едно по едно.rnМе потсетува на тоа дека најслатките задоволства на животот, се кратки.rnА сепак постојат!rnДа живее есента!rnСекогаш успешно те носи во мојот живот.rnЗа малку љубов, малку хаос.rnМалку моментална среќа. За шолја топол чај во нашето омилено кафуле,rnза твојата насмевка која во овој период од годината е најубава.rnЗа прегратки, за моите дланки да се стоплат во твоите.rnЗа моите усни да најдат мир врз твоите.rnЗа денес.rnЗатоа што утре не ме интересира.rnНе сме ние за иднина, сегашноста е наша.rnКому му е гајле за иднината, јас живеам за денес.rnИ онака есенските дождови успешно успеваат да ги избришат гревовите од изминатите години.rnИ од целата наша приказна, го паметам само убавото.rnСамо тоа ми е потребно.
Поезија: Зрнца на љубовта
